Најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ од понеделник на Канал 5

 Ѕвездата се врати во Македонија! Најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ од понеделник секој ден по 22.00 часот на Канал 5 Телевизија .

Конечно е решена мистеријата! Долгонајавуваната ѕвезда, која ја промовираа многу естрадни фаци, јавни личности, спортисти и актери на социјалните мрежи - вчера на гламурозна ревија во Парк ја донесоа 20 манекенки од Модното студио Црнокрак од Скопје и Модното студио Фокс од Белград!

Препознатливата портокалова ѕвезда го означува почетокот на десеттата јубилејна сезона на Бекстејџ. Во присуство на стотици гости, соработници и пријатели, а проследена со четири атрактивни и жешки модни ревии на долна облека на Сара Фешн, присутните ги поздравија Миа Костова и Миро Кацаров – водителскиот тандем кој од понеделник, секој ден по 22.00 часот на Канал 5 Телевизија ќе ја водат Ѕвездата! И во оваа десетта сезона тие најавија многу ексклузивни гости, атрактивни соддржини и приказни од сите четири страни на светот. Ѕвездата е заштитното лого на најголемите домашни, балкански и светски случувања и спектакли, кои повторно ќе можете да ги следите во Вашиот дом.

За потсетување – македонскиот супер бренд Бекстејџ за прв пат се емитуваше во 2008 година, а први водители беа Влатко Илиевски и Марјана Станојковска и се емитуваше 8 години секој ден без престан. По една година пауза се враќа во македонскиот етер, како еден од најзначајните телевизиски проекти, наградувани дома и во странство...

Конечно Ѕвездата се врати во Македонија! Секој ден по 22.00 часот на Канал 5.

Започна изградбата на репродуктивниот центар за елени на Галичица

Во Националниот Парк Галичица почна изградбата на репродуктивниот центар за елени.

 Центарот со големина од стоттина хектари ќе биде дом на 30 елени (24 женки и 6 мажјаци), а ќе биде опремен со модерна инфраструктура: карантин, хранилишта, поилишта, солишта и набљудувачници.

Проектот, вреден 340.000 евра, е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја", вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Националниот парк Галичица, во рамки на проектот спроведува и активности за подобрување на управувањето со планинските тревести екосистеми со цел нивно зачувување и запирање на процесот на сукцесија.

Видео: Роналдо како манекен за долна облека

Еден од најдобрите светски фудбалери, Португалецот Кристијано Роналдо  одлучи малку да заборави на фудбалот и да се проба во улогата на манекен.

34-годишниот Кристијано без многу размислување решил самиот да изрекламира  својата нова линија на долна облека. Наместо да ангажира и плати манекен асот на Јувентус се соблекол и ја промовирал долната облека со негов потпис.

На радост на неговите фанови од поубавиот пол Роналдо на фотографии и видеата објавени на социјалните мрежи го покажува своето мускулесто тело со многу малку облека на себе.

-Летото е  мојот омилен дел од годината. Заоѓањето на сонцето е мојот најомилен момент. Тоа чувство сакав да го забележам и во новата кампања, користејќи интензивни бои кои ја красат мојата нова колекција. Сакав кампањата да одава чувство на опуштеност, изјавил Кристијано Роналдо при лансирањето на својата нова колекција на долан облека.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

HighSummer photoshoot collection in the making 🔥 🔥 🔥 #CR7 #CR7Underwear #HighSummer

A post shared by CR7 (@cr7cristianoronaldo) on

Иако неговите манекенски ангажмани понекогаш предизвикуваат подсмев во фудбалскиот свет, Кристоијано долги години одлично заработува токму од овие работи. Мегапопуларниот фудбалер денеска „тежи“ околу 450 милиони долари, само во минатата година Кристијано заработил 108 милиони долари , од кои дури 47 се од спонзорските договори.

Мараја Кери откри колку партнери имала!?

Светската дива Мараја Кери одговарала  на интимни прашања и открила со колку партнери била?!

Мегапопуларната пејачка Мараја Кери била во брак со актерот и водител Ник Кенон со кога има две деца. Веќе некое време е во врска со танчарот Брајан Танак, пред него била свршена со милијардерот Џејмс Пакер, тоа се три мажи. Првиот сопруг е четвртиот маж во нејзиниот живот.

Сега Мараја во интервју за „Космополитен“ открила дека била „само со пет мажи“.

-Не сум имала многу партнери, но сите беа различни. Во животот бев со пет партнери. Некој би рекол дека сум многу слаба на ова поле во односно на некои други, изјавила Мараја Кери.

Прашање е само дали нејзините фанови и јавноста веруваат во овие зборови на Мараја?!

притисни ентер