Црвенковски: Договорот е нужност, ќе гласам „За“ на референдумот

По неколкугодишен молк, попладнево со став во јавноста се огласи поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски.

Црвенковски на референдумот на 30-ти септемрви ќе излезе и ќе гласа За.. Поранешниот македонски претседател по подолг молк и за прв пат по потпишувањето на преспанскиот Договор во писмената изјава за медиумите , вели дека неговиот глас За, не е затоа што смета дека преспанскиот Договор е голема победа и успех, туку дека е нужност од која во дадената ситуација нема бегање..

,,Не мислам дека спроведувањето на договорот нема да предизвика негативни последици, туку негативните последици од неговото пропаѓање ќе бидат несразменр поголеми, смета екс шефот на државата

,,Нормално е дека кај секој разумен и одговорен човек кога се работи за вака важно прашање постојат дилеми. Деновиве многумина ме прашуваа дали јас би потпишал таков договор. Мојот одговор е дека во овој момент тоа е апсолутно небитно.

Потписот е ставен и после тој чин враќање назад нема. Ниту во иднина оваа или некоја друга грчка Влада ќе се откаже од стекнатите позиции со овој договор, ниту меѓународната заедница (барем оној дел кон чие друштво се стремиме) ќе има разбирање за таквата наша несериозност и неспроведување на превземените обврски.

Црвенковски во писмената изјава наведува дека има повеке причини поради кои длабоко верува дека Евроатланските интеграции се единствена добра опција за иднината на државата. Оценува дека за жал изминатите 27 години не сме покажале сопствен капацитет за спроведување квалитетни реформи без притисок и мониторинг однадвор, за што чуствува и голема лична одговорност. Мегуетничките односи пак се клуч на стабилноста. Евентуалната подолготрајна бесперспективност на планот на Евроинтеграциите , порано или подоцна елаборира Црвенковски е потенцијален ризик за внатрешната стабилност, и тој ризик вели мора благовремено да се елиминира

,,Знам дека имате многу причини за незадоволство од функционирањето на актуелната власт. Знам дека имате уште повеќе причини за незадоволство од функционирањето на сите досегашни власти.

Но односот кон политичарите и политичките партии се искажува на избори.

На 30-ти септември е нешто сосема друго. На овој референдум ќе се одлучува, не кој ќе владее, туку кој пат кон иднината како држава ќе го избереме, вели Црвенковски во писмената изјава додавајќи дека на 30-ти септември, и покрај сите негови тешки внатрешни дилеми ќе го послуша сопствениот разум и ќе гласа За.

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер