Заев - Бушати: Охрабувачка е поддршката на лидерите од регионот во чекорите на земјата за заокружување на евро-атлантскиот процес

Во пресрет на утрешната, официјална посета на Република Македонија, Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска го прими министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за надорешни работи Никола Димитров, се разговараше за билатералните односи меѓу двете земји, како и за перспективите на натамошната соработка во области од заеднички интерес, вклучително економијата, трговската размена и интерконективноста, се наведува во соопштението од Владата.

Премиерот Заев го информираше министерот Бушати и за актуелните активности поврзани со спроведувањето на референдумот за договорот од Преспа, како важен чекор за нашата земја и за нашите евро-атлантски интеграции.

Тој ја истакна поддршката што за нашата земја во таа насока доаѓа од актуелната Влада на Република Албанија, и посебно од премиерот Рама.

„За нас нема алтернатива кога станува збор за исполнување на нашите стратешки цели, членството во ЕУ и НАТО, и за граѓаните на Република Македонија учеството и гласот на референдумот е глас за иднината на нашата земја“, рече премиерот Заев на средбата со министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија Дитмир Бушати, и додаде дека охрабува и непосредната поддршката на европските лидери, како и на лидерите на НАТО и ЕУ, кои во овој период ја посетуваат Република Македонија, исто како политичките лидери од регионот.

Двајцата соговорници, Претседателот на Владата на Република Македонија Заев и министерот за надворешни работи на Република Албанија Бушати, разменија и мислења околу состојбите во регионот и перспективите за негово интегрирање во европските и евро-атлантските структури.

ЈСП: Јавниот превоз утре по неделен возен ред, жичницата на Водно нема да работи

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје соопшти дека утре јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата на Водно нема да работи.

Како што се појаснува во соопштението, дежурни од седум до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

Националниот џез оркестар со програмата „Џез лектира" ќе гостува во Велес

По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот  ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес. 

Концертот ќе биде осврт на творештвото на Каунт Бејси биг бендот - Вилијам Џејмс (Каунт Бејси) познат како „Кралот на свингот" - американски џез пијанист, органист, водач на бенд и композитор.

-Во 1935 година тој го формира оркестарот „Каунт Бејси“ и ја води оваа група речиси 50 години. Неговата работа резултира со низа иновации во музичкиот израз, како употреба на два „поделени“ тенор саксофони, нагласување на ритам секцијата, рифови во биг бенд композиции, аранжери за дополнително проширување на биг бенд звукот и слично, соопшти Националниот џез оркестар.

Најмалку пет мигранти се удавија обидувајќи се да го преминат Ла Манш

Најмалку пет мигранти денеска се удавија во обид да го преминат Ла Манш со брод од францускиот град Вимеро, јави локалниот француски весник „Гласот на северот“.

Портпаролката на локалната полиција рече дека не може да каже колку луѓе имало во чамецот, но додаде дека се пронајдени неколку безживотни тела.

Портпаролот на крајбрежната стража изјави дека во тек е потрага по исчезнати на море. /МИА

притисни ентер