Црвенковски: Договорот е нужност, ќе гласам „За“ на референдумот

По неколкугодишен молк, попладнево со став во јавноста се огласи поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

Црвенковски на референдумот на 30-ти септемрви ќе излезе  и ќе гласа За.. Поранешниот македонски претседател по подолг молк и за прв пат по потпишувањето на преспанскиот Договор  во писмената изјава за медиумите , вели  дека неговиот глас За,  не е затоа што смета дека преспанскиот Договор е голема победа и успех, туку дека е нужност од која во дадената ситуација нема бегање..

,,Не мислам дека спроведувањето на договорот нема да предизвика негативни последици, туку негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразменр поголеми, смета екс шефот на државата

,,Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек кога се работи за вака важно прашање постојат дилеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно.

Потписот е ставен и после тој чин враќање назад нема. Ниту во иднина оваа или некоја друга грчка Влада ќе се откаже од стекнатите позиции со овој договор, ниту меѓународната заедница (барем оној дел кон чие друштво се стремиме) ќе има разбирање за таквата наша несериозност и неспроведување на превземените обврски.

Црвенковски во писмената изјава наведува  дека  има повеке причини поради кои длабоко верува дека  Евроатланските интеграции се  единствена добра опција за иднината на државата.  Оценува дека за  жал изминатите 27 години  не сме покажале сопствен капацитет  за спроведување квалитетни реформи без притисок и мониторинг однадвор, за што чуствува и голема лична одговорност. Мегуетничките односи пак се клуч на стабилноста. Евентуалната подолготрајна бесперспективност на планот на Евроинтеграциите , порано или подоцна елаборира Црвенковски  е  потенцијален ризик за внатрешната стабилност, и тој ризик  вели мора благовремено да се елиминира

,,Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти.

Но односот кон политичарите и политичките партии се искажува на избори.

На 30-ти септември е нешто сосема друго. На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме, вели Црвенковски во писмената изјава додавајќи дека  на  30-ти септември, и покрај сите негови тешки внатрешни дилеми ќе го послуша сопствениот разум и ќе гласа За. 

Тревога на аеродромот во Белград, евакуирани 130 патници

Утринава од аеродромот „Никола Тесла” во Белград беа евакуирани 130 патници и пет члена на екипажот од авионот на германската компанија „Луфтханза“ поради најава дека има бомба во авионот.

Авионот како што пренесуваат српските медиуми бил во подготовка за лет кон Франкфурт кога пристигнала дојавата, а на аеродромот веднаш биле испратени полициски екипи.

„Сите одговорни служби, вклучувајќи ги аеродромските услуги, веднаш реагираа во согласност со процедурите за да обезбедат највисоко ниво на безбедност за патниците и авионите, како главен приоритет”, се вели во соопштението на аеродромот.

Од таму додаваат и дека воздухопловниот сообраќај, се одвива според предвидениот распоред за летови.

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска, реформи и од јавноста

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали се сретнал со еден од осомничените, на кој му е одредена мерка притвор.

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста.

Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осумничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори.

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД Брнз

 Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Амбасадата на САД во Скопје, оствари средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз.

Ахмети и честитал на амбасадорката Брнз за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели,Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.

Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Бернс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.

– Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

притисни ентер