Заев: Со Договорот од Преспа имаме целосна заштита на македонскиот јазик

Со Договорот од Преспа имаме целосна заштита на македонскиот јазик, порача премиерот Зоран Заев вечерва на трибината „За Европска Македонија“ во Македонска Каменица.

- Градот на Јаков од Камена Река кој што е првиот печатар кој отишол во Венеција и се вратил со испишани книги на првиот јазик на кој со гордост зборуваме денес е одличен доказ дека јазикот е нешто по кое сите не познаваат. Конечно со договорот од Преспа имаме целосна заштита на нашиот македонски јазик. Договорот е потпишан од грчка страна што значи тие го признаваат нашиот идентитет, рече Заев.

Тој дополни дека правењето компромис со Република Грција е вековна придобивка за нашата држава.

- Направивме компромис и разграничивме дека од тој историски регион Македонија ние сме северниот дел. Ова е вековна придобивка за нашата Македонија, исто како што е придобивка потпишувањето договор со Република Бугарија со што проблемите кои ги имавме со соседите ги решаваме, потенцира Заев.

Премиерот се осврна на дел од придобивките на Република Македонија со влегувањето во НАТО и ЕУ.

- Знаејки дека Македонија од својата независност досега имала економски раст, но народот не ја почувствувал благодетта, решивме дека крајно време е како народ и нација да се средиме. Ако сакаме перспективи со достоинствени приходи, сите знаеме дека мора да се отвориме како држава. Со интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, ние никогаш повеќе не треба да стравуваме за својата безбедност. Тоа е уште една голема придобивка за државата, рече премиерот Заев.

Како што истакна, 30 септември е датум кога на Европа треба да и се покаже дека овде референдумите успеваат со што граѓаните ќе ги покажат своите европски вредности.

- Да и покажеме и на Франција, Германија и на Британија дека Македонија има свои вредности кои и требаат на Европа, дека овде референдумите можат да успеат и дека ќе сме горди што на 1 октомври нашите деца ќе се разбудат со поглед кон иднината, рече Заев.

Следната трибина премиерот Заев ќе ја одржи со граѓаните на Делчево./MИА

Русија ќе спроведе анализи на заканите по националната безбедност и стабилност

Русија најбрзо што мора ќе спроведе дополнителни анализи на заканите за националната безбедност и за стратешката стабилност.

 Со оглед на американските  планови за наоружување на своите воени сили со ракети од краток и среден дострел, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Според министерството, наместо да се најде начин за спасување  на договорот за нуклеарните сили од среден дострел, САД ги блокирале сите шанси да се разговара за конструктивно барање на решение, соопшти руското МНР.

Во Париз уапсени 106 демонстранти од „Жолтите елеци“

Повеќе од 100 луѓе се уапсени за време на денешните протести на „жолтите елеци“ во Париз.

Француската полиција против демонстрантите морала да употреби и солзавец за да ги растера насобраните граѓани.

Полицијата соопштила дека уапсени се 106 лица, а завршени се 1249 безбедносни контроли и проверки. Исто така повеќе од 100 лица ќе мораат да платат парична казна од 135 евра поради протестирање во забранет реон.

Полицијата успеала да ги растера демонстрантите околу Шанзелизе, железничката станица Сен Лазар и Плоштадот Мадлен.

Според  полициски информации попладне не било забележано уништување на имот ниту е причинета материјална штета.

Островот Лезбос ја спушта рампата за мигранти

 Властите на грчкиот остров Лезбос соопштија дека веќе не се во можност да обезбедат сместување за нови мигранти кои доаѓаат на островот.

Со оглед на тоа дека во кампот за мигранти во моментов престојувале четири пати повеќе лица  отколку што било предвидено.

Две официјални лица од Лезбос за странските агенции изјавиле дека моментално во кампот имало 12 илјади мигранти и дека веќе нема можност за дополнителни сместувања.

притисни ентер