Драги граѓани, ве чекаме во ЕУ и НАТО.
Со оваа порака на македонски, министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, ја заокружи пресконференцијата со македонскиот колега, Димитров во Скопје. Но, еден од најискусните европски дипломати е дециден - патот до ЕУ и НАТО води преку успешен рефернедум. Македонија избира помеѓу иднината и минатото и излезноста на гласањето треба да биде високо, порача Аселборн, посочувајќи дека Брисел ќе знае да го награди тоа.
-Би била политичка грешка да не се направи исчекор и во јуни на Советот на ЕУ за општи работи да донесе позитивна одлука. Најдовте решение за името и не можевме да чекаме со години да донесеме одлука, изјави Жан Аселборн, министер за надворешни работи на Луксембург
Прашан како би постапил доколку Луксембург е на местото на Македонија и треба да го смени името, Аселборн со дипломатски одговор.
-Овде на станува збор само за името, туки и за идентитетот на вашата земја. Кога јас би бил Македонец, би рекол „да“ на ваквото решение, дури и како жител на Луксембург, вели Аселборн.
За министерот Димитров, Аселборн бил еден од клучните кои придонеле за доделениот датум за преговори на самитот во Луксембург. Во однос на заедничкиот интердициплинарен комитет со Грција, кои треба да ги разгледуваат историските и научните толкување, Димитров вели дека комисиите се подготвени, но дека се уште немало средба со грчката страна.
Двајцата министри претходно потпишаа Спогодба за размена и заемна заштита на класифицирани информации.