Бешлиев: Намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија

 Податоците кои ги добивме од Русија покажуваат дека е намалена трговската размена меѓу Македонија и Русија, изјави извршниот директор на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев.

Меѓудругото, ова намалување се должи на неповолната конкуренција на цените на раната зелка, кон почетокот на годината.

На денешната трибина и обука за македонски менаџери за „Особеностите на рускиот пазар и стратегија на успех (потенцијал, можности, реализација)“, Бешлиев посочи дека покрај тековите работи, трибината е организирана со цел да се најде решение за зголемувањето на трговската размена меѓу Скопје и Москва.

- Податоците што ги добивме од руска страна говорот дека имаме намалување на трговската размена за околу 9,7 отсто, при што македонскиот извоз бележи пад од околу 23 проценти, наведе Бешлиев, посочувајќи дека во првите шест месеци од минатата година вредноста на извозот бил 41 милион долари, а оваа година во истиот период е 31,1 милион долари.

Тој истакна оти тоа е показател дека треба да се алармира, да се разгледа што се случува и да се работи заедно со компаниите и со нивните партнери од Русија со цел да се најде модул како тоа да се поправи, уверувајќи дека состојбата и навистина ќе се промени.

- За размената во посочените бројки, не влегуваат енергенсите. Сепак вкупната размената што минатата година изнесуваше околу 201 милион долари, се надеваме до крајот на годината ќе биде приближно иста или ќе се надмине, рече Бешлиев.

На прашањето дали во намалувањето на размената меѓу Македонија и Русија има удел времената забрана за одредени производи, тој одговори дека причините се економски, напоменувајќи дека податоците се однесуваат само за почетокот на годината.

- Најголемиот „удар“ се почувствува при извозот на македонската рана зелка на почетокот на годината, кога благодарание на огромниот економски пазар и борбата на самиот руски пазар, конкурентноста на цените во дадениот момент не беше поволна. Поточно, кога македонската рана зелка чинеше околу 0,30 евроценти, Русите ја добиваа за 0,25 евроценти од Иран, а токму тоа беше една од причините за намалување на извозот, објасни Бешлиев.

Тој, сепак, истакна дека гледа потенцијал за подобрување на состојбата во однос на трговската размена, и тоа во производите што ќе донесат зголемена додадена вредност.

- Тоа е нешто што ќе ни помогне да го намалиме трговскиот дефицит со Русија, имајќи предвид дека се увезува нафта и гас, а тој дефицит е многу голем, заклучи Бешлиев.

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Американскиоот Сенат гласа за помошта за Украина

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Американскиот Сенат денеска треба да гласа за големиот пакет помош за Украина, што се очекува речиси сигурно да биде одобрен бидејќи Претставничкиот дом даде зелено светло за помошта со широка двопартиска поддршка по неколкумесечни расправи.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, чија партија тесно го контролира тој дом на Конгресот, во саботата рече дека „крајот на дебатата“ за пакетот помош сега е на повидок и дека договорот е „одреден“ за гласање во вторник.

„Задачата пред нас е итна. Повторно е на Сенатот да испише историја “, рече лидерот на републиканците во Сенатот, Мич Меконел.

Конечниот пакет, што предвидува 95 милијарди долари вкупна воена помош за американските сојузници, вклучително и пари за Израел и за Тајван заедно со 61 милијарда долари за Украина, се очекува да стигне кај претседателот Џо Бајден за негово одобрување до крајот на неделата.

Гласањето во Сенатот треба да оди непречено, без да мора да се справува со комплицираните преговори и несогласувањата со кои се занимаваше Претставничкиот дом под контрола на републиканците. /МИА

притисни ентер