„Еуромакс Ресоурцес": Добиваме поддршка за „Иловица" во последниот период

 Менаџментот на „Еуромакс Ресурцес“, компанијата концесионер на рудникот за бакар и злато „Иловица-Штука“, тврди дека добива поддршка од локалното население за плановите за работа.

Поголема комуникација со Владата за тоа прашање очекува по претстојниот референдум закажан за 30. месецов.

- Во постојана комуникација сме со Владата. Свесни сме за актуелната политичка ситуација, нашиот Одбор на директори е подготвен да почека овој период и потоа поактивно да се вклучиме во комуникација со Владата во насока на прогрес, изјави денеска Варшан Гоуку, главен извршен директор на „Еуромакс Ресоурцес“.

Според Гоуку, надлежните лица од одделот за корпоративна одговорност се постојано на терен и комуницираат со населението, кое во изминатиот период заедно со еколошки организациии организираше протести за отворањето на рудникот.

- Добиваме поддршка од страна на населението, драго им е што се отвораат нови работни места. Драго ни е што во последниот период активно добиваме поддршка во врска со работата, рече Гоуку, одговарајќи на новинарски прашања на денешната средба со новинари.

Од „Еуромакс ресруцес“ повторија дека како одговор на загриженоста на сите засегнати страни одлучиле во процесот да не употребуваат ниту цијанид, ниту сулфурна киселина. - Преку едноставен физички процес ќе произведуваме само концентрат на бакар, кој ќе вклучува мала количина злаот. Истиот концентрат ќе биде транспортиран до топилница во Бугарија, кадешто ќе се произведуваат металите, бакар и злато, изјави Гоуку.

Тој дополни дека нивната студија за влијанието врз животната средина, изработена од локални и од глобално реномирани експерти, гарантира за безбедноста и докажува дека ќе нема негативни влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина. - Рудникот е со висок таков стандард што може да се гради каде било во Европа и светот, посочи Гокул.

Во одговор на новинарски прашања оперативниот директор на „Еуромакс Ресурцес“ Патриок Форвард рече дека во процесот на преработка на концентратот нема никави промени и оти содржината од 24 проценти бакар е исплатлива.

Прашан каде во последните неколку години се отворени рудници со отворен коп, Форвард наведе дека такви случаи има во Канада и Латинска Америка каде рудниците се близина на пасишта и шуми, како и во Турција, каде пак во непосредна близина има лозја.

Од планираната инвестиција во рудникот во вкупен износ од 340 милиони евра, досега се вложени околу 40 милиони евра. Концесионерот на „Иловица“ очекува реализацијата на инвестицијата да го зголеми БДП за три отсто на годишно ниво, ветува вработување на 500 лица во тек на 20 годишното работење. Уверува дека ќе плаќа 25 милиони евра даноци годишно, вклучувајќи концесиски надоместоци од три милиони евра во буџетот на локалните општини.

„Еуромакс Ресоурцес“ котира на Берзата во Торонто и е во доминантна сопственост на инвеститори од САД, Велика Британија и Канада./МИА.

Баерн го вброи Емери во кандидатите за тренерската позиција

Актуелниот бундеслигашки шампион Баерн Минхен размислува за следната сезона на тренерското место да го донесе предводникот на Астон Вила, Унаи Емери.

Според „TZ“ тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо е главна цел на клубот од Минхен, но поради силниот интерес за Шпанецот од Ливерпул, кој на крајот на сезоната ќе го напушти Јирген Клоп, германскиот клуб размислува за други опции.

Претходно беше објавено дека Баерн размислува и за Роберто Де Зерби од Брајтон, како и за селекторот на германската репрезентација Јулијан Нагелсман.

Во февруари, Баерн најави заминување на главниот тренер Томас Тухел од клубот на крајот на сезоната 2023/24.

Џафери – Коцевски: Ефикасност од институциите за фер избори

 Претседателот на техничката Влада Талат Џафери денеска се сретна со јавниот обвинител на Република Македонија Љупчо Коцевски.

Средбата се реализираше на барање на премиерот Џафери, согласно законската надлежност на Владата за организирање фер и демократски избори, соопшти владината прес-служба.

Џафери на состанокот ја истакна недвосмислената определба на Владата за реализација на избори коишто ќе ја одразат реалната волја на граѓаните. Притоа, посочи дека активностите на Владата се одвиваат според законските надлежности, а лично тој и претставниците на Владата се водат од наратив за позитивна клима во предизборието.

Од страна на јавниот обвинител Коцевски беше поздравена оваа иницијатива на премиерот Џафери, која е во насока на координирање на активностите за успешно спроведување на изборите, со поддршка од сите институции кои се дел од овој процес. Коцевски изрази целосна поддршка за активностите за препознавање индиции и пресретнување на евентуални дела спротивни на заложбите за спроведување законски и фер изборни процеси.

Заеднички е констатирано дека двојните избори во државава се од исклучителна важност во рамки на очекувањата за напредок на Република Македонија во евроинтеграцискиот процес. И во таа насока е потенцирана улогата на сите надлежни институции и потребата од ефикасно дејствување, со цел спроведување фер и демократски изборни процеси. Нагласено беше очекувањето од двете страни, дека сите учесници во изборите го согледуваат својот дел од одговорноста и ќе придонесат во поттикнувањето и одржувањето атмосфера на конструктивност, се вели во соопштението од владината прес-служба.

Во Торонто промоција на книги на Крисанта Јанкула од Мала Преспа

 Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“.

Според весникот, промоцијата побудила голем интерес и внимание од македонската заедница во Торонто.

- Не можам да го опишам големо задоволство што сум меѓу Македонците во Канада. Горда сум што во текот на целиот мој работен век, но и сега со целото мое битие се залагам за заштита на мајчиниот македонски јазик, идентитет и традиции, рече таа на промоцијата.

Додаде дека записите од Преспа почнала да ги собира со цел традициите на Македонците да останат во наследство на другите генерации.

- Во мојата работа, голема помош имав и од моите ученици, кои помогнаа во прибирањето на метеријалот со изкази на нивните дедовци и баби, посочи таа.

Се до пензионирањето, Јанкула, наставник по македонски јазик, била во деветтолетката „Отпорот на Горичаните“ во Долна Горица, каде во одреден период била и директор.

притисни ентер