Младите практично ќе со обучуваат преку платена работа, законски се регулира практиканството

Компаниите ќе може да ангажираат практиканти во период од еден до шест месеци.

Можност младите да стекнат практично искуство во компаниите и за тоа да бидат платени, а тие, пак, да добијат кадар профилиран согласно нивните потреби, што ќе помогне во намалување на невработеноста кај овие лица, ќе овозможи законот за практиканство што го подготвува Владата.

Компаниите ќе може да ангажираат практиканти во период од еден до шест месеци. За ангажман до три месеци на практикантите ќе им плаќаат до 5.000 денари, а од три до шест месеци минимална плата. За целиот период не се плаќаат придонеси. Претствници на компаниите сметаат дека законското решение е добро и оти ќе им помогне во истовреме и на младите за вработување и на компаниите да добијат соодветен кадар.

- Со овој закон сакаме да постигнеме од една страна младите да добијат сознанија што се потребите на економијата и компаниите, а ним, пак, да им се даде шанса и можност таквите млади лица да ги профилираат согласно потребите на реалната економија, рече Анѓушев.

Додаде дека на ваков начин младите полесно ќе најдат работа, а компаниите, кои досега не ангажирале практиканти поради непостоење регулатива, ќе добијат кадар соодветен на нивните потреби.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска вели дека практиканството и во европски и светски рамки дава добри резултати, како и оти и во Македонија се покажало како добра мерка, но оти не била законски регулирана. За прв пат во Македонија, рече се носи зваков закон.

- Од 2017 година од 902 млади лица вклучени во оваа програма за практиканство заклучно со 30 јуни 2018 се вработиле 445 лица или 50 проценти, рече Царовска.

Потребата за законско регулирање на практиканството, рече, произлегува од ограничениот опфат на лица преку мерки од оперативни планови. Затоа, рече, сега на компаниите кои имаат средства им се дава законска можност да ангажираат практиканти.

- Со законот се утврдува како се регулира практиканството. Компанијата треба да има ментор кој има обврска да потпише за што тоа лице е квалификувано по завршувањето на практиканството. Дополнително компаниите ги плаќаат, ако издвојува средства таа вложува во него или ќе го задржи или ќе го подготви за на пазарот на труд во друга компанија, рече Царовска.

Таа истакна дека пред тој да биде донесен се размислува дали како млади лица да се водат од 15 до 29 години, што рече е европска пракса, или границата да се подигне на 34 години, поради тоа што во Македонија е поролонгирана економска независност од примарното семејство.

Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи смета дека ова законско решение ќе придонесе во регулација на односите. Тој не смета дека плаќањето на предвидените средства ќе претставува дополнително оптоварување за компаниите.

- Овој закон е во насока и заштита на правата на практикантите, ќе се применуваат одредби од трудовата регулатива, безбедноста и и здравје и работа ќе бидат основа, исто како и пренесување на знаење. Бенефитот на работодавачите е одреден вид предселекција на кадарот, рече Бошков.

законот ќе биде поставен на ЕНЕР и сите заинтересирани субјекти ќе може да го разгледаат и да дадат сигестии.

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под сомнение дека учествувал во подготовката на атентат врз украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој е лишен од слобода во Полска по обвинението дека бил подготвен да му помогне на руското воено разузнавање во заговорот за убиство на Зеленски, објави полското обвинителство.

Павел К., наводно, побарал контакт со Русите вклучени во војната во Украина, наведувајќи дека ќе пренесе детални информации од аеродромот Ржесов-Јасионка, кој се наоѓа во близина на границата со Украина.

Доколку биде прогласен за виновен, може да биде осуден на осум години затвор. /МИА

Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да побара дополнителна воена поддршка за одбрана од Русија на денешниот вонреден состанок со министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, јави ДПА.

На состанокот на Советот НАТО-Украина, организиран како видео-конференција, се очекува да стане збор за прашања во врска со тоа дали сојузниците наскоро ќе можат да и предадат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на земјата.

Според Зеленски, на вооружените сили на Украина им треба дополнително оружје, артилериски гранати, возила и беспилотни летала.

„Украина во моментов е загрижена дали може да го задржи фронтот и да ја заштити својата енергетска инфраструктура“, рече Зеленски.

Во последните недели Русија го засили воениот притисок врз Украина и со воздушни напади ги уништи речиси сите нејзини електрани.

Според информациите дадени од Зеленски на почетокот на април, за одбраната на воздушниот простор на Украина ќе бидат потребни или 25 системи за воздушна одбрана „Патриот“ или еквивалентна опрема.

Германската Влада веќе објави во текот на викендот дека на Украина ќе и обезбеди дополнителен систем „Патриот“. Се очекува помош и од други земји, како што е Шпанија. /МИА

Германските тимови повторија достигнување старо речиси 30 години

По натпреварите во текот на неделата, Бундеслигата сега има дури три екипи кои се полуфиналисти на европските клупски турнири. 

Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Баер Леверкузен стигнаа до претпоследната фаза од двете главни натпреварувања - Лигата на шампионите и Лигата на Европа, а три германски тима не стигнале во оваа фаза речиси 30 години.

Ова последен пат се случи во сезоната 1994/1995 година. А што е уште поинтересно е тоа што тогаш токму истите екипи стигнуваат до полуфинале.

Баерн тогаш стигна до полуфиналето на Лигата на шампионите, каде загуби од холандскиот гигант Ајакс по 0:0 во Минхен и 2:5 во реваншот. Во тогашниот Куп на УЕФА учествуваа Борусија Дортмунд и Леверкузен, а двата тима се сретнаа со италијански противници. „Жолто-црните“ загубија од Јувентус по 2:2 во првиот меч во Германија и 2:1 за „бјанконерите“ во реваншот. Леверкузен, пак, е елиминиран по двата порази од идниот освојувач на трофејот Парма - 1:2 и 0:3.

Германските екипи сега ќе сакаат да избегнат слично сценарио и ќе се надеваат на добар настап.

Германија ги има сите шанси да обезбеди петти тим во Лигата на шампионите, а на бундеслигашите им требаат две победи или реми и две нерешени во претстојните полуфинални натпревари.

Англија, пак, ќе се потпре на победата на Астон Вила на сите свои натпревари за да обезбеди дополнителен тим во најпрестижниот европски клуб, а по синоќа, Италија веќе го постигна тоа. /МИА

притисни ентер