Ѓоковиќ ја откри својата тајна за неодамнешните успеси

Шампионот на Вимблдон и Ју Ес Опен, Новак Ѓоковиќ откри пред медиумите кој е клучот за одличната форма и двете Гренд слем титули, кои ги освои во последните месеци. 

Според Ѓоковиќ тоа се должи на петдневниот одмор на планина, заедно со неговата сопруга Јелена.

Како што е познато, пред Ролан Гарос, Србинот имаше тешкотии по повредата во лактот и се наоѓаше едвај на 22-то место на светската ранг-листа, а на самиот турнир претрпе изненадувачки пораз во 1/4-финалната фаза од Марко Чекинато. Токму по него, тенисерот одлучил да помине неколку дена на француските планини. Резултатот – титули од „Ол Ингланд Клаб“, Синсинати и Отвореното првенство на САД.

„Отидов на петдневен одмор со мојата сопруга во француските планини. Едноставно се изолиравме и ги разгледавме работите од друга гледна точка. Оттогаш, тенисот беше сосема поинаков за мене. Во однос на резултатите играв финале во Квинс, победив на Вимблдон, Синсинати и Ју Ес Опен. Можеби наскоро ќе мора повторно да одиме на слично нешто“, вели тој.

Тенисерот потоа ја пофали својата сопруга Јелена за нејзината форма.

„Се сеќавам на моментот кога се искачивме на планината. Беше многу високо. Ние стигнавме до врвот за три часа благодарение на мојата сопруга. Неверојатно, таа е во толку добра форма. Не можам да верувам дека успеа да се искачи. Седнавме и само гледавме на светот од оваа перспектива. Ние едноставно вдишавме нова инспирација и мотивација“, рече уште Ѓоковиќ.

ВМРО-ДПМНЕ : Силјановска Давкова со 44,56% , Пендаровски 18,36% од гласовите

Според аналитичкиот центар на ВМРО – ДПМНЕ, НА 10 % обработени податови , во водство е Гордана Силјановска Давкова со 23.644 гласа или 44,56%.

На второ место е Стево Пендаровски со 9740 гласа, односно 18,36 проценти од гласовите.

Бујар Османи освоил 7473 гласа или 14,08% , Максим Димитриевски 3687 гласа или 6,95% , Арбен Таравари 5010 гласа или 9,44% , Билјана Ванковска 2026 гласа или 3,82 % и Сревчо Јакимовски 366 или 0,69%.

Феенорд ја одби првата понуда на Ливерпул за Слот

Ливерпул не ја прекинува потрагата по наследникот на Јирген Клоп. Во текот на изминатите неколку дена, се појави информација дека напаѓачот на Феенорд, Арне Слот моментално е на врвот на потесниот круг на „црвените“. 

Англискиот гигант веќе стапил во контакт со своите колеги во Холандија. Ливерпул чекаа до финалето на Купот на земјата, кое го освои тимот од Ротердам, а потоа почнаа официјални преговори.

Сепак, првата понуда на Ливерпул за Слот беше одбиена од Феенорд, тврди „Атлетик“. Тимот понудил 9 милиони евра за раскинување на договорот со менаџерот. Холанѓаните одлучија дека оваа сума не е доволна за да го ослободат.

Иако се во преговори за Слот, Ливерпул се уште разговара за други опции за иден тренер.

Минатата кампања, Слот го предводеше тимот од Ротердам до нивната втора титула во Холандија во последните 20 години. Претходната година, Феенорд стигна до финалето на Конференциската лига, каде што загуби од Рома. Тренерот е на чело на Феенорд од 2021 година.

Клубот нема желба да се раздели со него, но тој е ентузијастички настроен да го преземе Ливерпул. /MIA

ДИК: Излезноста до 19 часот е 48,46%, најмногу во Новаци- 71,07%

Најголема излазност од 71,07 % е забележана во Новаци , а најмала во Центар Жупа со 16,19% ,соопшти претседателот на ДИК, Александар Даштевски 

На по едно место во Липково, Могила и Делчево ќе се продолжи гласањето поради кус прекин.

притисни ентер