Столтенберг: Уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји

Ако референдумот биде успешен во Македонија, уверен сум дека двете земји ќе го имплементираат договорот – вели во интервју за грчката телевизија Скај, Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

На прашањето што доколку договорот помине на референдумот во Македонија, но не биде имплементиран во Грција, Столтенберг вели дека со тоа би се довел во опасност националниот кредибилитет на Грција.

Најпрво, јас сум целосно уверен дека доколку се гласа ЗА на референдумот во ФИРОМ, договорот ќе се имплементира.Тоа беше истакнато на сите мои политички средби во Скопје. Се разбира ова е демократски процес во две земји, НАТО не може да присили некоја земја да направи нешто што не сака, но уверен сум дека договорот ќе се имплементира во двете земји, бидејќи е суштински за националниот кредибилитет кога една земја потпишува договор, а другата страна го исполнува, тогаш двете земји ќе го исполнат договорот. Сѐ друго сериозно би го поткопало националниот кредибилитет на било која од земјите – изјави Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Со посетата на Столтенберг практично започна и серијата на посети на високи меѓународни претставници на земјава, која се очекува да продолжи до 30 септември. Се очекува сите да ја повторат порака, која вчера ја и упати австрискиот канцелар Себастијан Курц за поддршка на референдумот.

На иста линија со странските политичари, се и експертите за регионот... Американскиот професор Даниел Сервер во изјава за МИА од Вашингтон, вели дека прифаќањето на договорот со Грција е клучен за македонската иднина.

Тоа ја отвора вратата за брз влез во НАТО и отворање на преговори за членство во ЕУ. Ова е најголемата и единствена шанса што земјата ја имала уште од прогласувањето на независност, стои во изјавата на Даниел Сервер.

Серијата посети на странски дипломати и политичари на земјава продолжува утре, кога во земјава се очекува да пристигне и Американскиот сенатор Рон Џонсон, кој е и претседавач на комисијата за државна безбедност и важи за близок соработник на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој е и еден од ко-спонзорите на Реозлуцијата за поддршка на Преспансскиот договор.

По Скопје, Јенс Столтенберг и во Атина. Генералниот секретар на НАТО уверен дека ако успее референдумот во земјава, договорот ќе се имплементира во двете земји. Кои се пораките кои Столтенберг ги даде за грчките медиуми

Видео: Новинар го удира Трамп со микрофон во лице, многумина ја коментираат неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео на кое се гледа како американскиот претседател Доналд Трамп го удира репортерка со микрофон во лицето за време на прес-конференција.

Инцидентот се случи додека Трамп одговараше на прашања на новинарите за време на кратката прес-конференција во заедничката база Ендрјус во Мериленд. Беше прашан за ситуацијата во Газа, кога микрофон, одеднаш влезе во кадарот и го удри право во лицето.

Трамп за момент вкочането ја погледна новинарката, кревајќи ги веѓите, но брзо се смири и вниманието од прашањето го пренасочи кон шега.

"Таа вечерва стана телевизиска ѕвезда. Само што стана голема ѕвезда, нели? Дали го видовте тоа?" Трамп коментираше пред камерите, прекинувајќи го својот одговор на сериозно прашање.

Вучиќ: Сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест без жртви

Обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ по денешните масовни протести.

Во името на сите граѓани на Србија и како претседател на Србија сакам да го изразам моето задоволство што се одржа голем протест, со негативна енергија, гнев и гнев кон властите во Србија, без да има жртви или сериозни повредени“, рече Вучиќ.

Вучиќ изјави дека се повредени околу 56 лица, но никој не е тешко повреден, а повредениот на плоштадот Никола Пашиќ не е во животна опасност.

Вкупно 44 лица се во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Звездара“, рече Вучиќ.

„Исто така, сакам да кажам дека се срамни обвинувањата дека некој употребил звучен топ, прикажувајќи војници и членови на „Кобра“ како тоа што го држат да е звучен топ - рече тој.

Претседателот на Србија нагласи дека сите лица кои учествувале во уништувањето ќе бидат приведени и ќе одговараат за криминални дела.

-Горд сум на фактот што 99 отсто од студентските блокатори не сакаа инциденти, рече Вучиќ.

Пленковиќ отпуштен од болница по операција на срцето, в понеделник се враќа на работа

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ попладнево, околу 17 часот, беше отпуштен од Клиничкиот болнички центар во Загреб (КБЦ) , каде што синоќа беше примен на лекување заради повремено нарушување на срцевиот ритам (аритмија) и каде имаше хируршка интервенција.

Хрватската влада соопшти дека премиерот од понеделник ќе се врати на редовните активности, пренесува Вечерњи лист.

„Постапката на која беше подложен на Пленковиќ синоќа беше планирана порано и помина добро, а по излегувањето од болница си замина дома и во понеделник ќе се врати на редовните обврски и партиски активности“, посочуваат од хрватската Влада.

Според програмата, во понеделник хрватскиот премиер и лидер на ХДЗ треба да ги посети обновените згради во Загреб, кои беа уништени во земјотресот пред пет години, и да присуствува на комеморацијата за претседателот на Врховниот суд Радован Доброниќ, а потоа и на состанокот на ХДЗ на округот Вараждин и на комеморацијата на 35-годишнината од основањето на ХДЗ.

притисни ентер