Кривична пријава за градоначалникот на Зрновци за злоупотреба на службената положба

 Полицијата поднесе кривична пријава против градоначалникот на Зрновци Блаже Станков и двајца негови соработници за злоупотреба на службената положба.

- Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани, до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против В.Ѓ.(52) поранешен директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци, Б.С.(59), градоначалник на општина Зрновци и Г.К.(39) директор на КПЈ „Водна Кула“ Зрновци, тројцата од Зрновци, соопшти МВР.

Првопријавениот В.Ѓ. е осомничен дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено по член 353 став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија, второпријавениот Б.С. осомничен дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата“, предвидено по член 353-в став 3 од Кривичниот Законик на Република Македонија и третопријавениот Г.К. за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ предвидено по член 353 став 1 од Кривичниот Законик на Република Македонија.

Првопријавениот, во својство на службено лице –  тогашен директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци, се појаснува во соопштението, искористувајќи ја својата службена положба, во март 2015 година ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што извршил промена (покачување) на цените за вода од 20ден/м3 на 25 ден/м3  и канализација од 4 ден/м3 на 6 ден/м3 на корисниците на услуги во  општина Зрновци,  без  притоа да биде донесена Одлука од Управен одбор на КЈП „Водна Кула“ и без Одлука на Советот на општина Зрновци за давање согласност на нови цени на водата утврдени од Управниот Одбор,  спротивно на  одредбите од Закон за локална самоуправа, Законот за јавните претпријатија и Статутот на КЈП „Водна Кула“ Зрновци,  при што во периодот од 01.03.2015 до 01.06.2018 година издавале фактури со покачени цени за вода и канализација, со што прибавиле значителна имотна корист за КЈП „Водна Кула“ Зрновци за вкупен паричен износ од околу 2.343.312 денари, на штета на граѓаните на Општина Зрновци. Искористувајќи ја својата службена положба и овластување, во наведениот период првопријавениот  постојано го менувал бројот на корисници на услуги (бришел и додавал корисници), со што бројката на корисници постојано варилала до околу 170 корисници.

Второпријавениот, во својство на градоначалник на општина Зрновци, се подвлекува во соопштението од МВР, несовесно постапил во вршењето на своите овластувања и должности и овозможил да се прибави значителна имотна корист за КЈП „Водна Кула“ Зрновци, на штета на граѓаните на Општина Зрновци, на тој начин што не утврдил дали согласно закон е извршено покачувањето на цените за вода и канализација во месец март 2015 година која надлежност му произлегува од  Законот за локална самоуправа, односно истиот не ја исконтролирал законитоста на прописите на Советот на општина Зрновци, со што овозможил на првопријавениот да го реализира противправното покачување на цените за вода и канализација  и да се зголемат приходите на КЈП „Водна Кула“ Зрновци  за паричен износ од околу 2.343.312 денари во период од 39  месеци.

Третопријавениот,  во својство на службено лице – директор на КЈП „Водна Кула“ Зрновци искористувајќи ја својата службена положба во месец Јуни 2018 година  ги пречекорил границите на своето службено овластување на тој начин што извршил промена (намалување) на цените за вода и канализација  на корисниците на услуги во општина Зрновци, односно ја вратил претходната цена на услугите,  без  притоа  да постапи во согласност со законските прописи, и започнал со издавање на нови фактури за наплата со намалени цени за вода и канализација./МИА. 

Трамп: Сакаме да избегнеме војна со Иран, но...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес се обрати по повод наводниот напад на нафтените полиња од страна на Иран и нагласи дека се надева дека ќе се избегне војна со Техеран.

-Веќе сега знаеме доволно за тоа кој е виновен но сепак сакаме уште докази. Тоа што со сигурност можеме да го тврдиме е дека сакаме да избегнеме војна со Техеран, но сме подготвени на се, вели Трамп.

Уште еднаш нагласи дека ќе направи се што е во негова моќ за да им помогне на пријателите во Саудиска Арабија.

По нападот Саудиска Арабија го преполови производството на нафта па затоа и цената драстично е зголемена.

Еспер: Иран ги крши законите на меѓународниот поредок

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер изјави денес дека недамнешните напади на саудиските нафтени полиња за кои САД го обвинува Иран се „без преседан“.

Покрај тоа, тој истакна дека САД со сојузниците работи на одбрана на меѓународниот поредок заснован на закони кои Техеран ги „поткопува“.

Еспер на Твитер напиша дека во Белата куќа е одржан состанок на кој претставници на Министерството за одбрана и други функционери го известиле претседателот Трамп за ситуацијата.

Како што пренесува „Ројтерс“, Еспер додал дека викендов разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ирачкиот министер за одбрана Келедом ал Обаидиј.

Адвокатката на Јанева најавува барање за укинување на притворот

Адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева, најавува дека ќе поднесат  барање за укинување на мерката притвор, а за гаранција ќе биде понуден нејзиниот имот.

-Не ми е познат основот по кој е донесена одлуката на Советот на јавни обвинители за разрешување на Катица Јанева како и денешната одлука да нема можност да се врати на старото работно место во обвинителството во Гевгелија, вели за ТВ21 Ирена Фрчкоска, која додава дека и одлуката од саботата и денешната на Советот на јавни обвинители не ги добиле.

Најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката

На Јанева и е одреден 30-дневен притвор кој истекува деновиве./МИА

притисни ентер