На претстојниот ИФФК „Браќа Манаки" 95 филмови во 14 програми

 Во 14 фестивалски програми ќе бидат прикажани речиси 95 филмови на претстојниот 39. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола, кој под слоганот „Симнуваме капа“ ќе се одржува од 22-ри до 29 септември. 

Во главната програма за трите награди „Камера 300“ (Златна, Сребрена и Бронзена) за најдобар кинематографер ќе се натпреваруваат 12 филмови по избор на селекторот Благоја Куновски-Доре: „Транзит“ (Германија); „Студена војна“ (Полска); „Зимски муви“ (Чешка); „Лето“ (Русија); „Ага“ (Бугарија); „Горење“ (Јужна Кореја); „Фокстрот“ (Израел); „Нико“ (Италија); „Пепелта е најчисто бело“ (Кина); „Недвижен имот“ (Шведска), „Девојка“ (Белгија) и хитот во САД „Црниот кју-клукс-клановец“ на Спајк Ли. 

На прес-конференција на која беше сооптена фестивалската програма, Куновски рече дека сите селектирани филмови биле во компетитивните програми на трите најголеми фестивали Кан, Берлин и Венеција и еден од Карлови Вари. Одлуката за трите награди ќе ја донесе петчлено меѓународно жири кое, рече Куновски, ќе има тешка задача поради силната конкуренција. 

Фестивалот во Битола на 22 септември ќе биде отворен со новиот краток игран филм „Љубовникот“ на Игор Иванов-Изи. Првата фестивалска вечер ќе продолжи со проекција на „Истребувач 2049“ во чест на оскаровецот Роџер Дикинс, годинашен добитник на „Златна камера 300“ за животно дело, кој токму за овој филм го доби Оскарот по 13 номинации.

Во чест на вториот годинашен лауреат, италијанската филмска дива со светска кариера Клаудија Кардинале, која во Битола ќе ја прими Специјалната награда „Златна камера 300“, на втората фестивалска вечер ќе биде прикажан филмот „Благородни лаги“. По неодамнешаната премиера во Венеција, во Битола ќе биде прикажан и документарниот филм „Живеење со светлината“ за кинематограферот Роби Милер, кој беше лауреат на ИФФК пред две години, а почина во јуни годинава. 

Фестивалот на 29 септември ќе заврши со доделување на наградите од главната програма, а за затворањето ќе биде прикажан краткиот филм „Скаут“ на македонскиот режисер Алекс Цветков кој живее во САД. 

Директорката на ИФФК „Браќа Манаки“ Евгенија Теодосиевска рече дека од април интензивно работат на подготовката на фестивалот кој покрај познатите филмски програми годинава ќе има и нова - „Полноќен јавач“ во селекција на Микеле ди Анџелис. Ќе има полноќни проекции на филмски класици - мајстори на хоророт.

Во програмата документарни филмови, селектирани од Теодосиевска и Марија Џиџева, ќе има осум филмови, меѓу кои новиот филм на Вим Вендерс - интригантен филмски портрет на папата Франциско, ЦЕРН - филм за врската меѓу убавината и науката, „Крв и песок“ со дискусија за мигрантската криза...

Кратките филмови се по избор на Даријан Пејоски и Марија Апчевска и во оваа програма ќе има девет остварувања од осум земји. Седум филмови ќе има во програмата „Перспективи на европскиот филм“ во селекција на Слаѓан Пенев, а во ревијалната програма „МК поинт“ во селекција на Ана Василевска ќе има 20 филмови - кратки, документарни и анимирани од македонската продукција. 

На прес-конференцијата посветена на програмата на 39. ИФФК беше соопштено и дека годинашен, петти добитник на наградата „Голема ѕвезда“ на Друштвото на филмски професионални на Македонија е актерката Милица Стојанова која ќе ја прими на отворањето на фестивалот на 22 септември. 

Хелсиншкиот комитет: Раст од 30 проценти на случаи на дискриминација во 2018 година

119 пријави за дискриминација се пријавени во годинешниот извештај на Хелсиншкиот комитет.

