Македонија го освои вториот сребрен медал на Интернационалната олимпијада по информатика во Јапонија

 На 30-тата по ред Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2018), која од 1-ви до 8-ми септември се одржува во Цукуба, Јапонија, македонските средношколци постигнаа уште еден огромен успех

Македонскиот тим на овој престижен натпревар од областа на програмирањето за средношколци во светски рамки, составен од учениците Владимир Максимовски, Мартин Динев, Андреј Величковски и Филип Михов, предводени од лидерите, м-р Весна Димитриевска и м-р Емил Станков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, освои еден сребрен и еден бронзен медал. Со постигнатиот резултат, младите наши ученици уште еднаш, по кој знае кој пат, покажаа дека Македонија треба да се гордее со нив. Во текот на изминативе десетина години нашите претставници на ИОИ континуирано постигнуваат одлични резултати, освојувајќи медали речиси секоја година, но успехот оваа година е уште позначаен заради освоениот сребрен медал, кој е втор ваков медал во историјата на македонски учества на оваа олимпијада.

На ИОИ 2018 учествуваат вкупно 335 ученици од 87 земји од целиот свет. Во ваква исклучително силна конкуренција, вториот сребрен медал во историјата за Македонија го освои Владимир Максимовски, додека бронзениот медал го освои Андреј Величковски. И останатите двајца наши натпреварувачи постигнаа забележителни резултати, при што Мартин Динев беше на дофат на освојување на бронзен медал , а од ова извонредно достигнување го делеа само десетина поени од можните 600.

Од првото учество како независна држава на ИОИ во 1996 година, во последните години Македонија има резултати со кои може да се пофалат релативно мал број од земјите учеснички: освоени 2 сребрени и 16 бронзени медали, а особено земјите кои по големина се колку нашата.

ИОИ е најпрестижниот годишен интернационален натпревар во програмирање за средношколци кој традиционално се одржува во една од земјите кои се членки на ИОИ заедницата. Во речиси 90 држави од светот секоја година се организираат национални натпревари во програмирање. На овие натпревари учествуваат вкупно околу 250 000 ученици, сите со единствена желба, да се изборат за големата чест и привилегија да ја претставуваат својата држава на ИОИ.

Според Претседателот на Здружението на информатичарите на Македонија, проф. д-р Миле Јованов: „Здружението неуморно работи на промоција на натпреварите и информатиката како наука, селекција на најдобрите натпреварувачи и нивна подготовка за екстремно напредните содржини кои се дел од олимпијадата. Во оваа прилика би се заблагодарил на медиумите кои преку споделување на информациите за постигнатите успеси ни помагаат да стигнеме секоја година до повеќе идни натпреварувачи кои ќе ги заинтересираме за информатиката, а особено сум благодарен на институциите и општествено одговорните компании како Агенцијата за млади и спорт, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ГрабИТ, Докстим, Семос едукација, Сорсикс и Нетцетера за нивната финансиска поддршка во спроведувањето на натпреварите."

Следната, 31-ва по ред, Интернационална Олимпијада по Информатика (ИОИ 2019), ќе се одржи идната година во Баку, Азербејџан.

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер