Силен земјотрес во Анталија

Силен земјотрес со магнитуда од 5,2 степени според Рихтер е почувствуван во турската провинција Анталија. Според очевидци можело да се види како се треселе зградите.

Земјотресот е почувствуван утрово во 6-20 часот по локално време.

Епицентарот на потресот бил на 50 км. од брегот кај местото Текирова во провинцијата  Анталија, во морето на длабочина од 58,8 км соопшти Американскиот завод за геолошки истражувања.

Одбраната во „Титаник 3" бара изземање на СЈО

 Изземање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, како и на нејзините ополномоштени обвинители Фатиме Феати и Гаврил Бубевски во предметот „Титаник 3", 

Денеска побара браниетелот на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, адвокатот Еленко Миланов.

Судот по барањето треба се произнесе по паузата.

Адвокатот Миланов, барањето за изземање го образложи дека е поради последните случувања во СЈО, кои според него, се изменети од минатата расправа до денеска, како и дека постои конфронтација меѓу обвинителката Јанева и обвинителите Фетаи и Бубевски.

Тој побара и целосен прекин на постапката до изнесување на Судот по нивното барање.

Во предметот „Титаник 3" обвинети се Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ, кои се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Постапката почна одново на 15 март годинава по именување на судијката Марија Клетичка за нов судија во предметот, откако судијката Оља Ристова, која го водеше случајот, во февруари годинава побара изземање од предметот. /МИА.

На патот Ресен – Охрид после Буково се изведуваат работи на пат

На патниот правец Ресен-Охрид на три километри после планинскиот превој Буково се изведуваат работи на пат.

 На самото место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Од „Македонија пат" информираат дека активностите на патот како што се кастрење и поставување на заштитна мрежа ќе траат околу 20 дена.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот. 

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб

Владата на СДСМ единствено се грижи за сопствените џебови.

СДСМ ги доведе земјоделците до питачки стап, немаат ни за леб.

Три години земјоделците го фрлаат родот на буниште, сечат неколкугодишни овошни насади, а од СДСМ велат дека земјоделието бележи позитивни резултати.

Три години нема откуп, а каде што го има цените се катастрофално ниски.

Субвенциите не се исплатени во целост. Проблемот со наводнување е факт низ цела Македонија. Земјоделието е буквално нефункционално.

Грижата за земјоделците откако дојде СДСМ на власт се виде. Поради сето ова што се случува потребно е под итно да се распишат предвремени парламентарни избори. Кога ВМРО-ДПМНЕ ќе победи на изборите тогаш ќе започне нова ера во земјоделието.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер