Надал: Мразам да се откажувам од натпревари

Актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал го заврши настапот на Ју-Ес опен, откако поради повреда на десното колено му го предаде полуфиналниот натпревар на аргентинскиот тенисер Хуан Мартин дел Потро.

По два одиграни сета Дел Потро имаше водство од 2:0, а Надал откако трипати повика медицинска екипа на теренот одлучи да го предаде натпреварот.

- Претходно имав помали проблеми на вториот или третиот натпревар на турнирот, но во полуфиналето почувствував болка уште во првиот сет. Се обидов да ја санирам, но едноставно не можеше, истакна Надал.

Шпанскиот тенисер наведе дека не е сигурен колку ќе отсуствува од терените.

- Во моментов не сум сигурен што чувствувам, но болката не е толку силна. Имав тешки моменти на теренот, но со правилен третман очекувам да се вратам на натпреварите. Засега не можам да прецизирам колку тоа ќе трае, изјави актуелниот најдобар тениер во светот.

Надал беше видно разочаран и нагласи дека не сака кога е присилен вака да се откажува од натпревари.

- Мразам да предавам натпревари, но ќе беше премногу ако останев и играв во оваа состојба, наведе шпанскиот тенисер.

За него ова е третпат на гренд слем турнир да се откажува од натпревар. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Чаен колач

Во четврток (18.04.2024) во емисијата гостин ни беше Анета Љумаковска.

Состојки за денешниот рецепт:

3 јајца

2 банани

1 јаболко

1 лажиче мед

1 кесичка прашок за пециво

2 лажици интегрално брашно

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Австралија ги советува своите државјани да ги напуштат Израел и палестинските територии

Австралија побара од своите граѓани да го напуштат Израел, наведувајќи ја „големата закана од воени репресалии и терористички напади“.

„Ги повикуваме Австралијците и во Израел или во окупираните палестински територии да заминат ако е безбедно да го сторат тоа“, се вели во известувањето од Министерството за надворешни работи.

Владата на Австралија претходно им порача на граѓаните да избегнуваат патување во двете области доколку е можно и, доколку се загрижени, да заминат. /МИА

Остин разговарал со Галант пред извештаите за експлозии во Иран

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана Јоав Галант за „регионалните закани и дестабилизирачките дејства на Иран на Блискиот Исток“, соопшти денеска Пентагон.

Повикот е остварен пред Израел, како што пренесуваат медиумите, да изврши напад на територијата на Иран, а во соопштението на Пентагон не се споменува дискусија за плановите на Израел за тој напад, јави Си-Ен-Ен. Неименуван висок американски функционер за Си-Ен-Ен изјави дека Израел во четвртокот ги известил САД дека во наредните денови ќе возврати на нападот на Иран извршен минатиот викенд и дека Вашингтон не ја поддржува таа акција на Тел Авив.

Тензиите меѓу Тел Авив и Техеран се зголемија по нападот на Иран врз Израел на 13 април, со повеќе од 300 беспилотни летала и проектили. Неименуван американски функционер претходно за Си-Ен-Ен изјави дека Израел утринава извршил напад на иранска територија, а иранската државна телевизија објави дека три беспилотни летала биле забележани над небото во Исфахан и биле уништени откако системот за противвоздушна одбрана на земјата бил активиран. /МИА

притисни ентер