Порно ѕвездата ќе пишува книга за односот со Трамп (ВИДЕО)

Најпознатата американска порно ѕвезда ,Сторми Даниелс , која тврди дека имала афера со претседателот Доналд Трамп најави дека ќе пишува книга за тоа.

Под наслов ,,Целосно разоткривање” , во книгата Сторми ќе раскаже детали од нејзината врска со Трамп. Мемоарите на порно ѕвездата таа ги најави вчера во емисијата ,,The View” и рече дека книгата ќе излезе од печат на 2 октомври.

Сторми стана славна откако објави дека имала афера со Трамп во 2006 и откако за да молчи адвокатот на претседателот и исплатил 130 000 долари пред почетокот на претседателската кампања во 2016.

Американскиот претседател негира дека имал сексуален однос со Сторми.

Медицинските сестри кои сакаат да работат во службите за патронажна дејност до 30 јуни да достават писмо за интерес до МЗ

 Министерството за здравство соопшти дека сите заинтересирани медицински сестри, кои имаат интерес да бидат ангажирани и да работат во службите за патронажна дејност да се пријават до 30 јуни, со доставување писмо за интерес до Министерството.

Согласно Законот за здравствената заштита, како што се наведува, на јавниот повик можат да се пријават сите заинтересирани медицински сестри со завршено средно, вишо или високо образование во траење од три години, пробна работа и положен стручен испит. Работата во траење од шест месеци ќе се спроведува во јавните здравствени установи – здравствени домови и општи болници со проширена дејност што вршат дејности од примарна здравствена заштита и во единиците во кои се врши дејноста.

За пријавување на јавниот повик потребно е да се достави писмо за интерес, во кое задолжително треба да се наведат: име и презиме, адреса на живеење, контакт-телефон и адреса на електронска пошта (мејл-адреса), копија од дипломата за завршено образование, копија од положениот стручен испит и јавната здравствена установа за која се изразува интерес според местото на живеење.

Пријавата, заедно со документацијата потребно е да се достави во писмена форма до архивата на Министерство за здравство, ул. „50 Дивизија" бр.14, 1000 Скопје, најдоцна до 30 јуни со назнака: Јавен повик за изразување интерес за работа во службите за патронажна дејност за медицински сестри. Оваа мерка се спроведува со цел зајакнување на службите за патронажна дејност во рамки на здравствените домови и општите болници со проширена дејност, стои во соопштението. 

Видео: „Жешкиот“ танц на Карди Б во скутот на свршеникот

Контроверзната раперка и пејачка Карди Б уште еднаш го покажа својот сексапил. Карди го импресионираше својот свршеник со „жежок“ танц во скут пред публика.

Американската пејачка ги воодушеви сите , посебно својот свршеник на доделувањето на БЕТ наградите.

Со танц во скут Карди облечена во секси комбинезон го заведе својот свршеник и ја подигна температурата до максимум.

Фото: Масовно капење во фонтаните во Париз

Топлотниот бран која ја погоди Франција во поедини делови од земјата ја искачи живата во термометрите и над 40 степен Целзиусов.

Граѓаните спасот од топлото време го побараа во градските фонтани.

Ладната вода во градските фонтани  послужи како идеално место за  спас од сонцето и топлото време.

Вака беше на улиците низ Париз.

притисни ентер