Градската администрција напролет во нови простории

Вработените во Град Скопје во март или април следната година ќе се преселат во новата зграда под Кале. До 29 октомври годинава треба да завршат градежните работи на објектот по што ќе следат јавни набавки за мебел и за селење.

Според информациите од Градот, земјиштето на кое што се наоѓаат градските бараки е на Република Македонија. Оттаму велат дека Александра Маројевиќ е избрана за директор на „Градски Енергетски Системи АД Скопје“ (ГЕС), кое ќе биде сместено во ГТЦ во поранешните простории на УЈП. 

Градските власти посочуваат дека воочиле сериозни разлики во цените за изградба на инфраструктурни проекти во Скопје што ги реализирала поранешната граадска управа со актуелните.  Како пример ја посочуваат изградбата на првата фаза од булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ во должина од 1.000 метри во 2016 година за која била добиена цена од 136.051.344 милиони денари. За втората фаза од овој булевар на тендерот објавен годинава за должина од околу 1.000 метри постигнатата цена била 106.322.103 милиони денари или 21,85 отсто поевтино по километар со што се заштедиле 30 милиони денари. 

Во компарацијата што ја направиле во Град Скопје, просечната цена за еден километар велосипедска патека во 2017 била околу 10,1 милиони денари, а во 2018 еден километар велосипедска патека просечно чини околу 2,8 милиони денари. Разликата во цената е 7,3 милиони денари за еден километар. 

За обезбедување на скопските средни училишта, пак, во 2017 година биле потрошени 11,8 милиони денари, а годинава само 6,5 милиони денари.

Поранешни вработени од „ОХИС" повторно на протест во Скопје

Поранешни вработени во скопската фабрика „Охис", која е во стечај, денеска повторно протестираат низ улиците во Скопје. 

Протестираат пред Парламентот по што, според најавите, ќе се движат кон Министерството за правда и кон Владата.

Бараат исплата на побарувањата од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и придонеси од плата за 16 месеци. Имаат неисплатени осум плати од 2008 година и 16 плати од 2012 и 2013 година.

– Има нешто исплата но тоа се ситни пари. Недостигаат три до четири милиони евра за да се обештетат луѓето. Свесни сме дека граѓаните се нервозни, но не ни преостанува ништо друго освен да протестираме, велат вработените од „Охис".

Според нив, државата е должна да им ги исплати платите бидејќи имала доминантен општетствен капитал во фабриката.

Досега, повеќепати протестираа пред надлежните институции и имаа средби со владини претставници. За денеска, како што велат, немаат најави за средба со некој од институциите. /МИА.

Српски и турски државјнин приведени на меѓународниот аеродром Скопје

 На граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" вчера на влез во земјава биле приведени еден српски и еден турски државјанин, за кои имало назначена мерка „А" (апси).

Како што денеска информираат од МВР, во 17,30 часот вчера на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје" на влез во нашата држава, при вршење пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Б.З.(24) од Р.Србија евидира со мерка "А" (апси). Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

– На 22.08.2019 во 21,00 часот на Граничниот премин "Меѓународен аеродром-Скопје", на влез во РСМ, по извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека Р.С.(61) од Р.Турција евидира со мерка "Aпси". Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка, стои во соопштението од МВР.

Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа

 Во Берово отворен јавниот повик за учество во програмата Општинско-корисна работа. 

Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности," имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост. Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.

-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.

За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Согласно јавниот повик за периодот додека лицата се работно ангажирани преку програмата „Општинско-корисна работа", тие не го губат статусот на невработено лице, при што се должни редовно да се јавуваат во Агенција за вработување – Центар за вработување Берово со цел почитување на обврските согласно законот. На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош. 

притисни ентер