Фото: Балкански шоубиз ѕвезди на црвениот тепих

Припадниците на српскиот шоу бизнис продефилираа на црвениот тепих на забавата на магазинот „ Hello".

Меѓу бројните познати личности на журката во Белград со својот изглед се издвоија неколку убавици, големите ѕвезди Лепа Брена и Неда Украден, манекенката Софија Милошевиќ, Анастасија Ражнатовиќ ќерката на балканската музичка ѕвезда Цеца, актерките  Софија Рајковиќ и Јелена Гавриловиќ, македонската ѕвезда Каролина Гочева ,  пејачките Наташа Беквалац, Неда Украден,  Гоца Тржан, Марина Висковиќ,Катарина Грујиќ, дизајнерката Мелина Џиновиќ,....  

Познат авто новинар со Порше се заби во камионет (ФОТО)

Познатиот автоновинар Крис Харис под непознати околности се заби во камионет.

Според информациите на британските медиуми , во денешната сообраќајна несреќа навистина учествувал познатиот новинар , кој возел Порше 911 , кое е доста оштетено . До несреќата дошло кога Харис налетал на камионет , кој се движел по патот.

Сведоците велат дека Поршето се забило во страничниот дел од камионетот , но и покрај силниот удар , нема повредени.

Несреќата ја потврди и портпаролот на списанието Top Gear кој рече дека увид направила полицијата , а Крис Харис се судрил додека собирал материјал за емисијата и дека никој не е повреден во несреќата .

На новинарите на Top Gear ова не им е прва несреќа. Најпозната е онаа на Ричард Хамонд кој излета при брзина од 480 километри на час , како и кога истиот новинар го здроби електричниот болид на Римац.  

Произвеле само 12 возила , а сега останало само едно (ФОТО)

Првиот спортски модел во составот на Шкода , додека уште го носела името на своите основачи е БС серијата , а најспортски модел бил БСЦ.  

Произведен под името на имењаците Вацлав Лорин и Клемент , првиот примеројк е склопен на 10 јуни 1908 година. Последното од серијата од 12 возила било склопено во октомври истата година.

До сега е зачуван само еден примерок од овие модели стари точно 110 години. Laurin & Klement BSC бил придвижуван од 1,4 литарски двоцилиндричен мотор со 12 коњски сили.

Возилото неколку години било обновувано , а сега е изложено во музејот на Шкода. Интересно е дека тоа не е првото возило кое Шкода го обнови за потребите на својот музеј во Млада Болеслава.

Пред неколку години тоа беше 996 Суперспрот , исто така единствен примерок од тркачки автомобил од вкупно трите произведени. Бил во сопственост на словачкиот возач Иван Мицик, кој доаѓал во неколку моторни издание , за конечно да добие мотор со компресор што му дал сила од 180 коњски сили.

притисни ентер