Ахмети: Да гласаме масовно за подобра иднина и да им речеме „не" на оние кои не и посакуваат добро на Македонија

Под мотото „Заедно за европска Македонија“, Демократската унија за интеграција вечерва во Дебар одржа средба со граѓани во рамки на кампањата за референдумот што ќе се одржи на 30 септември.

- Се наоѓаме во многу деликатно време, треба да направиме потребни анализи за да на 30 септември не бидеме губитници туку победници. Треба сите храбро да работиме и на 30 септември масовно да излеземе и да го дадеме својот глас „за“, бидејќи гласаме за мир, стабилност, безбедност, подобри меѓуетнички односи, економски развој, подобра иднина за сите, порача пред дебрани лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Овој референдум, посочи Ахмети, е обединувачки за Македонците и Албанците затоа што по првпат имаат заедничка кауза, а тоа е членството во ЕУ и НАТО.

- Со договорот не се губи идентитетот, ни државноста, ни јазикот. И Албанците не го губат идентитетот, како што некој сака да прикаже. Напротив, со зачленувањето во НАТО и ЕУ нашата држава се засилува, идентитетот се зацврстува додека надвор од НАТО и ЕУ оваа држава не ни може да преживее. Ова е историски миг, затоа што се одлучува за нашата иднина. Затоа ве повикувам да им речеме „не“ на оние кои не и го посакуваат доброто на Македонија, рече Ахмети.

Пред присутните на собирот во Дебар зборуваше и градоначалникот на општина Дебар Ружди Љата, кој порача дека ова е многу значаен историски миг и оти со едно заокружување на „за“ одлучуваме за нашата и подобрата иднина на нашите поколенија.

Шефот на штабот на дебарскиот огранок на ДУИ за референдумот Рамадан Имери, 30 септември го оцени како историски миг кој треба да го подржиме. Нашата заедничка иднина, рече тој, е во Европа а членството и во НАТО гарантира мир, економски развој и социјална сигурност. Со нашето масовно излегување и подршка на референдумот, рече Имери, нашите идеали ќе станат реалност.

На собирот присуствуваа и министрите за образование и наука, Арбр Адеми, за економија Крешник Бектеши, замници министри и други високи функционери на ДУИ./MИА

Со полициски хеликоптер пренесен македонски државјанин од Унгарија до Скопје

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Денеска по добиено барање од ЦУК, со полициски хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици, од Сегедин, Унгарија до Скопје е пренесен македонски државјанин кој доживеал мозочен удар на 18 април за време на службен пат во Унгарија.

Како што соопшти МВР, тој е пренесен на скопскиот клинички центар „Мајка Тереза“.

Oва е втор пат да се извршува ваков вид воздухопловен транспорт од Сегедин до Скопје со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи, откако и на 11 април беше успешно реализирана ваква акција.

Николовски: Се обврзуваме за 70% зголемено производство на енергија

​Во изминатиот период, со посветена работа, силно го интензивиравме процесот на енергетска трансформација. 

Ја изменивме законската и подзаконска регулатива, за олеснување на инсталацијата на постројки за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Резултатите денес од овие мерки се видливи и реални.

„До 2024 година имаме инсталација на околу 700 МW, нов инсталиран капацитет од обновливи извори на електрична енергија. Постигнавме нов капацитет еднаков на вкупниот инсталиран капацитет во трите блока на РЕК Битола“, истакна Николовски.

Докажавме со дела дека може подобро. Дека можеме наместо да бидеме зависни од увоз на струја, да го ставиме во функција и надоградиме домашниот капацитет. Затоа продолжуваме во таа насока, со јасен план и нови поставени цели.

„Се обврзуваме за зголемување на вкупното домашно производство на енергија за најмалку 70% до 2028, споредено со 2019 година. На овој начин постигнуваме енергетска независност на државата, самостојно задоволувајќи 100% од потребите. Зголемувајќи го инсталираниот капацитет од обновливи извори за најмалку 100%, во споредба со 2024 година, најмалку 1 милион граѓани би добиле електрична енергија од обновливи извори“, истакна Николовски

Воведуваме огромна промена! Државните енергетски компании ги даваме во рацете и сопственост на граѓаните!

„Преку ваучер-системот, планираме висок процент од вкупниот број издадени акции на државните енергетски компании, да се поделат еднакво на сите граѓани во Македонија. Сите граѓани, и децата и возрасните, ќе добијат најмалку по 8.000 денари, по жител од вредноста на АД ЕЛЕМ“, истакна Николовски.

Граѓаните да бидат сопственици и контролори на заедничкиот имот!

Се грижиме за граѓаните и предвидуваме забрана за исклучување на ранливите потрошувачи од енергетските мрежи, а ја продолжуваме и поддршката кон ранливите групи на граѓани, во трошоците за електрична енергија, но и поддршка во набавка на нови енергетско-ефикасни уреди и опрема.

„Посветено работејќи изминативе години успеавме невработеноста да ја намалиме на 12,6%. Сега даваме збор дека првпат во историјата на државата ќе имаме едноцифрена невработеност од 7%, до крај на мандатот. Покажаме дека можеме, и знаме како овој даден збор да го направиме реалност“, истакна Николовски.

Продолжуваме да вложуваме во силна домашна економија. Во план се 180 милиони евра за директна финансиска поддршка кон домашните компании, за инвестиции во производство, поттикнувајќи економски раст со 3,5 милијарди евра јавни капитални инвестиции. Исто така планрано е и намалување на работното време од 8 на 7 часа. Го почитуваме и вреднуваме трудот на работникот, се грижиме и ги унапредуваме работничките права.

Рангник и Де Зерби влегуваат во трката за тренерско место во Баерн

Селекторот на австриската репрезентација Ралф Рангник може да го предводи Баерн.

Според „Sky Sport Germany“, раководството на Баварците за можното назначување на тренерската позиција на 65-годишниот Германец.

Сериозен кандидат за клупата на Баерн Минхен е и актуелниот тренер на Брајтон, Роберто Де Зерби.

Претходно се дозна дека Томас Тухел ќе го напушти клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Педесетгодишниот Тухел е тренер на Баерн од март 2023 година. Под негово водство клубот избори полуфинале во Лигата на шампионите, но не успеа да ја одбрани шампионската титула во Бундеслигата. Тимот е втор во германското првенство со 63 бода од 29 натпревари. Недостижен на првото место е Баер Леверкузен. /МИА

притисни ентер