Кампањата за референдумот во тек, ВМРО-ДПМНЕ се уште без официјален став

Се интензивира кампањата за референдумот на 30 септември.

Коалицијата „Излези за европска Македонија“ денеска има средби со граѓаните во Македонска Каменица и во Делчево. Собранието, како овластен предлагач, исто така, ја почна кампањата со објави во некои медиуми. Вчера најава дека почнуваат кампања имаше и од ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.

Иако 10 септември беше посочуван како датум кога опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе го соопшти ставот во врска со референдумот, тоа не се случи. Од партијата посочија денеска ќе има состанок на Извршниот комитет и дека се разговара за прашањето за референдумот, но не само за него, и оти штом ќе биде изграден, ставот ќе биде соопштен.

Лидерот на партијата Христијан Мицкоски на почетокот на август во телевизиско интервју рече дека до 10 септември ќе го соопшти партскиот став за референдумот на 30 септември.

- Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ нема став по ова прашање. Во минатото во многу наврати го има кажано и повторено својот став што се однесува на принципот за промена на Уставот, а со цел промена на уставното име, рече тогаш Мицкоски.

Посочи дека партијата летово има акција „Лето за Македонија“ и во нејзини рамки се консултира со многу граѓани на дневна основа, со членовите и раководството на партијата и општинските комитети.

Сепак, членови на партијата веќе ги соопштија своите лични ставови дека ќе го бојкотираат или дека ќе гласаат на референдумот, и кои се нивните видувања за промената на името кое се доведува во контекст на евроинтеграциите.

Во рамки на Коалицијата, но и преку партиски и активности на пратениците, и СДСМ и ДУИ секојдневно имаат активности кои ги користат за да им ги образложат своите ставови на граѓаните зошто треба да гласаат за референдумското прашање.

Во кампањата се приклучија и помалите партии на Албанците ДПА, Беса и Алијанса на Албанците.

Под мотото „Чекор напред ЗА НАТО и ЕУ“, ДПА вчера од Чаир ја започна кампањата за референдумот од Старата скопска чаршија.

Во петокот, како што се наведува во партиското соопштение, ДПА избрала изборни штабови во Липково, Куманово, Арачино, Бутел, Чаир, Шуто-Оризари, Велес, Чашка, Кисела Вода, Сопиште, Сарај, Желино, Теарце, Тетово, Брвеница, Боговиње, Неготино-Врапчиште, Гостивар, Кичево, Дебар, Струга, Охрид, Ресен, Долнени, Крушево и Битола.

Претседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села го повика членството да гласа „за“ ЕУ и НАТО на претстојниот референдум.

- На 30 септември Албанците нема да дозволат повторно да се воспостави ѕид што ќе ги дели Албанците кои живеат на Балканот, на две различни страни, како што беше во период од над 50 години за време на комунизмот, потенцираше Села.

Алијансата за Албанците во претстојниот период ќе одржува дебати со граѓаните со цел да си го кажат мислењето. Кампањата ќе ја реализираат под мотото „За НАТО и за ЕУ“, а формирани се 27 општински и локални штабови.

И „Беса“ на Билал Касами вчера преку прес-конференција соопшти дека ќе го поддржи претстојниот референдум и дека ќе го мотивира албанското население што помасовно да излезе на 30 септември и да гласа „за“.

- Бидејќи референдумот и уставните промени се дел од истиот процес, но во две различни фази, ние во оваа фаза понудувајќи ги потребните аргументи, ќе го мотивираме албанското население што по масовно да излезе на 30 септември и да гласа „ЗА“ на денот на гласањето, додека едно од нашите ветувања е дека во втората фаза, односно отворањето на уставните измени е дека ќе се ангажираме во согласност со нашите програмски определби и очекувањата на албанското население барањето за прецизно утврдување на терминот од „20 проценти“ да се замени со „албански" и „албански јазик", изјави Аријанит Хоџа од „Беса“.

Слоганот под којшто ќе настапува „Беса“ е „ДА за НАТО и ЕУ како Албанец, а не како процент". Во следните 20 дена планираат да одржат средби со граѓани на кои ќе ги презентираат придобивките од влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.

Истовремено се одвива и кампњата на караванот против референдумот кој од град во град ги повикува граѓаните да го бојкотираат референдумот на 30 септември. /МИА

Убила 19-годишна трудница и ѝ го украла бебето од матката-осудена е на 50 години затвор (ВИДЕО)

Клариса Фигуероа (51) е осудена на половина век затвор откако убила бремена тинејџерка во Чикаго намамувајќи ја во нејзината куќа за да ѝ го украде бебето од утробата, кое потоа го претставила како свое.

Тоа е, накратко, епилогот од страшното злосторство што го потресе овој дел на САД, а се случи во 2019 година, објави Еј-Би-Си Њуз.

Марлин Очоа-Лопез (19), мајка на двегодишно момче, која била во поодмината бременост, била намамена од Клариса во нејзиниот дом со ветување дека ќе ѝ даде бесплатна облека за бебето. Страшното злосторство го извршила со помош на нејзината ќерка Дезире, која во јануари ја признала вмешаноста во убиството кога била осудена на 30 години затвор. Мајката и ќерката ја задавиле трудница со електричен кабел. Клариса, која е медицински работник, сакала да го претстави бебето како свое, а откако го извлекла од стомакот на мајката повикала брза помош. Поради повредите, бебето два месеци било на интензивна нега во болница, но и покрај сите напори на лекарите, починало.

