Неверојатен пронајдок во напуштен рудник за никел (ВИДЕО)

,,Се беше прекриено со прашина , а кога ја измивме , останавме во шок , велат геолозите кои не може да поверуваат што нашле во рудникот за никел во западниот дел на Австралија.

Во зафрлениот дел на западна Австралија , на 630 километри источно од Перт во напуштен рудник за никел , геолозите пронашле огромно количество златна руда. За само четири дена рударите во рудникот во Камбалда ископале златна руда во вредност од 15 милиони долари. Најголемото парче златна руда , кое го извлекувале тројца рудари тежи дури 90 килограми.

Златото е најдено на длабочибна од 500 метри , на прстор со големина од 9 метри квадратни . Еден од геолозите вели дека правеле рутибнско минисрање за да утврдат дали во напуштениот рудник има уште никел.

Се било прекриено со прашина , а кога се расчистил просториот виделе огромнно количество злато. инаку сопственикот на рудникот , канадската компанија РНЦ пред неколку месеци барала купувач за напуштениот рудник .

Поради ниската откупна цена на никелот , само во областа во близина на Камбалд биле затворени четири рудници . Претседателот на компанијата , Мајк Селби вели дека и покрај големиот наод , ќе го продадат рудникот , а со парите ќе инвестираат во натамошни истражувања за златна руда.

Големите парчиња , кои во просек тежат и по 60 килограми , ќе се продаваат на аукција.

ДИК: До 11 часот излезноста 12,78 отсто или 229.473 гласачи

До 11 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е 12,78 отсто или на гласање излегле вкупно 229.473 граѓани. 

Како што е објавено на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК), овие проценти се врз основа на обработени 3 418 избирачки места од вкупно 3 508 во општините на територијата на целата држава.

Кина го осуди одобрувањето на пакетот американска воена помош за Тајван

Кина денеска го критикуваше одобрувањето на новиот пакет американска воена помош за Тајван, наведувајќи дека со тоа островот се става во „опасна ситуација“.

Американскиот Сенат синоќа одобри воена помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван по неколку месеци одложување и дебата за тоа колку САД треба да бидат вклучени во војни во странство.

Од тоа, осум милијарди долари беа наменети за Тајван, со цел да се спротивстави на кинеската закана од инвазија.

Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија и се закани дека таа позиција ќе ја брани со сила доколку е потребно.

Кинеската канцеларија во Тајван соопшти дека помошта „сериозно ги прекршува“ обврските на САД кон Кина и „испраќа погрешен сигнал до тајванските сепаратистички сили“. /МИА

АИ: Глобалните човекови права соочени со најсериозни закани

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, соопшти Амнести интернешенл (АИ) во својот годишен извештај објавен денеска.

Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарните влади, кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање на основните права.

-Флагрантното непочитување на меѓународното право од страна на Израел се надополнува со неуспехот на неговите сојузници да го запрат невиденото крвопролевање во кое страдаат цивили во Газа, изјави генералната секретарка на АИ, Ањес Каламар.

„Покрај руската агресија против Украина, зголемениот број на вооружени конфликти и масовните прекршувања на човековите права, забележани, на пример, во Судан, Етиопија и Мјанмар - глобалниот поредок заснован на правила е во опасност да биде десеткуван“, додаде таа.

И демократиите не ги избегнаа критиките на АИ, а Каламар кажа дека „тоа што го видовме во 2023 година потврдува дека многу моќни држави ги напуштаат основните вредности на хуманоста и универзалноста содржани во Универзалната декларација за човекови права“. Меѓу другото, во извештајот се критикува американското користење на ветото за да се парализира Советот за безбедност на ОН со месеци за резолуцијата за прекин на огнот во Газа.

Извештајот „исто така ги истакнува гротескните двојни стандарди на европските земји како Обединетото Кралство и Германија, со оглед на нивните основани протести против воените злосторства на Русија и Хамас, а истовремено ги поддржуваат дејствијата на израелските и американските власти во овој конфликт“, се наведува во соопштението на Амнести.

Војната во Украина беше уште еден клучен фактор што придонесе за падот на глобалното досие за човекови права.

Амнести ги наведе неселективните напади на руските сили „на населени области и цивилна инфраструктура за извоз на енергија и жито“.

„И руските и украинските сили користеа касетна муниција и покрај нејзината неселективна природа и постојаните ризици за цивилите“, се вели во извештајот.

-Извештајот на Амнести интернешенел прикажува мрачна слика за алармантна репресија на човековите права и кршење на меѓународните правила, сето тоа во услови на продлабочување на глобалната нееднаквост, суперсили кои се борат за превласт и ескалација на климатската криза, рече Каламар. /МИА

притисни ентер