Маричиќ: Проектот Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан,значаен за реформите во правда

Во рамки на соработката на проектот  Сузбивање сериозен криминал во Западен Балкан – IPA 2019, министерот за правда Бојан Маричиќ денес оствари средба претставници на ЕУ. 

Маричиќ оствари средба со Станислав Пинтар, Резидент ЕУ јавен обвинител Елиса Дибало Резидентниот ЕУ полициски експерт и Мила Станковиќ, Национален правен советник.

Овој проект е ко-финансиран од страна на Европската комисија, владата на Германија и владата на Италија, а се спроведува од страна на GIZ од Германија, CILC од Холандија и Италијанското министерство за внатрешни работи.

Целта на овој проект е да се зајакне одговорот на земјите од Западен Балкан во борбата со сериозниот криминал и тероризам, преку зајакнување на соработката на државите од регионот, но и со ЕУ институциите како Европравда, Европол и други.

На состанокот се разговараше околу процесот на изградба на ефикасна мрежна поврзаност и соработка на државите од Западен Балкан, како и за интероперабилноста на институциите на земјите во регионот со што би се овозможила поефикасна борба против сериозниот криминал.

Воедно, на состанокот се дискутираше и околу значајноста на донесувањето на новиот Закон за меѓународна соработка во кривична материја, кој ќе овозможи поефикасна меѓународна соработка во делот на борбата против криминалот.

Министерот Маричиќ се заблагодари за поддршката овозможена преку проектот и истакна дека сите елементи на владеењето на правото се значајни, но дека борбата против организираниот криминал и корупцијата е можеби најзначаен елемент за Македонија.

Мажите ги глумат своите сопруги:Урнебесен предизвик на ТикТок (ВИДЕО)

На ТикТок се појавија видеа од мажи , кои си ги глумат своите сопруги и партнерки, а видеата ги виделе и насмеале милиони низ целиот свет.

Минатиот месец, корисничка на ТикТок сподели видео во кое нејзиниот сопруг се преправа дека е таа - и го започна трендот.

@marbarboyce

My husband pretending to be me 😂😂💀 THE DEDICATION TO PUT ON MY WORKOUT CLOTHES 💀 ##ItStartsOnTikTok ##WhatsYourPower ##married ##marriage

♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod

Оттогаш, снимката ја погледнале повеќе од 6,8 милиони луѓе, а голем број парови се приклучиле на овој предизвик.

@mammatodd19

I asked if he would impersonate me... I think he may have nailed it 😂🤷🏽‍♀️ ##husbandandwife ##husbandchallenge ##fyp ##hobbylobby ##husbandsoftiktok

♬ original sound - Alexa Webster Todd

Паровите на тој начин хумористично ги откриваат навиките на своите партнери, додека, судејќи според снимките, добро се забавуваат.

@natmulkey

fiancé pretends to be me. ##gayticktok ##beingmypartner ##imtiredletsgotobed ##foryoupage

♬ original sound - Nat Mulkey

Некои од нив навистина се потрудиле.

@thewifeee

I asked him to impersonate me....I think he has been waiting for this moment. ##fyp ##facebook

♬ original sound - Thewifeee

„Можам да го гледам ова цел ден“, „Најдобриот дел се сопругите,кои хистерично се смеат за време на снимањето. Тоа ме направи среќен затоа што може да се видат како се забавуваат“, се само дел од реакциите.

@carsonbuck

@baileyduncan52 pretending to be me for a day ##beingmywifefor24hrs ##fyp ##foryou

♬ original sound - Carson
@lbhill

##coupleschallenge ##husbandactinglikewife ##husbandwife ##fyp ##foryou acting like my wife

♬ original sound - LB Hill
@haleywritemoore

Pretending to be me.... ##fyp ##foryoupage ##foryou ##lgbtq ##lesbian ##queer ##gay ##lesbiancouple ##girlfriend ##GetTheLook

♬ original sound - Haley Rose Moore
@yvettepeterson

Asked my husband to pretend to be me. I guess I leave my shoes everywhere 😂 ##MillennialsOfTikTok ##DidYouKnow ##couplesoftiktokchallenge

♬ original sound - Yvette Peterson

Бројот на заболени од корона во Европа надмина 5 милиони

Во пандемијата на „ковид-19“ веќе има заразено 5.000.421 лице во Европа, а починале 227.130, според податоците објавени деенска од агенцијата АФП.