За време на судењето, се тврдело дека Клариса Фигуероа го изгубила своето бебе пред злосторството, а потоа им кажала на членовите на семејството дека повторно е бремена. Во октомври 2018 година, таа ѝ кажала на својата ќерка дека ѝ треба помош да убие трудница и да го украде бебето од нејзината утроба.

Ракел Уриостеки, мајката на убиената трудница, по изрекувањето на пресудата видно се потресе:

- Губењето на ќерка ми е нешто што никогаш нема да го прежалам.

Откако украденото бебе било сместено во болница, Клариса Фигуероа и нејзиниот партнер Пјотр Бобак тврделе дека бебето е нивно, па дури започнале и хуманитарна кампања за собирање помош за негово лекување. Пјотр подоцна на судењето признал дека помогнал да се отстранат трагите по убиството на бремената тинејџерка.

Страшното злосторство било неоткриено неколку недели, иако Џовани Лопез, сопругот на убиената, уредно ја пријавил за исчезната, но немал помош од надлежните да ја пронајдат. Полицијата реагирала дури по анонимна пријава во која било наведено дека е видена како исчезнатата влегува во куќата на Клариса Фигуероа. На 07.05.2019 година полицијата извршила претрес. Автомобилот на жртвата бил пронајден во близина на куќата на убиецот, а набрзо била наредена и ДНК анализа на бебето. Откако дошле резултатите од ДНК, полицијата ги уапсила мајката убиец, нејзината ќерка и нејзиното момче. Телото на жртвата било пронајдено закопано во дворот.

- Казната што ја доби никогаш нема да биде доволна и мојот син никогаш повеќе нема да ја прегрне мајка си. Изгубив дел од семејството и тоа секогаш ќе ме следи – низ солзи изјавил сопругот Џовани Лопез.


Нуркачи снимија како изгледа силен земјотрес под вода: Сега имам уште еден страв (ВИДЕО)

Страшно искуство е да се почувствува силен земјотрес, а група нуркачи го доживеале под вода додека јачината била 7,2 степени според Рихтеровата скала.

Видеото се рашири на социјалните мрежи, а корисниците пишуваат дека откако го погледнале, се наежиле и откриле нов страв.

На видеото се гледаат неколку нуркачи како пливаат меѓу коралниот гребен и уживаат во живописната глетка. Но, сè се менува кога ќе започне земјотресот. Прашина и нечистотија од морското дно се креваат и изгледаат како морничава магла.

So this is what an earthquake looks like underwater
byu/Literally_black1984 ininterestingasfuck

Се гледаат и нуркачи како се држат до коралите додека водата се движи побрзо и побрзо. „Да, мора да е кошмар“, „Изгледа страшно“, „Морничаво“, се само дел од коментарите.

Ужас во Англија: 80- годишен човек е запален во двор, соседите слушнале крици (ВИДЕО)

Две лица се уапсени откако полицијата пронашла изгорено тело на маж во задната градина на домот на едно „многу повлечено“ семејство, како што ги опишале соседите во Бредфорд.

Соседите во тивка уличка во Бредфорд пријавиле дека слушнале врисоци пред да видат како чад се издига зад куќата. Според извештаите, жртвата била 80-годишен маж кој живеел во куќата со помлада жена и нејзиниот син, објави Сан.

Многумина во соседството биле убедени дека човекот починал, затоа што не го виделе од пандемијата на коронавирус.

„Од градината доаѓаше чад, но не можевме да влеземе бидејќи портата беше затворена. Се обидовме насилно да ја отвориме портата и можевме да видиме крв и осакатено тело. Не можев да верувам, беше како нешто од хорор филм“, рекол соседот Мухамед.

„Семејството буквално никогаш не излегуваше надвор, тие се многу повлечени. Ова се случи целосно од ведро небо и сите се многу шокирани од тоа“, рече друг сосед кој сакал да остане анонимен.

Полицијата денеска соопшти дека го идентификувала телото на возрасен маж, но дека се уште се обидуваат официјално да го идентификуваат мажот и да им влезат во трага на неговите најблиски.

„Според информациите достапни во овој момент, ова го третираме како истрага за убиство. Мојот тим работи на утврдување на околностите кои довеле до смртта на човекот. Имаме две лица во притвор и не бараме никој друг во врска со овој инцидент, што се случи во тивка станбена улица, разбирам дека овој инцидент предизвика загриженост во пошироката заедница и има многу шпекулации за тоа што се случило и кој бил инволвиран.“

На местото на настанот се испратени пожарникарски екипи, полиција и брза помош, а соседите велат дека досега не виделе толку големо присуство на итните служби.

Противпожарната и спасувачка служба во Западен Јоркшир соопштија дека екипите го изгаснале пожарот на имотот.

„Ова беше многу шокантен инцидент за многу тивка и мирна заедница“, рече локалниот лабуристички советник Сајмон Канингам.

притисни ентер