Дармановиќ: Со историскиот договор меѓу Скопје и Атина се решава спор што беше товар за сите во Западен Балкан

Претставниците на земјите од Западен Балкан  на панелот на Бледскиот стратешки форум се согласија дека историскиот договор меѓу Атина и Скопје дава нов поттик на тие земји на патот кон евроатланските интеграции.

Дискусијата под наслов „Западен Балкан: изгубени години или нова надеж?" се одржа на вториот, последен ден од Бледскиот стратешки форум, на кој присуствуваа повеќе од илјада гости од шеесет земји.

- Веруваме дека во 2018 година дојде до значителен напредок во регионот. Не смееме да го увеличуваме, но ни да го потценуваме, изјави црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ.

- Договорот за името на Македонија, кој го постигнаа Атина и Скопје и на тој начин на земјата и го отворија досега блокираниот пат кон Европската унија и НАТО е историски настан, оцени црногорскиот министер.

- Двете влади покажаа политичка храброст и визија со решавањето на долготрајното прашање, што беше товар за сите во регионот, а не само ним, рече Дармановиќ.

Тој истакна дека секоја земја која ќе се приклучи на евроатлантските интеграции ја зајакнува благосостојбата и безбедноста на Западен Балкан, но предупреди дека ЕУ треба посилно да ги охрабрува тие земји да работат на својот пат кон членство.

- Во земјите од Западен Балкан не постои држава каде евроскептични партии се во мнозинство. Мораме да го искористиме моментот, заклучи шефот на црногорската дипломатија и додаде дека тој смета оти Црна Гора може да стане членка на ЕУ и пред 2025 година.

Грчкиот заменик-министер за надворешни работи Теренс Спенсес Николаос Квик изјави дека Грција е голем поборник за евроатлантскиот пат на Западен Балкан и оти како најстара членка на ЕУ и НАТО, во таа смисла, ќе застане цврсто зад западнобалканските земји.

Квик рече дека договорот меѓу Атина и Скопје потврдил дека „кога постои волја, постои и начин“. Тој истакна дека договорот е добар пример за држави кои успеале да решат тешки прашања, и дека договорот сигурно ќе биде ратификуван во Грција ако помине на референдумот и ако за него гласаат две третини во македонскиот Парламент.

Заменикот-министер за надворешни работи на Македонија Андреј Жерновски потсети дека Скопје годинава потпиша и исклучително важен Договор за пријателство со Бугарија.

- Пет месеци подоцна, трговската размена меѓу двете земји се зголеми за 12 отсто, а туристичката за 10 отсто, потенцираше Жерновски.

Покрај тоа, Бугарија и Грција на самитот на ЕУ побараа Македонија да влезе во Унијата што е можно поскоро, што беше незамисливо пред една година, потсети Жерновски.

Потпретседателот и поранешен министер за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, се согласи дека договорот меѓу Македонија и Грција даде нов импулс во регионот, бидејќи во спротивно „ако една земја не успее, тоа им се случува на сите." /MИА

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер