ГРУ- тајна шпионска служба што работи за Путин

Британската премиерка Треза Меј денеска до детали раскажа дека двајцата наводни руски туристи се припадници на воено –шпионска служба која хакира и убива за Путин.

Според деталите двајцата Руси , Александар Петров и Руслан Боширов имаат лажен идентитет и не се туристи туку шпиони . Безбедносните камери ги следеле и според британската разузнавачка служба , тие воопшто не оделе да гледаат туристички места како што тврдат за руските медиуми.

Тие се агенти на руската организација ГРУ , кои влегле во Британија под лажен идентитет , заминале во малото место Солсбери со намера да го отрујат поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија , тврдат безбедносните служби на Британија.

За три дена два пати биле во Солсбери , зафрлено место кое не е цел на туристите. Ја намачкале кваката од влезната врата на куќата на Скрипал со нервниот отров новичок , а потоа фрлиле и шишенце за женски парфем со отровот во него.

Додека вечерта Скрипал и ќерка му се бореле за живот , тие од лондонскиот аеродром Хитроу заминале за Москва.

,, Доколку овие двајца беа во наша јурисдикција ќе имаше правен основ да бидат уапсени за обид за убиство . “ , рече британската премиерка Тереза Меј на прес конференцијата , каде беа изложени детали за случајот и за работењето на тајната служба ГРУ , под директна команда на рускиот претседател Владимир Путин.

Во Љубљана се одржа прв протест на трансродни лица

Десетина трансродни лица , протестираа низ Љубљана со барање државата да им ја олесни процедурата во впишувањето на промената на полот во личните документи.

Трансродните лица се собраа во парк во Љубљана и ги претставија своите барања , а потоа протестот го продолжија пред Министерството за внатрешни работи.

Претседателот на здружението ,, ТрансАкција” , Лин Џулиан Колетник изјави дека со овој протест сакаат да предупредат на кршење на човековите права на трансродните лица.

Одбележани 60 години на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 ноември“

Во малата сала на Македонскиот народен театар, попладнево, се одбележа  60 годишниот јубилеј од  постоењето на ЈЗУ Геронтолошки завод „13 Ноември“ - Скопје.

На Денот на ослободувањето на главниот град, една од најстарите здравствени установи во Македонија се стекна со наградата „13 Ноември“, за големиот и значаен придонес во сферата на здравствената заштита и грижа за повозрасните лица. Во рамки на манифестацијата, директорката на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, Салија Љатиф – Петрушевска, му врачи благодарница на градоначалникот  Стефан Богоев, за несебичната поддршка и соработка со Општина Карпош.

Во состав на Геронтолошкиот завод „13 Ноември“, функционира и домот за стари лица „Мајка Тереза” кој се наоѓа во населбата Злокуќани, со кој Општина Карпош има постојана и успешна соработка.

Локалната самоуправа и градоначалникот Стефан Богоев често пати ги посетуваат лицата кои престојуваат во оваа установа во Карпош, а по тој повод се организираат и хуманитарни активности, при што се донира храна, облека, средства за хигиена и сл, се наведува во соопштението од општина Карпош.

Британија и ЕУ постигнаа начелен договор за Брегзит

Британија и Европската Унија конечно постигнаа начелен договор за Брегзит , а документот ќе се разгледува утре попладне.

Велика Британија и ЕУ дојдоа до согласнот  на нацрт-договорот  за Брегзит . Вечерва треба да бидат повикани министрите за да го разгледаат.

Официјалните претставници на Британија и ЕУ се согласија со нацрт-текстот на договорот  за Брегзит по неколку месечни преговори во Брисел.

Извор од кабинетот изјави за британските медиуми дека документот е договорен на техничко ниво од страна на официјални лица од двете страни по интензивните  разговори оваа недела.

Специјалниот состанок на кабинетот на Меј ќе се одржи утре , додека Тереза Мај бара помош од министрите.

Премиерката се состана со министрите во Даунинг стрит на поединечни разговори. По постигнатиот договор за текстот , фунтата се искачи наспроти доларот и еврото, но аналитичарите предупредија дека тоа би можело да биде краткотрајно, додека кабинетот и Парламентот сеуште не се согласиле со плановите за Брегзит.

притисни ентер