Бремена жена нашла мртов стаорец во супа (ФОТО)

Популарниот бренд кинески ресторани изгуби 190 милиони долари , откако бремена жена најде мртов стаорец во супа.

Акциите на популарниот синџир на кинески ресторани ,,Ксиабу Ксиабу” потонаа на берзите откако трудна жена нашла мртов стаорец во супа. Инцидентот се случил на 6 септември , а од тогаш компанијата изгубила 190 милиони долари.

Грозните фотографии како жената го вади стаорецот од супата експресно се проширија на социјалните мрежи , а ресторанот во градот Шандонг е веднаш затворен.

Од компанијата се обидоа да и платат на жената да молчи и за настанатата штета , но таа понудата од 729 долари веднаш ја одбила. Нејзиниот сопруг изјавил за медиумите дека жената прво ќе оди на лекарски преглед , па потоа ќе бара отштета. Жената веќе изел голем дел од супата додека го здогледала стаорецот.

За да биде скамндалот уште поголем , еден од вработените во ресторанот ја советувал жената да абортира ако мисли дека може да се зарази од супата .

,,Еве , ќе ти дадам 20 000 јуани за да одиш на абортус .” , викал вработениот пред присутните.

Скандалот предизвика огромни реакции во Кина , а во целиот случај се замеша и полицијата.

Откриена измамата во која се собрани 400 000 долари од хумани луѓе

Американците , кои покренаа кампања преку социјалните мрежи за собирање помош за бездомник и собраа 400 000 долари , се обвинети за измама.

Кејт МкКлур и Марк Д’Амико собрале над 400 000 долари за бездомникот и поранешен маринец Џони Бабит. Но , тој во август покрена тужба против нив тврдејќи дека не му ги дале парите. Сега истрагата утврдила дека и самиот Бабит е вклучен во измамата. Целата акција е базирана врз лаг , смета обвинителството.

Бескуќникот Бобит сега е во притвор , а другите двајца се пупштени со кауција за да се бранат од слобода. Судењето почнува на 24 ноември.

Приказната, која трогна илјадници Американци е дека бездомникот и ги дал последните 20 долари на Кејт за да си го поправи автомобилот , бидејќи се нашла во невоља.

Над 14 000 луѓе донирале пари за бездомникот , а целата приказна била всушност голема лага и договор меѓу тројцата обвинети.

Двојно торнадо на турскиот брег подигна приколка (ВИДЕО)

Во Анталија од морето се појави двојно торнадо , кое подигна приколка со човек во неа.

Снимките направени во неделата покажуваат двојно торнадо во Анталија , во местото Газипаша. Торнадото донесе невреме со дожд од морето . Но , најлошо помина странец , кој кампувал во приколка на плажата.

Торнадото ја подигнало приколката со човекот во неа.како што јавуваат турските медиуми човекот се здобил со фрактури на лицето, а камперот е неупотреблив.

Колку на ден заработува Порше?

Порше не само што е златен рудник на германскиот концерн , туку и компанија која со децении не знае за промашувања.

Што и да направи се претвора во злато , а мрежата CNBC пресмета колку е тоа во долари. Така , минатата година Порше пријави нето добивка од 4,82 милијарди долари , односно 4,22 милијарди евра.

Тоа , според пресметките значи дека секоја секунда компанијата заработува 153 долари , односно 550 595 долари секој час.

Секој ден , според американскиот медиуми , Порше заработува по 13,2 милиони долари.

Што се однесува до цените на моделите на Порше , најевтиниот е 718 Cayman, а најскапиот модел е 911 GT2 RS, со цени од околу 68 000евра па се до околу 285 000 евра.

притисни ентер