Иванов на средбата со Столтенберг: НАТО и ЕУ не смеат да бидат алиби за лош договор

За првиот човек на државта ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за потпишување на лоши договори.

Пред генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, кој официјалната посета на земјава ја стартуваше од Вилата Водно, претседателот Иванов посочил дека Македонија уште во 2008 ги исполнила условите за членство во НАТО, оти активно придонесува во меѓународните мисии и заслужила членство во Алијансата без дополнителни услови.

- Верувам дека вистинското место на Република Македонија е во ЕУ и НАТО Алијансата. Ќе продолжам да ги поддржувам нашите стратешки цели. Ho, Европската Унија и НАТО во никој случај не смеат да бидат алиби за лош договор, истакнал претседателот Ѓорге Иванов на средбата Столтенберг, соопштуваат од неговиот кабинет.

Поддршка за евроинтеграцискиот процес на земјава на средбата со Столтенберг упатил и првиот човек на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, но без прифаќање на договорот со Грција.

- Договорот со Грција е неприфатлив за партијата и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање, Што се однесува до самиот став во однос на референдумското изјаснување ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата, се наведува во партиското соопштение.

Дека на претстојниот референдумот треба да се гледа како на патоказ кон иднината, смета собранискиот спикер Џафери, кој очекува дека македонските граѓани ќе ја потврдат својата определба за членство во ЕУ и НАТО на 30ти септември. НАТО Алијансата ќе ја почитува суверената одлука на граѓаните на претстојниот референдум, без разлика дали ќе биде позитивна или негативна, посочил Столтенберг пред собранискиот спикер и координаторите на пратеничките групи, се наведува во соопштенеито. Свесен за чуствителноста на прашања и за двете земји, го поздравил договорот со Грција, изразувајќи уверување дека процесот позитивно ќе биде заокружен.

-За финализирање на процесот е потребна ратификација во Парламентите на сите 29 земји членки на Алијансата, која ќе се реализира откако ќе бидат завршени сите обврски поврзани со имплементацијата на Договорот, односно донесувањето на уставните измени, посочил Столтеберг на средбата со Џафери.

Инаку ова е прва постеа на Столтенберг откако земјава доби покана за полноправно членство во НАТО. По средбите во Скопје, првиот човек на Алијансата заминува за Атина на средба со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Договорен е прекина на борбите во Газа

Конфликтите во Појасот Газа ќе бидат прекинати за да се овозможи вториот круг на вакцинација против детска парализа, со кој ќе бидат опфатени 590.000 деца помлади од 10 години, објави денеска директорката на УНИЦЕФ, Кетрин Расел.

Хуманитарната пауза во конфликтите ќе започне на 14 октомври, рече Расел, пренесе Ројтерс.

„Од клучно значење е сите страни да ги почитуваат овие хуманитарни паузи. Без тоа, ќе биде невозможно да се вакцинираат децата“, додаде таа.

Првиот круг од кампањата за вакцинација, која започна на 1 септември, ја достигна целта на 90 отсто од децата до 10 години, објавија ОН.

Првиот круг беше изведен во фази во текот на две недели за време на хуманитарни прекини во борбите меѓу израелската армија и палестинското милитантно движење Хамас, потсетува Ројтерс.

СЗО во август потврди дека бебе било делумно парализирано од вирусот на полио тип 2, што е прв таков случај на палестинските територии во последните 25 години.

„УНИЦЕФ ќе вклучи додатоци на витамин А за зајакнување на имунолошкиот систем на децата. Децата во Газа живеат во исклучително лоши хигиенски и санитарни услови“, рече Расел.

Таа посочи дека успехот на првиот круг на вакцинација покажал дека кога ќе се испочитува договорот, може да се заврши работата.

Македонија среде Рига ја совлада Летонија со убедливи 3:0

Македонската фудбалска репрезентација оствари триумф од 3:0 на гостувањето кај Летонија во рамки на 3.коло во Лигата на нации.

Со тоа нашиот тим освои три бода во битката за освојување на првото место во групата 4 во Лигата Ц.

Јани Атанасов го постигна првиот гол за Македонија во 35.минута по една убава акција што ја почнаа Енис Барди и Елиф Елмас, а Бојан Миовски прекрасно му асистираше на стрелецот на голот.

Потоа во второто полувреме Лирим Ќамили во 70-тата минута искористи еден кикс во домашната одбрана за да го постигне вториот гол за македонската репрезентација..

Победата ја заокружи Елиф Елмас во 93.минута откако погоди со силен удар во аголот на летонскиот гол.

Македонија сега има седум бодови од три натпревари во групата 4 и е на првото место без разлика на исходот на дуелот помеѓу Фарски Острови и Ерменија.

За три дена го играме клучниот натпревар во групата и тоа на гости кај Ерменија.

Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот во Белград

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, објави Телеграф.

После тоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.

„Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.

Следува церемонија на потпишување на договорот со присуство на двајцата претседатели и обраќање до медиумите.

Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форумот што ќе се одржи утре попладне во хотелот „Хајат“.

притисни ентер