Двајца пешаци со тешки повреди во две од 10 сообраќајки во Скопје

 Двајца пешаци се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно 10 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден.

Во шест со полесни повреди се здобиле седум лица, а во две била причинета материјална штета.

Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале на крстосница на црвено светло, еден возач не дал првенство на минување на пешаците на пешачки премин, како и еден возач за некористење на заштитен шлем на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл. Санкционирани биле и тројца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај биле исклучени четворица возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, еден возач почетник, како и три нерегистрирани возила. Затекнати биле 36 непрописно паркирани возила.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 34 возила.

СДСМ: Мицкоски бега од лидерска, реформи и од јавноста

Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори дали се сретнал со еден од осомничените, на кој му е одредена мерка притвор.

Мицкоски бега од лидерска, Мицкоски бега од реформи, Мицкоски бега и од јавноста.

Наместо да бега, Мицкоски да излезе и да и одговори на јавноста, на граѓаните:

Дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во една позната дискотека, а потоа и во белиот дворец?

Дали посегнал по парите на еден од осумничените?

Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија и цел е одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Мицкоски и штети на државата и работи против датум за преговори.

Ахмети се сретна со новата амбасадорка на САД Брнз

 Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во Амбасадата на САД во Скопје, оствари средба со новата американска амбасадорка во Македонија, Кејт Мари Брнз.

Ахмети и честитал на амбасадорката Брнз за новата должност и изразил убедување дека успешната соработка со САД ќе продолжи и во иднина во насока на реализирање на нашите заеднички цели,Македонија интегрирана во НАТО и ЕУ и со функционална демократија.

Од ДУИ денеска соопштија дека Ахмети и Бернс разговарале и за заедничките достигнувања во насока на општествената кохезија, договорите со Атина и Софија и патот кон НАТО и Европската Унија.

– Ахмети истакна дека ни претстои уште многу работа, посебно во насока на владеењето на правото и реформите, вклучувајќи ги тука и одговорноста и отчетноста. Нашата земја чекори кон евроатланската интеграција и задолжително треба да ги исполни бараните стандарди, додека ДУИ ќе продолжи да биде партнер во реализација на реформите за доброто на нашите граѓани, стои во соопштението од ДУИ.

Ахмети, се подвлекува во соопштението, посочил дека сите достигнувања се заеднички и оти САД може да сметаат дека ДУИ ќе продолжи да биде искрен партнер.

Времето денеска: Сончево и потопло

Времето денеска сончево и потопло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец а максималната температура ќе се движи од 26 до 33 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб  северозападен ветер и температура до 31 степен.

притисни ентер