Фетел: Јас сум мојот најголем непријател, а не Хамилтон

 Екипата на Ферари има побрз автомобил оваа сезона во Формула 1, но Хамилтон и Мерцедес водат во пласманот. 

Според експертите, тоа се должи во огромна мера на грубите грешки кои ги допушта Себастијан Фетел - единствениот пилот кој има реална шанса да се натпреварува со Хамилтон за титулата.

На повеќето луѓе им е тешко да ги признаат своите грешки, а Фетел не е исклучок. Себастијан, сепак, направи критичка самоанализа пред Големата награда на Сингапур.

- Сметам дека работите за мене се јасни. Јас сум си својот најголем непријател. Имаме одличен автомобил, ги имам сите услови да напаѓам, и шансите се на наша страна. Очигледно Луис е лидер во моментов, тој води и тој мора да биде надминат, но според мене ги имаме сите шанси - но дали ќе успееме да ги искористиме сега и во иднина - тоа е друго прашање, изјави пилотот на Ферари.

Фетел го сврте вниманието и кон претстојната трка. Тој истакна дека стартот во Сингапур е најтешкиот за пилотите - физички и ментално - и дека човек никогаш не се чувствува целосно подготвен. Од друга страна пак, предизвикот е одличен, па затоа лично не може да го дочека почетокот на викендот.

Себастијан стартувал од пол-позицијата на „Јас Марина“ рекордни четири пати. Тој водеше од стартот до финишот во 2011, 2013 и 2015, а во 2013 направи т. н. „Голем слем“ (водство во секоја обиколка и најбрза обиколка). 

Вардар со неизвесност за иднината го дочекува ПИК Сегед

Вардар одржа прес-конференција по повод четвртфиналниот натпревар со ПИК Сегед в четврток, но многу пообемна тема на средбата беше најавата на Сергеј Самсоненко дека ќе го напушти клубот.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека нивната судбина е неизвесна, но важното е дека сега тие сето тоа го ставаат на страна и се фокусираат на натпреварот со унгарскиот шампион.

Солскјер најави чистка по дебаклот

Манчестер Јунајтед доживеа дебакл денеска против Евертон од кого загуби со 0:4.

Ова беше најголемата победа на Евертон против Манчестер Јунајтед од 1984 година кога изгуби со 5:0. По овој резултат е јасно дека магијата на Оле Гунар Солскјер исчезна, откако Норвежанецот го замени Мурињо на чело на тимот пред крајот на минатата година.

Јунајтед славеше на 10 од првите 11 натпревари со него на клупата. Но , сега Јунајтед пропаѓа и загуби шест од последните осум натпревари.

Солскјер , за да ја смири својата и лутината на навивачите , најави дека од сдледната сезона голем број од фудбалерите на Јунајтед нема да играат во тимот.

Навивачите на ПАОК го запалија Солун (ВИДЕО)

Викендов во Солун владее вистинска фудбалска грозница.

Вчера клубот ПАОК го прослави 93 роденден , а по тој повод навивачите низ целиот град поставија илјадници факели , што буквално го запалија цел Солун.

Роденденската прослава денеска би можела да се претвори во уште поголемо лудило , доколку вечерва ПАОК го освои првенството , и тоа по цели 34 години.

На две кола пред крајот на првенството ПАОК има 8 бода предност пред второпласираниот Олимпијакос, кој има натпревар помалку. Денешната победа над Левадиакос , кој се подготвува за втората лига , ќе значи и освојување на првото место за ПАОК.

Натпреварот почнува во 18 часот. ПАОК бил првак на Грција во 1976 и во 1985 .

притисни ентер