Аја Софија нема да биде џамија

Врховниот суд на Турција го одбил барањето познатата црква од византискиот период Света Софија во Истанбул повторно да биде претворена во џамија.

Барањето било одбиено од формални причини, било поднесено од една верска група а не од поединец, пренесува агенцијата Анадолија.

Инаку Света Софија биле изградена во 537 година, а по падот на Цариград во 1453 година, Турците ја прават царска џамија што била се до 1935 година.  Кога со одлука на тогашниот претседател на Турција Кемал Ататурк е претворена во музеј кој секоја година го посетуваат милиони туристи.

Света Софија инаку преставува ремек – дело на византиската архитектура и уметност воопшто. Прекрасната Света Софија инаку скоро 1000 години била најголемата црква на светот, се до 1520 година и изградбата на Катедралата во Севилја.

Од изградбата во 537 година па се до 1453 година Света Софија била православна  соборна  црква и седиште на Вселенската Патријаршија. Од 1204 до 1261 била католичка црква, за време на Латинското царство.

Света Софија била  џамија од 29 мај 1453 година  до 1931 година : Потоа е секуларизирана и отворена како музеј на 1 февруари во 1935 година по наредба на преродбеникот Кемал Ататурк.

Во последно време инаку се поголем е притисокот над претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган да одобри Света Софија повторно да стане џамија.

Рачната кочница заминува во историјата (ВИДЕО)

Класичната механичка рачна кочница полека заминува во историјата , а ќе ја замени електричната паркинг кочница.

За најголемиот број возачи механичката рачна кочница е незаменлив дел од управувачкиот пакет на возилото. Сепак , производителите на автомобили во новите модели се почесто вградуваат електронска паркинг кочница.

Во истражувањето што го спроведе CarGurus,, само 37 % од новите автомобили се опремени со класична рачна кочница.

Само производителите Дачија и Сузуки во сите свои модели нудат само рачни кочници , додека сите други компании воведуваат и електрична. Повеќето производители рачна кочница вградува во основните , најефтини модели.

Производителите како Ауди , Јагуар, Ленд Ровер, Лексус, Мерцедес и Порше немаат ниту еден модел во продажба во кој е вградена рачна кочница.

Ни трага ни глас од големата филмска ѕвезда

Најголемата кинеска ѕвезда , актерката Фан Бингбинг , исчезна без трага , па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бингбинг , петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон , исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина , кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето стуфио , Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е ,,ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда.” Но , оваа објава набргу беше отстранета , а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите , а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил . За тоа време , никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка , која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.

,,Амазон” отвора 3 000 продавници без продавачи (ВИДЕО)

,,Амазон” планира да отвори 3 000 нови продавници без благајни до 2021 година .

Извршниот директор Џеф Безос се обидува да најде вистински формат за овој скап потфат , пишува специјализираниот магазин Блумберг.

Новите магазини би имале формат на минимаркет и да нудат свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016 .

Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање . Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана , пијалоци и грицки. По тоа заминуваат , а сметката им се наплаќа преку апликацијата.  

притисни ентер