Меѓународната заедница со интензивирана поддршка за референдумот

Од вас зависи, одлуката е на граѓаните, референдумот е историска шанса за земјата, која не се појавува секој ден, поддршка за успех на плебисцитарното изразување на граѓаните.

Ова се дел од пораките што изминатите денови на интензивирани дипломатски активности ја пренесуваат претставниците на меѓународната заедница, кои ја посетија Македонија во пресрет на престојниот референдум.

Во Скопје вчера прв пат од воспоставувањето на диломатските односи, пред 25 години, на Денот на независноста, престојуваше германски канцелар Ангела Меркел. Таа на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев потенцира дека нејзината посета и поддршката за престојниот референдум и Договорот од Преспа во себе не содржат елементи на закани или какви било притисоци со цел да се влијае врз македонските граѓаните.

- Никој не им се заканува на македонските граѓани со изолација. Тие можат и треба сами да одлучат за иднината на државата. Иднината може да биде членство во НАТО и ЕУ, доколку имате успех на референдумот на 30 септември. Но, секако има и одредени предуслови што треба да се исполнат, рече вчера Меркел.

Таа нагласи дека спорот меѓу Македонија и Грција мораше да се реши, бидејќи одлуките за интегрирање на земјата во ЕУ и НАТО потоа се носат консензуално од сите земјите-членки.

- Луѓето на 30 септември имаат можност, исто како што направија пред 27 години, да гласаат дали сакаат да припаѓат на семејството на ЕУ и НАТО, а тоа бара истовремено прифаќање на Договорот со Грција, рече Меркел на заедничката прес конференција со македонскиот премиер Зоран Заев.

Таа излезе со јасна политичка порака - „Не останувајте дома на 30 септември, на овој историски ден. Искористете ја шансата и кажете каква иднина сакате да имате“.

Меркел вчера се сретна и со лидерот на опозицијата и нагласи дека пораката до него била дека „за важните прашања во една демократија мора да им заедничка национална одговорност“.

Мицкоски по средбата со Меркел изјави дека во текот на наредната недела партиските тела на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат состанок и ќе биде донесен конечниот став за референдумот.

Во пресрет на референдумот во посета на Македонија престојуваа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, министерот за надворешни работи на Луксембур Жан Аселборн, австрискиот канцелар Себастијан Курц.

- За неколку недели ќе имате референдум на кој треба да се одлучите за иднината, за вашето членство во ЕУ и во НАТО. На вас е да одлучите дали ќе гласате и ќе го изразите мислењето, а НАТО е подготвен да ве прифати како 30. земја-членка, е пораката, што ја пренесе Столтенберг.

За министерот за надворешни работи на Луксембург Аселборн претстојниот референдум е предизвик за земјата. - Треба да се одлучите дали ќе останете во минатото или ќе изберете иднина. Излезноста на референдумот мора да биде висока, што ќе биде во интерес и на вашата земја и на ЕУ, додаде тој.

За Курц решавањето на прашањето за името е голема шанса за динамика на Македонија и на целиот регион. Тој за време на престојот во Скопје ги повика граѓаните да учествуваат на претстојниот референдум и да гласаат „за“ договорот и „за“ европската перспектива на Македонија. - Тоа е одлука на секој поединец и навистина не е мое да ја направам одлуката за некој друг, но како пријател на Македонија и како активна земја членка на ЕУ ние ќе сметаме дека би било многу позитивно доколку има големо учество и позитивен исход на референдумот, изјави Курц, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.

Утре во Скопје пристигнува американскиот сенатор и претседавач на Комисијата за државна безбедност Рон Џонсон, кој е еден од коспонзорите на резолуцијата на Сенатот за поддршка на Договорот од Преспа. /МИА

Маж од Подгорица исфрлил гола проститутка на улица, полицајците шокирани од полот (ФОТО)

Случајни минувачи кои пред неколку ноќи се нашле во елитната населба Мастер кварт во Подгорица биле сведоци на крајно бизарна сцена - на улица имало сосема гола проститутка.

Како што дознава Телеграф.рс., неименуван маж исфрлил целосно гола проститутка од станот на улица.

Околу 3 часот и 25 минути, случајни минувачи пријавиле во полиција дека преку Блажов мост кон Собранието на Црна Гора се движела сосема гола жена.

Се покажало дека е транс девојка.

Како што дознава Телеграф.рс, претходно дошло до расправија.

Предметната девојка била од Шпанија и работела како деловна придружба.

Била со партнерот и не сакала да соработува со полицијата. Таа била пренесена во Ургентниот центар за да се провери дали е повредена, но таа одбила помош.

Инаку, дотичната има профили на сајтови за придружба, на кои јасно се посочува дека е транс и дека сè уште не направила операција за промена на полот, објави Телеграф заедно со ВИДЕО.

Старателка призна дека убила дете и го фрлила во шахта: Имав син, му го одзедов животот (ВИДЕО)

Старателката Пами Меј (48) од Колумбус, Охајо, признала дека го убила момчето Дарнел Тејлор (5), а потоа го фрлила неговото тело во шахта.

Таа на 13 февруари годинава збеснала кога го видела како јаде грицки во креветот, а потоа решила да го казни, објави Ен-Би-Си.

Почнала да го дави со рацете, а кога сфатила дека момчето не е живо, телото го фрлила во шахта во близина на куќата во која живееле.

Телото на момчето било пронајдено неколку дена подоцна.

Пеми веднаш била уапсена и во полиција го признала убиството, а нејзиното признание е снимено на камера.

„Барем имаш деца. Имав син, но му го одзедов животот“, се слуша како Пем му кажува на еден од полицајците.

Во видеото таа открила дека решила да го убие Дарнел откако претходно во текот на денот го видела како се прикрадува со грицки во креветот.

Тоа толку ја налутило што точно планирала како да го убие момчето.

Во еден момент влегла во собата и почнала да го гуши. Таа рече дека момчето се обидело да се одбрани, но во еден момент престанало да се движи.

„Тогаш сфатив дека повеќе не е жив“, рече таа.

За време на полицискиот разговор, Пеми не покажала никакви емоции или знаци на каење.

Судењето на Пеми се очекува да започне на 25 април.

Аргентина бара партнерски статус во НАТО

Аргентина побара од НАТО да стане еден од глобалните партнери на тој безбедносен сојуз, изјави денеска министерот за одбрана Луис Петри во време кога неговата земја бара начин да ги зајакне врските со САД и Европската унија.

Аргентина во вторникот објави дека купува 24 американски борбени авиони Ф-16 од Данска, договор поддржан од Вашингтон.

Министерот Петри се сретна со заменик генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана и му врачи писмо во кое се изразува интересот на Аргентина да стане партнер на западната воена алијанса, објави министерот на X.

Според НАТО, глобалните партнери работат со членките на алијансата за споделување разузнавачки информации и учество во воени вежби.

Глобалните партнери на НАТО ги вклучуваат, меѓу другите, Австралија, Колумбија, Ирак, Јапонија, Јужна Кореја, Монголија, Нов Зеланд и Пакистан.

притисни ентер