Црвениот крст организира симулација на сообраќајна несреќа во Скопје

По повод Светскиот ден по Прва помош - 8 Септември Црвен крст на Град Скопје денеска на „Рекорд“ во централното градско подрачје во Скопје ќе организира симулациска показна вежба-сообраќајна несреќа. 

Вежбата Црвениот крст на Град Скопје ќе ја организира во соработка со МВР - СВР Скопје, а ќе учествуваат сите општински организации од Скопје, стручната служба на Црвен крст на Град Скопје, 30 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи како и Мобилни тимови на Црвен крст. 

Ќе се симулира сообраќајна несреќа, во која ќе учествуваат две возила и велосипед и во која шест лица ќе бидат повредени. Ќе бидат користени звучци и чад за граѓаните да добијат пореална слика. За време на вежбата ќе се користи и амбулантно возило на Црвен крст на град Скопје.

Оваа година темата на Светскиот ден за Првата помош е: „Прв одговор при сообраќајни несреќи”. Според податоците на Црвениот крст,  секој ден околу 3.500 луѓе ги губат животите, а стотици илјади се повредени и тоа најчесто со трајни последици. Доколку не биде укажана навремена прва помош многу од тешко повредените лица не преживуваат во сообраќајните несреќи.

Затоа од Црвениот крст апелираат за подигнување на јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да ги препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа. /МИА

Пет дедовци и една баба уапсени заради секс во парк

Шест пензионери се уапсени во парк во Конетикат, САД, каде полицијата ги фатила во групен секс.

Се ова се случило минатата недела во Фирфилд откако полицијата добила дојава дека на ова место често се случуваат вакви ескплицитни евенти.

Уапсени се Даниел Добинс (67), Ото Д. Вилиамс (62), Чарлс Л. Ардито (75), Џон Линартз (62), Ричард Батлер (82) и неговата сопруга Џус Батлер (85).

Сите се обвинети за нарушување на јавниот ред и мир, еден од пензионерите е пронајден како во својот автомобил седи насмеан без никаква облека на себе.

Полицијата ги зголемила мерките за безбедност на тоа подрачје откако имало повеќе пријави за сексуални активности на сомнителни парови.

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е очаен, заглавен во криминал и корупција

Заев е очаен. Заглавен во криминал и корупција бара помош и поддршка за да го оттргне вниманието од себе.

Искусните го избегнуваат бидејќи знаат дека му се ближи крајот и затоа мора да ги враќа кадрите со кои ја креираше коалицијата со криминалот и мафијата. Затоа мора да бара по некој млад и неискусен кој ќе му поверува дека целиот проблем бил во “еден криминалец, суетен новинар и п.дер”.

Театарот наречен метла денеска го донесе целиот прав на Бихаќка. Зоран Заев ги остави Оливер Спасовски, Мухамед Зекири и Дамјан Манчевски на функција.

И по мурто, дојде курто. СДСМ и понатаму останува истата криминална, корумпирана, неморална партија.

Спасовски, кој наместо да ги штити граѓаните, го штити криминалот и понатаму е на функција. Манчевски кој брка политички неистомисленици уште ќе има одлучувачка моќ. Зекири кого јавноста не го памети по ништо корисно останува на позиција.

Заев покажа дека СДСМ нема намера да ја реформира. Таа останува дувло на криминалот.

Заев покажа и дека е спремен се да направи, само за привидно да се дистанцира од случајот Рекет, па ги пушта низ вода сите, само да се амнестира, иако тој е главата на криминалниот октопод.

СДСМ денес докажа дека го трча последниот круг на власт.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Семејството Ердоган угости сијамски близначки

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган и неговата жена Емине Ердога угостија сијамски близначки, сестрите Танрикулу.

-Им посакувам на сестрите Ајше и Сема се најубаво, тие две нас ни донесоа позитивна енергија и позитивни мисли во овие тешки времиња, рекла Емине Ердоган.

притисни ентер