Кај село Смоквица пронајдени 50 мигранти во товарно возило „Ивеко"

На автопатот Гевгелија - Скопје во близина на село Смоквица, вчера во 11.00 часот, полициски службеници  во товарно возило „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки пронашле 50 мигранти од Пакистан и од Авганистан, од кои четири се деца.

Од МВР во соопштението денеска појаснуваат дека полициските службеници дале знак за запирање на товарното возило „Ивеко“ по што возачот го запрел возилото 50 метри после патролата и избегал од лице место.

- При контрола над возилото, во просторот за товар, биле пронајдени 50 мигранти од Пакистан и Авганистан, од кои четири се деца. Мигрантите се однесени во Прифатниот транзитен центар Гевгелија за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот, стои во соопштението од МВР. /МИА

Ковачевски: Имаме план за економијата, инвестиции од 3,5 милијарди евра

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот настан под мото „Нема откажување од иднината“ се осврна на економијата и бизнис секторот.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски на денешниот настан под мото „Нема откажување од иднината“ се осврна на економијата и бизнис секторот при што кажа дека: „Во изминатите седум години се случија многу работи. Имаше подеми, падови, големи проблеми, предизвици. Се соочивме со КОВИД пандемијата, а потоа и со економската и енергетската криза предизвикани од војната во Украина.“

„Дадовме се од себе за да им помогнеме на граѓаните и на компаниите да ја пребродат кризата без посериозни последици. Донесовме девет пакети антикризни мерки вредни 2,6 милијарди долари за да го заштитиме стандардот на граѓаните. Благодарение на тоа беа спасени 80.000 работни места во околу 20.000 компании. Им помогнавме на над 660.000 домаќинства да не се соочат со ценовен шок со сметките за струја.“ – истакна Ковачевски во своето обраќање.

Ковачевски подвлече и дека: „Обезбедивме рекордна поддршка за домашните компании од 100 милиони евра за 919 македонски, домашни компании. Поддршка која во минатото воопшто не постоеше.“

Тој нагласи дека: „Компаниите ќе добијат нови 180 милиони евра директна финансиска поддршка, а јавните капитални инвестиции ќе се на ниво од 3,5 милијарди евра.“ - и додаде: „Го подготвуваме најголемиот и најамбициозен план во независна Македонија за модернизација на инфраструктурата. Ќе инвестираме 2,7 милијарди евра, а ќе се изградат 194 километри нови автопати и реконструкција на вкупно 950 километри патишта во сите делови и општини на државата.“

„Енергетската трансформација започна во мојот мандат, и во тие кратки две години обезбедивме над 600 мегавати инсталиран капацитет енергија од обновливи извори, наспроти 16те мегавати до 2016тата.“ – додаде Ковачевски.

“Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните, а го зголемуваме и домашното производство на енергија за 70%, за да можеме целосно да ги покриеме домашните потреби. 100 процентно ќе го зголемиме инсталираниот капацитет на енергија од обновливи извори.“ – рече претседателот на СДСМ, Ковачевски на денот на почетокот на кампањата за претстојните парламентарни избори, се наведува во партиското соопштение.

38- годишен Виничанец починал во дворот на сограѓанин

Во Одделението за внатрешни работи во Виница, синоќа, во 20.35 часот од Општата болница Кочани било пријавено дека кај нив бил донесен починат С.П.(38) од Виница.

Како што соопшти МВР, според пријавеното, на 38-годишниот виничанец околу 19.45 часот му се слошило во дворот на В.Ф.(61) во Виница, по што бил пренесен во болницата во Кочани, каде лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца

Поднесени се три кривични пријави против три лица од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“.

Како што соопшти денеска МВР, во првиот случај СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.С.(63) од Тетово, откако на 06.12.2023 на регионален пат Тетово – Брвеница, полициски службеници извршиле контрола на патничко возило кое го управувал пријавениот, при што констатирале дека врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

Од страна на СВР Тетово поднесена е кривична пријава и против тетовецот Ј.Р.(43), откако на 19.12.2023 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола во неговото возило при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган.

Кривична пријава за истото дело СВР Тетово поднесло и против Ф.И.(60) од Тетово. На 07.02.2024 на ул.„Илинденска“ во Тетово, полициски службеници извршиле контрола при што го затекнале пријавениот како врши јавен превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган, стои во соопштението.

притисни ентер