Арсовски: Заев бега од дебата за референдумот

Зоран Заев кој зборот дебата не го вадеше од уста, сега бега од дебатата како ѓавол од темјан. 

Зоран Заев избега од дебатата на која го повика нашиот Претседателот, Христијан Мицкоски. Заев е кукавица кој за фотелја потпиша капитулација на Република Македонија. Всушност Зоран Заев е Премиер со зајачко срце.

Ова доволно говори дека Зоран Заев не сака да се соочи со граѓаните и дека не сака да одговори на прашањата поврзани со референдумот.

Но, главното прашање е, кој му забранува на Зоран Заев да излезе и да се соочи со Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски кој отворено јавно го покани на ТВ дуел односно дебата?

Кој г-дине Заев Ве советуваше кукавички да бегате од ТВ дуел, каде што ќе треба да ги побиете сите аргументи на ВМРО-ДПМНЕ дека овој договор е капитулантски и го брише идентитетот, јазикот, историјата, малцинствата и се останато?

Заев на дебатата ќе треба да каже зошто се откажа од македонскиот идентитет?

Зошто институционалниот идентитет се губи и нема да бидат повеќе институциите со македонски идентитет? Зошто Владата ќе биде Влада на Северна Македонија?

Зошто ќе се менуваат личните карти, пасошите и сите останати документи?

Зошто Зоран Заев го прифати членот 8 од договорот со Република Грција, според кој ќе треба да ја ревидираме историјата, археологијата и образованието?

Зоран Заев на дебатата со нашиот Претседателот Мицкоски ќе треба да одговори на овие прашања и потоа да се соочи со јавноста.

Колнејќи се во дедовината и нивата од која го црпнале, одејќи по жицата македонска, и дедовината ја продаде и жицата од македонска ја прекрсти во северномакедонска.

Зоран Заев со бегањето од ТВ дуел, бега од граѓаните, исто како што кукавички го преговараше и го склучи сам овој капитулантски договор за Република Македонија, криејќи се од целата јавност.

Зоран Заев доколку бега цело време од ТВ дуелот и не се соочи на дебатата со Претседателот Мицкоски ќе остане истиот Заев со зајачко срце. Затоа, граѓаните на Република Македонија сами ќе одлучат за својата иднина како ќе постапат.

Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи на Македонија Оливер Спасовски во „Само вистина“

Спасовски во,, Само вистина“:  Груевски  ја поминал границата преку илегален премин- сопругата  и мајката на Груевски се во Македонија

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по екс премиерот Никола Груевски , за кого се потврди дека бил во Република Унгарија во Будимпешта каде денеска поднесол и барање за азил. Полициското обезбедување последен пат со Груевски се виделе во четвртокот вечерта  во 23 часот и триесет минути .

Кога заминал во Унгарија, како било организирано бегството од кого имал логистика дали е вклучена некоја странска земја, се прашања на кои деновиве ќе работи МВР. Она што е извесно, вели Министерот Оливер Спасовски во ,, Само Вистина“ е дека на легалните премини нема излегување на лицето Никола Груевски , веројатно тоа е направено на  некој илегален премин  во таа зелена зона на границата каде чувањето не е патролно и херметички. Тоа се оние премини кои ги користат мигрантите при илегалните поминувања. Спасовски исклучи можност бегството да е направено по воздушен пат. Факт е дека имал поддршка од обезбедувањето и истражуваме кој ја дал таа поддршка, но не исклучи можност таа да е дадена и од дел на некои луѓе на ВМРО ДПМНЕ. Министерот за внатрешни работи соопшти дека бил обавен разговор со мајка му и со сопругата која дозволила полицијата да провери дека не е дома а и двете се во Р. Македонија.

Погледајте го целото интервју во кое Спасовски говори и за можноста за екстрадиција и за тоа дали барањето на азил може да ја оддолжи испораката на Груевски,ако дозволат властите на Унгарија и премиерот Орбан со кој Груевски имал добри односи.

Во Љубљана се одржа прв протест на трансродни лица

Десетина трансродни лица , протестираа низ Љубљана со барање државата да им ја олесни процедурата во впишувањето на промената на полот во личните документи.

Трансродните лица се собраа во парк во Љубљана и ги претставија своите барања , а потоа протестот го продолжија пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на здружението ,, ТрансАкција” , Лин Џулиан Колетник изјави дека со овој протест сакаат да предупредат на кршење на човековите права на трансродните лица.

Одбележани 60 години на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 ноември“

Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа  60 годишниот јубилеј од  постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ - Скопје.

На Денот на ослободувањето на главниот град, една од најстарите здравствени установи во Македонија се стекна со наградата „13 Ноември“, за големиот и значаен придонес во сферата на здравствената заштита и грижа за повозрасните лица. Во рамки на манифестацијата, директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Салија Љатиф – Петрушевска, му врачи благодарница на градоначалникот  Стефан Богоев, за несебичната поддршка и соработка со Општина Карпош.

Во состав на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, функционира и домот за стари лица „Мајка Тереза” кој се наоѓа во населбата Злокуќани, со кој Општина Карпош има постојана и успешна соработка.

Локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев често пати ги посетуваат лицата кои престојуваат во оваа установа во Карпош, а по тој повод се организираат и хуманитарни активности, при што се донира храна, облека, средства за хигиена и сл, се наведува во соопштението од општина Карпош.

притисни ентер