 За 30 проценти се зголемиле бројот на преставки по основ на полова, религиозона, социјален статус и на работното место. Граѓаните пријауваат дискириманација, но забележително е што предметите долго остануваат во судските фиоки.

Од хелсиншки објаснуваат дека позитивно е тоа што граѓаните се повеќе говарат за дискриминација и се охрабруваат да пријават, она што е потребно е институциите да го спроведуваат законот против дискриминација.

Во соработка со Народниот правобранител податоците покажале дека во 92 постапки што тој постапувал во 31 случај утврд дискриминација.

Општина Чашка ќе го решава проблемот со водоснабдувањето во Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци

Општина Чашка  ќе прави бушотини за вода на длабочина од 30 до 40 метри во населените места Населба Чашка, Богомила, Согле и Мартолци, а со кои ќе се подобри водоснабдувањето на жителите  од овие населени места.

Како што појасни за медиумите градоначалниот Горан Стојановски,општината веќе  извршила испитувања на локации во овие населени места.

-При тоа  на овие локации најдени се гаранции дека  има вода во поголеми количини, информира Стојановски.

Тој појасни дека Општина Чашка по ребалансот на буџетот закажан за седница на Советот во понеделник на 26 август,  очекува со измени на планот за јавни набавки да  се започне со бушење за добивање на нови количества вода во Населбата  Чашка и селата Богомила и Согле, како и во селото Мартолци, а кое било  вклучено во претходната програма.

Одлуката за новите бушотини со вода, уследи откако Општина Чашка претходно односно минатата година  по превземањето  на водовите набави нови пумпи но проблемот не го реши.

-Минатата година за овие водоводи кои преминаа во сопственост  на Општината , а со нив стопанисува ЈПКД „Тополка" ние  набавивме нови  пумпи. Но за жал издашноста на бунарите е многу мала и не можат да испумпуваат  доволно количества со вода. Поради тоа ние  се одлучивме за нови бушотини  со  нови изворишта со поголеми колчества на  вода.појасни Стојановски.

Тој потенцира дека со новите бушотини, како Општина ќе го решат повеќедеценискиот проблем со недостиг на вода за населението од овие четири  населени места посебно во летните месеци, а  кога има голем недостиг на вода.

Градоначалникот Стојановски воедно  информира деја преку ЕБР и Министерството за транспорт и врски ќе започне втората фаза за водоводот во  село Горно Јаболчиште, а  за кој се обезбедени 240 илјади евра./МИА

Власта и опозицијата од утре на нови преговори за СЈО?!

Владата потврди дека утре ќе продолжат разговорите на работните групи за Законот за јавното обвинителство кој како точка на дневен ред ,уште пред летниот одмор на Собранието е закажан за седницата во вторник.

Во врска со оваа информација од ВМРО-ДПМНЕ за Канал 5 велат: сеуште нема договорено термин кога би се одржала следната средба на работните групи по однос на Законот за јавното обвинителство, но и дека во следните денови се отворени за таква средба. Таман се чинеше дека ова законско решение без изграден консензус власт-опозиција ,влегува во собраниска процедура сепак, можната средба на работните групи остава надеж и за такво нешто. 

Аналитичарите кои ги консултираше Канал 5 велат не треба трагично да се гледа на ситуацијата ако нема консензус за ова прашање зашто ниту во евроатлантската заедница секогаш законите не се носат консензуално.

Според нив дури и подобро би било ако предлог законот влегува директно на седница со што би се видела индивидуалната позиционираност на секоја од партиите  во услови кога мали се разликите за да не се постигне согласност , а тврдењата за некакви суштински разлики, се само спин.

Покрај носењето на Законот за јавното обвинителство , услов за датум во октомври за почеток на преговорите со Европската унија е и барањето за брза, ефикасна, транспарентна и објективна истрага за случајот рекет, со што би се демонстрирале на дело залагањата за беспоштедна борба со организираниот криминал и корупцијата.

Она на што апелираат аналитичарите е да не се остави некој да се амнестира од вина ако навистина ја има, или да направи се во јавноста да се стекне впечаток дека некој и нешто се амнестираат. Бидејќи и онака разнишаната доверба на граѓаните во институциите за спроведување на правдата, дополнително би се изневерила.

притисни ентер