Хан: Без договорот, вратата на ЕУ за Македонија ќе се затвори за децении

Македонија може на долг рок да го загуби членството во Европската Унија, ако не биде имплементиран Договорот со Грција.

Нова, веројатно најдраматична порака досега, испрати Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. Во интервју за МИА, тој предупредува дека со нерешен спор, земјава ќе продолжи да биде блокирана и ризикува да биде изолирана. Прашан, дали може да гарантира дека со сменето име, Македонија ќе го забрза процесот на евроинтеграции, Хан е воздржан. Појаснува дека не е само името услов, туку и другите домашни задачи, како Итните Реформски приоритети и извештајот на Прибе.

-Треба да се премери што значи да се стане членка на ЕУ и кои се последиците ако тоа не е возможно. Бидејќи ако сега не се искористи оваа прилика, прилично сум сигурен дека вратата ќе биде затворена со децении, ако не засекогаш. Во политика треба да се биде внимателен, но во догледна иднина, ќе биде затворена и тоа ќе биде штетно за граѓаните во земјата, вели Јоханес Хан, во интервју за МИА.

Хан ваквата порака, како што вели, ќе ѝ ја пренесе и на Владата и на лидерот на опозицијата веќе во понеделник, кога доаѓа во земјава. Неговиот престој се совпаѓа и со посетата на првиот човек на Пентагон, Џејмс Матис, прва на американски секретар за одбрана по 14 години. Матис ќе биде пречекан на аеродромот во Скопје и на платото пред Владата, каде според најавите, се очекува да го искаже и ставот во однос на опасноста Русија да се вмеша во исходот од референдумот. Во позитивен референдумски исход верува и грчкиот премиер, Ципрас.

-Посакувам, се надевам и ги поддржувам напорите на Зоран Заев да го добие референдумот. И секако, потоа, уште потешкиот обид да најде 2/3 во Собранието, во неговиот парламент за да ја ратификува уставната промена. Ова е голема шанса за Грција, голема шанса за регионот. Решава проблем што постои со децении и според моето мислење го решава на позитивен начин за земјата, вели Алексис Ципрас, премиер на Грција

Ципрас во интервју „Euronews“ уште еднаш изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе добие апсолутно мнозинство кога ќе дојде на дневен ред во грчкото собрание.

Заробени под свлечиште очајно повикуваат на помош со смс пораки (ВИДЕО)

Преживеаните во големото свлечиште на Филипини со телефонски пораки очајно молат за помош под урнатините и земјиштето.

Во свлечиштето загинаа најмалку 20 лица , а десетици се водат за исчезнати. Некои од нив бараат помош , затрупани во калта , соопшти полицијата . Свлечиштата се активирале вчера вчера во две села во провинцијата Цебу.  

Свлечиштата се резултат на големите дождови што ги донесе тајфунот ,,Мангхат”.

Локалните медиуми јавуваат дека над 600 семејства ноќта ја минале во прифатните центи од страв земјата повторно да се активира.

Швајцарците во недела гласаат на три реферндуми

Швајцарците во недела ќе се изјаснуваат на три референдуми и тоа за подобрување на исхраната , земјоделството , како и да ги уредат патеките за велосипедисти.

Швајцарските гласачи во недела ќе излезат на дури три референдуми , со кои сакаарт да го заштитат квалитетот на својот живот. Двете референдумски прашања се однесуваат на иднината на прехрамбената индустрија , а изјаснувањето се одржува откако активистите собраа над 100 000 потписи.

Првото прашање се однесува на праведно производство на храна , кое во предвид ќе го зема и доброто на животните , како и против фрлање вишоци на храна.

Вториот референдум се однесува на производството на храна , со кој би им се дала поголема поддршка на малите и средни фарми во Швајцарија , а во него се предлага и забрана за употреба на ГМО технологија. Овој референдум е на иницијатива на земјоделците.

Третиот референдум , чиј иницијатор е Владата , се однесува на статусот на велосипедските патеки , кои би добиле ист статус со пешачките и планинарските патеки.

Според анкетите , резултатите ќе бидат неизвесни.

Петмина застрелани , меѓу нив и девојче во престрелка во САД (ВИДЕО)

Во пукотница во градот Сиракуза , во државата Њујорк се ранети пет лица , меѓу кои и девојче.

Девојче на возраст од 8 години е рането и пренесено во болница по пукотниците во гратчето Сиракуза во државата Њујорк. Пукотниците се случиле за време на помен за починат , кога од другата страна на улицата непознато лице почнало да пука по госитите.

Повредените се на возраст од 8 до 35 години и ниеден од нив не е во животно загрозувачка состојба . Полицијата трага по напаѓачот.

притисни ентер