Расправа во МАНУ за договорот, пред зградата протест против него

Премиерот Зоран Заев и министрите Никола Димитров и Бујар Османи на дебата со членови на  МАНУ за придобивките од Преспанскиот догово

Ставовите ги презентираа и дел од дипломатските претставници. Во исто време пред зградата на МАНУ се одржуваше протест на граѓани противници на Договорот.

МАНУ ќе бара флексибилен начин низ Договорот за името да го зачува нејзиното име, вели академик Владо Камбоски. Консултации ќе има и со грчка страна иако како што вели тоа е можно да се издејствува со оглед на тоа што оваа институција нема свој пандан во Грција. Првиот човек на МАНУ Таки Фити на денешната дебата со владини претставници рече дека Преспанскиот договор ги гарантира идентитетските прашања но и дека ќе и донесе економска корист на земјава.

Ова останува евенетуално предмет за натамошни разговори во духот на едно бона фиде толкување на таа одредба во однос на инстиуции кои се во независната сфера на општеството како МАНУ, поради нивното брендирање во светската, научната и културната јавност. Да можат да го задржат тоа име и придавката македонски, изјава – Владо Камбовски – Член на

- Викнавме претставници од Владата, кои требаше да покажат колку беа значајни и тешки преговорите кои се водеа, но сега претстои научната расправа. Сите академици се повикани и можат да учествуваат во дискусијата на оваа научна расправа. Има различни погледи, сфаќања, нека ги кажат и научно нека ги аргументираат. Крајно сме толерантни кон разликите. Јас лично мислам дека договорот е важен и добар. Постигнато е она што беше релеватно за МАНУ - тоа се идентитетските прашања, јазикот, нацијата, културата и тоа се економските придобивките кои РМ ќе ги има од склучувањето на договорот, појасни Таки Фити – Претседател на МАНУ .

Премиерот Зоран Заев тврди дека е извлечен максимумот од преговорите а министерот за надворешни Никола Димиторв со повик до опозициската ВМРО ДПМНЕ да го преиспита својот став во однос на Договорот.

Американскиот амбасадор Џес Бејли тврди дека имплементацијата на договореното ќе го овозможи членството на Македонија во НАТО со кое ќе се гарантира безбедноста во земјава, но сепак вели последниот збор ќе го имаат граѓаните на референдум.

- Не постои совршен договор и се согласувам со вашиот министер за надворешни работи, нема подобар договор што може да се заклучи по 27 години преговарање. Тоа е договор кој што го признава и поддржува македонскиот идентитет, јазик и исто така бара да се спроведе името на државата и нејзините институции. Некои аспекти ќе бидат потешки за имплементација од другите, и знам дека некои луѓе од земјата се загрижени за тоа. Но треба да се запомни дека исто така ќе се случи и тоа во неколкуте наредни години, ќе бидете 30-та членка на НАТО, ќе имате свое место на масата, рече Џес Бејли – Амбасадор на САД во РМ .

И додека траеше дебатата во МАНУ пред зградата се собраа група граѓани изразувајќи го револтот поради Договорот. Неколкумина од нив и влегоа во салата од каде мирно ги слушаа обраќањата на државниот врв и дипломатите. Подоцна порачаа дека...

Во МАНУ мислењата околу постигнатиот Договор се различни. Фити вели дека научните дискусии ќе продолжат и понатаму а во нив ќе бидат вклучени и сите различни гледишта.

Макрон: Г-20 треба да постигне согласност за поканата за Путин

Претседателот на Франција, Емануел Макрон вчера дека земјите-членки на Г-20 мора претходно да се договорат пред да го поканат рускиот претседател Владимир Путин да Самитот на групата во Бразил во ноември.

- Поентата на овој клуб е дека треба да има консензус со другите 19 земји. Ова ќе биде работа за бразилската дипломатија. Ако таков состанок може да биде корисен, тогаш треба да се одржи, истакна Макрон на заедничката прес-конференција во Бразил со неговиот колега Луис Инасио Лула да Силва.

Бразил, актуелниот претседавач со групата Г20, која сочинува 80 проценти од светската економија, е против напорите предводени од САД да се изолира и казни Русија за нејзината инвазија врз Украина, тврдејќи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски и западните земји имаат вина за војната.

Путин не присуствуваше на минатогодишниот Самит на Г-20 во главниот град на Индија, Делхи, избегнувајќи можна политичка цензура и ризик од притвор по наредба на Меѓународниот кривичен суд (МКС).

Во септември 2023 година, Лула изјави „нема шанси“ Путин да биде уапсен доколку присуствува на Самитот во Рио де Жанеиро. Набргу потоа, тој се обрати и изјави дека одлуката за евентуалното апсење на Путин ќе ја донесе судскиот систем, а не неговата влада./МИА

Украина: Соборени 84 од 99 руски беспилотни летала и проектили, оштетени три термоелектрани

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Руски беспилотни летала и проектили синоќа гаѓаа електрани во источна и централна Украина, изјави денеска украинскиот министер за енергетика, а воздухопловните сили на земјата соопштија дека Русите истрелале 99 дронови и проектили на украинска територија, од кои успеале да уништат 84.

Воздушна тревога е прогласена во текот на ноќта на целата територија на Украина.

Варшава објави дека го засилила надзорот на полскиот воздушен простор поради зголемената воздушна активност.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека уништиле вкупно 84 истрелани руски ракети, од кои 58 биле беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство и 26 ракети.

Украинската енергетска компанија ДТЕК соопшти дека во синоќешните руски удари биле оштетени три украински термоцентрали.

Како што е наведено утрово, опремата на трите централи била тешко оштетена, а по нападот веднаш започнало отстранувањето на штетите.

Министерот за енергетика Герман Галушченко изјави дека во „силен напад“ ноќеска нападите биле насочени кон енергетските постројки во регионите Днепропетровск, Полтава и Черкас.

Гувернерот на областа Днепропетровск, Сергиј Лисак, изјави дека во текот на ноќта силите за противвоздушна одбрана собориле десет беспилотни летала над областа во регионите Павлоград, Криви Рог, Дњепар и Кајански.

Тој рече дека над Дњепар биле уништени четири проектили, дека се оштетени неколку електрани, а еден човек е повреден.

„Во Камјанск беше погодена земјоделска задруга, а пет лица се повредени, од кои двајца се во тешка состојба. Меѓу повредените има и петгодишно дете“, изјави гувернерот.

Вооружените сили на Полска објавија дека нејзините воени авиони биле подигнати за да го надгледуваат воздушниот простор како одговор на истреланите руски ракети во западна Украина.

Варшава во неделата објави дека руска крстосувачка ракета истрелана во правец на градовите во западна Украина навлегла во полскиот воздушен простор низ кој летала 39 секунди. /МИА

Полицијата изрече 207 санкции за брзо возење

Министерството за внатрешни работи вчера спроведе акциска контрола на територијата на земјава  за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што биле санкционирани 207 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 76 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 131 надвор од населено место, информираат од МВР.

Тие најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Воедно апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

притисни ентер