Улицата кај Градски стадион ќе го носи името на норвешкиот дипломат Столтенберг

Улицата што ги поврзува Градскиот парк, Градскиот стадион и кејот на реката Вардар ќе го носи името “Улица Столтенбергова”, во чест на норвешкиот дипломат Торвалд Столтенберг.

Во знак на благодарност од Град Скопје и на скопјани за несебичната негова помош по катастрофалниот скопски земјотрес од 1963 година.

Ова беше соопштено на денешната свеченост по овој повод, а на која присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

- Во годината кога ја одбележуваме 55-годишнината од катастрофалниот скопски земјотрес, се збогувавме и со големиот пријател и почесен граѓанин на Скопје, Торвалд Столтенберг. Неговите заслуги во обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 се огромни. Скопјани го паметат по изградбата на детската болница во Козле, што е донација на кралствата Норвешка и Шведска, изградбата на норвешките бараки во Тафталиџе, како и координацијата на помошта на норвешкиот Црвен крст што пристигала во првите денови по земјотресот, рече градоначалникот Шилегов, на откривањето на таблата на улицата Столтенбергова.

Торвалд Столтенберг, нагласи Шилегов, направи многу за Скопје и за граѓаните на овој град, но она што го остави зад себе овој голем човек се мостовите на пријателство меѓу Македонија и Норвешка, изградени од солидарност и хуманост. Скопје, потенцира, секогаш ќе се сеќава на тие што му помогнале во неговите најтешки времиња.

- Токму затоа, оваа табла му ја подарувам на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за да знае дека тоа што го направи неговиот татко за овој град, никогаш нема да биде заборавено, нагласи Шилегов.

Генералниот секретар Столтенберг се заблагодари на градоначалникот Шилегов за оваа иницијатива и искажа задоволство што Скопје и неговите жители ги паметат напорите на неговиот татко во обновата на пост-земјотресно Скопје.

- Скопје имаше посебно место во срцето на татко ми, поради блискоста со градот по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Тој беше почестен од неговото прогласување за почесен граѓанин на Скопје и сигурен сум дека ќе му претставуваше голема чест што улица во Скопје ќе биде именувана по него, истакна Столтенберг.

Инзаги: Интер заслужено ги доби сите три натпревари откако го загуби градското дерби

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги даде свое видување за средбата со Торино.

Актуелниот италијански шампион синоќа го совлада Торино со 3:2 во домашниот натпревар од 7.коло на Серија А.

- Победивме три пати по ред откако го загубивме дербито со Милан. Не можам да му замерам ништо на тимот. Заслужено ги добивме сите три натпревари. Мора да се подобриме во одредени аспекти, секоја грешка скапо не чини. Сите знаеме дека мора да продолжиме да работиме во истиот дух, рече Инзаги.

Со 14 освоени бода, Интер се наоѓа на второто место во Серија А.

На 20 октомври Интер ќе гостува кај Рома во 8. коло./МИА

Бајден подготвува уште поголема помош за Украина пред крајот на мандатот

Американскиот претседател Џо Бајден разви нов план за Украина пред неговото заминување од функцијата, пишува порталот „Конверсејшн“.

Во статијата се наведува дека шефот на Белата куќа сака да остави наследство, а напредокот во поддршката на Украина може да биде неговата „последна победа“ која ќе се памети.

„Прво, тој сака да испрати јасна порака дека САД ќе ја поддржуваат Украина. Камен-темелник на ова беше состанокот во Белата куќа минатата недела меѓу Бајден, (потпретседателката Камала) Харис и (украинскиот претседател Володомир) Зеленски“, сметаат авторите на статијата.

Со ова, Бајден сака да покаже дека Киев останува главен приоритет за Вашингтон. Во исто време, тој сака да создаде слика дека американската поддршка ќе продолжи и на начин што ни (претседателскиот кандидат Доналд) Трамп нема да може да ја игнорира.

Бајден исто така работи на зголемување на воената помош за Украина, пишува порталот.

Бајден неодамна најави зголемување на воената помош за Украина во форма на пакет од осум милијарди американски долари. Средствата ќе обезбедат ново оружје за зајакнување на капацитетот на Украина за напади на долги растојанија, што исто така сугерира дека Бајден одобрува поофанзивна тактика против Русија./МИА

Антисемитизмот во САД порасна за 200 отсто за време на конфликтот Израел-Хамас

Во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти.

По нападот на палестинскиот Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година, во САД се регистрирани над 10.000 антисемитски инциденти, што претставува најголем број во една година, покажуваат прелиминарните податоци од истражувањето на Лигата за антидефамација (АДЛ).

Ова е највисок број на инциденти против припадниците на еврејската заедница, вклучувајќи злосторства од омраза, навреди, малтретирања и вандализам откако АДЛ почна да ги следи овие настани во 1979 година, пренесе Аксиос.

Бројот на овие инциденти е зголемен за повеќе од 200 отсто во споредба со истиот период претходната година.

Бројот на антисемитски, исламофобични и антиарапски инциденти драстично порасна за време на конфликтот меѓу Хамас и Израел, што предизвика остри реакции на колеџите низ САД. Најмалку 1.200 инциденти се случиле на универзитетските кампуси, додека 2.000 се забележани во еврејски институции.

- Американските Евреи од 7 октомври не знаат за мир, изјави извршниот директор на АДЛ, Џонатан Гринблат. Тој додаде дека, наместо тоа, се соочуваат со огромен број на закани и повици за насилство врз Израелците и Евреите.

По нападите, администрацијата на претседателот Џо Бајден презеде неколку нови иницијативи како одговор на растечкиот антисемитизам низ целата земја. /МИА

притисни ентер