Мицкоски оствари средба со Тачи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, д-р Христијан Мицкоски, оствари средба со Претседателот на Република Косово, Хашим Тачи.

На средбата соговорниците се осврнаа на повеќе прашања кои се од билатерално и регионално прашање.

Мицкоски и Тачи ја афирмираа потребата од понатамошен развој на добрите односи помеѓу Република Македонија и Република Косово.

Соговорниците се осврнаа и на актуелната политичка состојба во Република Македонија. Мицкоски ги повтори ставовите на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со потпишаниот Договор со Република Грција и нагласи дека Партијата не може да поддржи Договор со таква содржина.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев

Од помпезно најавуваниот скандал остана само уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев, граѓаните повторно ќе ги поразат политиките на лажни вести на Мицкоски

Без понуда, без програма на помалку од 100 дена пред избори, ВМРО-ДПМНЕ целосно потона во матрицата на лажни вести, измислици и конструирани случаи.

Таква беше и денешната прес-конференција на нивниот генерален секретар Игор Јанушев. Од помпезно најавуваниот скандал со Законот за опојни дроги, останаа само лаги, измислици и „рекла-казала" разговори. Уште една исчадена петарда во рацете на ВМРО-ДПМНЕ и Јанушев.

Очигледна е безидејноста во белиот дворец што ВМРО-ДПМНЕ секојдневно мора да измислува и конструира непостоечки случаи.

Залудни се обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски преку измислици да добијат сите политички поне. Ништо не го менува фактот дека опозициската партија нема програма, нема идеја и не нуди ништо што е во интерес на граѓаните. Единствено што нуди се лажни вести, озборувања, одбрана на криминалот и обнова на режимот.

Затоа се во опозиција. Затоа ги загубија последните локални и претседателски избори и затоа ќе ги загубат и предвремените парламентарни избори.

На 12 април граѓаните ќе ги поразат политиките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Трипуновски: Власта има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра

СДСМ преку Трајан Димковски сака да ги поткупи земјоделците со 60 милиони евра, со пари на земјоделците кои им следуваат согласно закон, а не им биле исплатени изминативе три години. 

Алармиравме и посочувавме дека има дупка во Платежната агенција од 100 милиони евра, субвенции, кои им ги должи оваа власт на земјоделците за годините 2017, 2018 и 2019 година. Власта негираше и лажеше, обвини денеска дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски.

– Со моето влегување во МЗШВ и откривањето на криминалите на Љупчо Николовски и Трајан Димковски, се исплашија и побрзаа да направат измена на програмата и сите средства планирани во програмата за 2020 ги пренаменуваат во ставката заостанати обврски од претходни години и со тоа ја оставаат програмата празна без средства за исплата, односно за сите мерки за растително и сточарството ги оставаат со по 1.000 денари, изјави Трипуновски.

Тој информира дека на 28 декември Владата донела Програма за финансиска поддршка во земјоделството со која за 2020 година испланирала 20 милиони евра за покривање на заостанати долгови.

– На 10 јануари Трајан Димковски, со барање за измени во Програмата од Владата побарува пренамена на средства, со што се додаваат дополнителни 40 милиони евра. Првин ја манипулираа целата јавност дека само 20 милиони евра не се исплатени, за по 14 дена да признаат дека лажеле. Љупчо Николовски и Трајан Димковски не исплаќаа три години, ниту ќе исплатеа сега. Исплатата која ја прават е со цел предизборен поткуп со 60 милиони евра, пари кои на земјоделците им следуваат согласно закон. Тоа се нивни пари, не се ниту на Трајан, ниту на Љупчо, ниту на Заев. Оваа власт има неисплатени субвенции во износ од 100 милиони евра, рече Трипуновски. Им порача на земјоделците да не подлегнуваат на притисоците и обидите за поткуп. /МИА

Царовска: Имаме зголемување на платите кај повеќе од 106 илјади работници за декември

„ Го остваривме таргетот којшто го поставивме за само два месеци. “

За декемвриската плата имаме зголемување кај повеќе од 106 илјади работници во нашата држава, со што е остварен таргетот помеѓу 20 и 25 проценти од вработените во реалниот сектор да добијат зголемување на плати од 600 до 6.000 денари врз основа на мерката за субвенционирање на придонеси за раст на плати.

Ова го изјави вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, која заедно со директорката на УЈП Сања Лукаревска денеска ги посети просториите на компанијата „Даути комерц" во Сарај, која е корисник на мерката за субвенционирање на раст на платите.

– Го остваривме таргетот којшто го поставивме за само два месеци. Очекувам оваа мерка и понатаму да ги остварува очекувањата и во текот на целата година овие работници ги земаат повисоките средства. Месечната сума на издвоени средства од Буџетот за оваа мерка, што директно се трансферираат во фондовите за здравствено и пензиско е 200 милиони. За декемвриската плата се исплатени нешто повеќе од 150 милиони, што значи дека сè уште имаме можност за вклучување на  работници во буџетските рамки, изјави Царовска.

Очекувањата, подвлече таа, се остварени и очекуваме во статистичките извештаи да се покаже дека растот на плати има убава, забрзана тенденција, со што директно влијаеме на подобрување на квалитетот на живеење и животниот стандард на нашите граѓани.

Директорката на УЈП Сања Лукаревска рече дека даночниот обврзник „Даути комерц" е евидентен пример за успешноста на мерката субвенционирање на придонеси.

– Зборувавме и за оние даночни олеснувања, ослободувања кои што ги испромовира Владата, и дали ги имаат искористено. Можам да кажам за првпат во овој даночен обврзник информираме дека од 1 мај УЈП ќе направи еден интегриран систем, каде што МПИН образец ќе се поврзе со Е-пдд системот и врз основа на тоа сите приходи односно исплати коишто доаѓаат од Данокот на личен доход ќе бидат во еден систем. Мислам дека функционираме единствено да ги направиме сите процеси во УЈП да бидат едноставни, брзи и лесни, изјави Лукаревска.

Директорот на „Даути комерц" Хамим Даути, ја поздрави мерката за субвенционирање на платите, посочувајќи дека 71 процент од вкупно 340 вработени биле опфатени со мерката.

– Тоа беше еден добар мотив да се подигнат платите и да бидат сите задоволни. Зголемени се платите за 12 проценти. Просечната плата во „Даути комерц" денеска е над 25 илјади денари, изјави Даути./МИА

притисни ентер