АМСМ го стартуваше проектот „Безбедни училишни зони"

Со доделување безбедносни елечиња и балони на учениците од четврто одделение во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје кои заедно со учителката и во соработка со сообраќајната полиција поминаа две пешачки зони во близина на училиштето.

Со доделување безбедносни елечиња и балони на учениците од четврто одделение во ОУ „Димитар Миладинов“ во Скопје кои заедно со учителката и во соработка со сообраќајната полиција поминаа две пешачки зони во близина на училиштето, АМСМ денеска го стартуваше проектот „Безбедни училишни зони” (Star rating for schools) што оваа и наредната година ќе се спроведува на Балканот.

Проектот,  во кој како партнери се министерствата за образование и за внатрешни работи, има за цел да обезбеди анализа на ризикот и степенот на безбедност на децата во зоните околу училиштата преку мобилна и веб апликација.

- Апликацијата е универзална, лесна за користење и обезбедува предлози за брзи интервенции со кои зоните околу училиштата ќе биде што е можно побезбедни. Сето тоа ќе придонесе кон исполнување на глобалните цели на Обединетите нации за безбедноста на патиштата, со кои до 2020 година се очекува да се намалат за половина смртните случаи и сериозните повреди на патиштата. Апликацијата овозможува сите заедници во светот да имаат пристап до овие докази и анализи, за да ја проценат безбедноста на патиштата околу училиштата и да ги информираат надлежните органи за интервенциите кои можат да се преземат, велат од АМСМ.

Во фокусот на проектот, додаваат, се децата и младинци – пешаци.

АМСМ исто како и српскиот, косовскиот и бугарскиот авто-мото туринг клуб, есенва ќе спроведе анализа на зоните околу училиштата во Скопје, за да проценат колку ѕвезди имаат токму тие патишта, од кои една ѕвезда е зона со најголем ризик за пешаците, а пет ѕвезди е зона кој ги исполнува сите критериуми за безбедност во сообраќајот.  По анализата и обработувањето на податоците, АМСМ ќе достави официјален извештај и барање до надлежните институции за санирање на недостатоците кои ќе бидат увидени, за зголемување на зоните до четири или пет ѕвезди.

Овој проект веќе се спроведува низ светот и е поддржан од FedEx. /МИА

Патнички воз излета од пруга кај Лакавица, нема повредени

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево-Скопје изутринава удрил во карпа која најверојатно паднала на шините во близина на селата Лакавица и Падалишта гостиварско.

Повредени нема, но има материјална штета и во прекин е сообраќајот на тој дел од пругата.

Во полициската станица Гостивар утрово, во 6,45 било пријавено дека патничкиот воз кој тргнал од кичево удрил во карпа на потегот помеѓу селата Лакавица и Падалишта. Од ударот композицијата излетала од шините.

По пријавувањето на местото на настанот е упатена екипа за увид, кој треба да започне наскоро.

Согласно со стандардната процедура, со помошен воз треба да се врати гарнитурата на шините по што ќе се утврди оштетувањето на пругата.

Рот: Никој нема да има корист, ако одново се отвори прашањето за името

На никој не му оди во корист одново отворање на веќе решен спор, нешто што би имало последици на односите со европските партнери, но и во социјалниот и економскиот развој.

На никој не му оди во корист одново отворање на веќе решен спор, нешто што би имало последици на односите со европските партнери, но и во социјалниот и економскиот развој, вели државниот министер за Европа на Министерство за надворешни работи на Германија, Михаел Рот во интервју за грчкиот весник „Етнос", одговарајќи на прашањето доколку некоја друга влада дојде на власт и во двете земји, дали стравува од можно враќање назад во однос решението на спрот за името меѓу Атина и Скопје, јави дописничката на МИА од Атина.

-Не гледам причина зошто идните влади одново би разгледале еден спор што е решен. Такво нешто сериозно би им наштетило на односите со европските партнери, со соодветни последици за социјалниот и општествениот развој. Ова сценарио не е во ничија корист. Само можам да испратам апел до сите партии да одговорат на околностите. Инаку, важи стариот добар фундаментален принцип на правото „pacta sunt servanda", вели Рот.

Во однос на Договорот од Преспа, германскиот министер истакнува дека спорот за името долго време бил предмет на внатрешно политичко искористување на товар на граѓаните од двете земји.

-Договорот од Преспа, конечно ја поставува основата за мир, стабилност и просперитет, а со тоа и за меѓусебно почитување и пријателство, како што би требало да се подразбира, за две соседни земји во Европа. Сега, важно е трпеливо да се објаснат фактите на договорот и да се поддржи неговата содржина. Сигурен сум дека тогаш многу сомнежи ќе се тргнат, објаснува Рот во интервјуто за „Етнос", пренесе МИА.

Германскиот министер изразува оптимизам дека и оваа година извештајот за напредокот на Северна Македонија од Европската комисија ќе донесе позитивна препорака, со оглед на тоа дека до сега, големата пречка беше прашањето за името.

-Европската перспектива за земјите од Западен Балкан мора да остане убедлива и изводлива. ЕУ и нејзините земји-членки мора да останат кредибилни за ова прашање, истакнува државниот министер за Европа на Министерство за надворешни работи на Германија и додава дека токму европската перспектива на земјите од регионот би била придонела за стабилизација на цела Европа и за една подобра иднина.

За германско – руските односи, вели дека Германија, ЕУ, но и балканските земји се стремат кон конструктивни односи со Русија, а во тие рамки е и трговијата. Додава дека особено во областа на енергијата, динамиката е голема, но тоа во никој случај не го исклучува критичкиот дијалог со Русија.

-Напротив, добри економски односи се основа за политички дијалог, истакнува Михаел Рот. /МИА

Сенатор на САД: Ќе направите злосторство против човештвото

Американскиот сенатор Марко Рубио ги предупреди венецуеланските војници дека ќе направат “злосторство против човештвото“ доколку ја спречат доставата на американската хуманитарна помош.

Американската војска достави повеќе тони хуманитарна помош во колумбискиот град Кукута на границата со Венецуела, која би требало да ја дистрибуираат приврзаниците на опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, кого САД го признаа за привремен претседател.

Рубио, републиканскиот сенатор за Флорида, беше вчера во Кукута, каде изјави дека војниците кои ја спречуваат доставата за помош ќе го поминат “остатокот од животот криејќи се од правдата“, пренесува „АП“.

Претходните испораки со помош доставени се преку комерцијални летови.

Вчерашната испорака опфаќа 180 тони помош во храна, средства за хигиена и друга роба наменета за повеќе од 25.000 луѓе.

Актуелниот претседател на Венецуела, Николас Мадура ја одбива американската помош и војската го спречува нејзиното доставување во Венецуела.

притисни ентер