Долната облека на Ријана ја носеа манекенки со различни облини (ФОТО)

Колекцијата на долна облека на поп ѕвездата Ријана ,,Фенти” беше вистински хит , бидејќи ја носеа манекенки од сите категории.

,,Сакам различност , не сакам стереотипи според кои само витки модели може да претставуваат долна облека . “ , рече Ријана на модната ревија со нејзината колекција на женска долна облека.

Таа предизвика вистинска еуфорија на Модната недела во Њујорк , каде се претстави со модели од својата колекција X Fenty. Моделите на Ријана ги носеа манекенки од различна раса , со различни облини , а две од нив беа во одмината бременост.

Пејачката се надева дека нејзината колекција ќе им даде самодоверба и сила на жените.

Рачната кочница заминува во историјата (ВИДЕО)

Класичната механичка рачна кочница полека заминува во историјата , а ќе ја замени електричната паркинг кочница.

За најголемиот број возачи механичката рачна кочница е незаменлив дел од управувачкиот пакет на возилото. Сепак , производителите на автомобили во новите модели се почесто вградуваат електронска паркинг кочница.

Во истражувањето што го спроведе CarGurus,, само 37 % од новите автомобили се опремени со класична рачна кочница.

Само производителите Дачија и Сузуки во сите свои модели нудат само рачни кочници , додека сите други компании воведуваат и електрична. Повеќето производители рачна кочница вградува во основните , најефтини модели.

Производителите како Ауди , Јагуар, Ленд Ровер, Лексус, Мерцедес и Порше немаат ниту еден модел во продажба во кој е вградена рачна кочница.

Ни трага ни глас од големата филмска ѕвезда

Најголемата кинеска ѕвезда , актерката Фан Бингбинг , исчезна без трага , па дури и нејзиниот вереник ги избриша сите нејзини фотографии.

Актерката Фан Бингбинг , петта најдобро платена филмска ѕвезда ваднаш зад Џенифер Анистон и пред Шарлиз Терон , исчезна од јавноста пред два месеца. Тогаш избил скандалот со актерите во Кина , кои не ги пријавувале сите свои приходи.

Тогаш преку своето стуфио , Фан ги отфрли обвинувањата. Дури и деталите околу оваа објава се сомнителни зашто во неа се вели дека актерката е ,,ставена под контрола и ќе се соочи со законската пресуда.” Но , оваа објава набргу беше отстранета , а избришана е и од сите медиуми и социјални мрежи каде што се појавила.

Во меѓувреме од славната актерка се дистанцираа и компаниите и брендовите , а нејзиниот вереник ги избришал сите нејзини фотографии и објави за неа од својот профил . За тоа време , никој не знае што се случило со најславната кинеска актерка , која беше редовен гостин на сите големи филмски фестивали во светот.

Се шпекулира дека Фан станала премногу популарна и влијателна за вкусот на владејачките структури во Кина.

,,Амазон” отвора 3 000 продавници без продавачи (ВИДЕО)

,,Амазон” планира да отвори 3 000 нови продавници без благајни до 2021 година .

Извршниот директор Џеф Безос се обидува да најде вистински формат за овој скап потфат , пишува специјализираниот магазин Блумберг.

Новите магазини би имале формат на минимаркет и да нудат свежо подготвена храна и други продукти како во 7/11. Друга можност би била да се отворат маркети од типот на продавници за откуп. Првата продавница без благајна е отворена во Сиетл во 2016 .

Од тогаш биле отворени уште две во истиот град и една во Чикаго. Купувачите влегуваат во овие продавници со апликација на мобилен и откако ќе извршат скенирање . Во продавницата купуваат сендвичи и брза хтана , пијалоци и грицки. По тоа заминуваат , а сметката им се наплаќа преку апликацијата.  

притисни ентер