Мицкоски оствари средба со партнерите од коалицијата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски имал средба со партнерите од коалицијата „За подобра Македонија“.

Од партијата информираа дека на средбата се разговарало за актуелните политички случувања, договорот со Грција, престојниот референдум и корупциските афери и скандали на власта.

,,Претседателот мицкоски на коалициските партнери им го соопшти ставот на партијата кој се базира на достоинството и разумот на граѓаните, сами да одлучат како ќе постапат на 30 септември.

Ниту СДСМ, ниту ВМРО -ДПМНЕ имаат право да им наложуваат на граѓаните како да постапат по едно вакво историско прашање од кое не зависи само иднината на сегашните, туку и на идните генерации – информираа од ВМРО-ДПМНЕ.

притисни ентер