Доживотен затвор доби мажот кој со 40 пати со нож избоде жена во Кочани

Доживотна затворска казна му изрече Основниот суд во Оочани на 59 годишниот кочанчанец кој лани во септември ја уби 46 годишната сограѓанка.

Тој пред судот признал вина а обвинтелството го товареше за убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин. Од обвинителството информираат дека со обвинението на товар му се ставало и кривично дело уцена, што било сторено пред убиството, но обвинетиот не го признал делото и постапката за тој дел е раздвоена и ќе се води понатаму. Убиството се случи на 25 септември лани пред домот на убиената кога по кратка расправија обвинетиот со нож и нанел 40 убодни рани при што жената веднаш починала.

Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот

Во вторниците 23 април и 7 мај, т.е. деновите пред одржувањето на изборите во државава, наставата во училиштата ќе се реализира вообичаено согласно распоредот, а училиштата во кои утредента ќе се организира гласање ќе работат од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија односно класови, соопшти Министерството за образование и наука.

Деновите на изборите, средите 24 април и 8 мај 2024, се неработни за сите училишта. МОН денеска во сопштение наведува дека и покрај овие два неработни дена, наставата од учебната 2023/2024 ќе се реализира во целост, како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

-Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, посочува МОН.

МОН во соопштението потсетува на утврдените календари според кои наставната година за учениците од средните училишта ќе трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни, така што учебната година нема да биде продолжена поради двете неработни среди.

Со одлука на Владата од седницата во вторникот, заради непречено спроведување на првиот и вториот круг на Претседателските избори и на Парламентарните избори 2024, деновите 24 април и 8 мај ќе бидат неработни за сите граѓани на целата територија на државава, и тие нема да се одработуваат.

Хамилтон: Ќе се тркам долго откако ќе наполнам 40 години, Ферари не е нешто краткорочно

Британскиот пилот, Луис Хамилтон најави учество во трките во Формула 1 уште неколку сезони откако ќе наполни 40 години.

Во пресрет на кинеското Гран при, возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, изјави дека не е загрижен за коментарите за неговиот „доцен“ трансфер во Ферари во 2025 година.

- Мислам дека мојата одлука не треба да биде оправдана. Знам дека ова е вистинскиот избор за мене и откако ја донесов одлуката, ситуацијата не се промени. Никогаш немало момент да се посомневам, а туѓите коментари не ме тераат да се двоумам. И денес има луѓе кои се уште зборуваат глупости и тоа ќе продолжи до крајот на годината. И само ќе треба да го направам она што го направив минатиот пат. Ме чекаат возбудливи времиња. Ќе се тркам добро откако ќе наполнам 40 години. Ферари не е нешто краткорочно. Јас не сум најстариот пилот. Ќе се тркам подолго време и прекрасно е што Алонсо е сè уште тука, рече седумкратниот шампион во Формула 1.

Ф1 трката во Кина ќе се вози в недела (21 април).

притисни ентер