Ден претходно беше надминат симболичниот праг од 200 000 жртви во Соединетите Држави, кои што го држат несреќното прво место по бројот на жртви во светот.

На стариот континент, повеќе од 380 000 нови случаи се потврдени во последните седум дена, што е најголем број заразени во рок од една недела по избувнувањето на пандемијата.

Ова зголемување на инфекциите делумно се објаснува со зголемувањето на бројот на тестови во некои европски земји, како што е Франција, каде што се прават повеќе од милион тестови неделно.

Со оглед на наглиот пораст на инфекциите во Париз, каде што инциденцата сега е 204 заразени на 100.000, властите вечерва може да најават поостри мерки за главниот град на Франција.

Можни се следниве мерки: забрана за продажба на алкохол по 20 часот, забрана за собирање повеќе од десет лица и намалување на бројот на луѓе на големи собири од пет илјади на илјада лица.

Од друга страна, не се разгледуваат нови ограничувања за домовите за стари лица во регионот на Париз, ниту нови мерки за транспорт, ниту работното време на баровите и рестораните.

Во Велика Британија, европската земја со најмногу жртви, премиерот Борис Џонсон вчера најави нови ограничувања: пабовите и рестораните ќе можат да соберат само толку клиенти колку што има места и ќе се затворат во 22 часот и повторно ќе се охрабруваат луѓето да работат од дома.

Овие мерки ќе важат „веројатно шест месеци“, најави Борис Џонсон и предупреди дека доколку не постигнат напредок, „воведувањето на подрастични мерки ќе биде неизбежно“.

Во Шпанија, една од најпогодените земји од коронавирус во Европа, главниот град Мадрид, кој повторно стана епицентар на пандемија, во петок ќе објави нови мерки за ограничување на слободата на движење и за другите населби и зони во обид да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од понеделник, скоро еден милион луѓе во шпанската престолнина и нејзината периферија не смеат да го напуштаат соседството во кое живеат, освен да одат на работа и факултет или на лекар или кај службено лице (како што е суд) и да одат кај лице кое е зависно и бара грижа.

,,Пандемијата имаше катастрофален ефект и беше всушност поголема отколку што се очекуваше”, предупреди денеска Гај Рајдер, шеф на Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Повеќе од 971.677 починаа ширум светот од крајот на декември и се заразени повеќе од 31,67 милиони, според податоците со кои денеска располага АФП.

Американскиот континент, каде што има повеќе од 38 проценти од сите нови инфекции во изминатата недела, е најпогодениот континент, иако бројот на смртни случаи е намален за 22 проценти.

Од друга страна, некои земји започнаа со ублажување на ограничувањата, како Саудиска Арабија, каде што ќе се овозможи одење на мал хаџ во Мека од 4-ти октомври.

Во првата фаза, околу 6.000 саудиски државјани и странци кои живеат во областа ќе можат да секој ден да одаст на мал аџилак што привлекува милиони верници секоја година, велат властите.

Јапонија размислува да ги ублажи ограничувањата за влез на нејзината територија од октомври, така што може да им овозможи на странците влез за престој подолг од три месеци. Туристите би биле исклучени од овие мерки и бројот на дневни записи би бил ограничен на 1000.

Јапонија се обидува да ја рестартира својата економија, но и да се подготви за Олимписките игри во Токио, кои требаше да се одржат оваа година и беа одложени за 2021 година поради короната.

Пандемијата влијае и на годишното Генерално собрание на Обединетите нации, кое започна вчера без ниту еден шеф на држава или влада во седиштето на организацијата во Њујорк. Сите нивни говори беа снимени порано и емитувани на веб-страницата на ООН.

Доналд Трамп ја искористи можноста да ја нападне Кина велејќи дека „Обединетите нации треба да ја сметаат Кина одговорна за нејзините неуспеси на почетокот на пандемијата со „ковид-19“ и по тој повод повторно зборуваше за вирусот како „кинески вирус“.

притисни ентер