Хелбах: Сега е моментот кога треба да се донесе вистинската одлука

Спогодбата со Грција е историско решение и сега е моментот кога треба да се донесе вистинската одлука затоа што во спротивно вашата земја може повторно да биде закочена на одреден начин, порача специјалниот претставник на германското МНР , Хелбах. 

Специјалниот претставник Кристијан Хелбах попладнево присуствува на тркалезната маса „Евроатлантска иднина за Македонија?".

- Вашата земја има евроатлантска перспектива. За жал, вашата европска интеграција предолго време беше закочена поради проблемот со името. Ова прашање трае многу подолго и тоа не само што ја врати вашата земја назад, туку беше многу болна и за нас. Кај нас постои интерес за приближување на вашата земја кон ЕУ и НАТО и тоа не само на вашата земја, туку и на целиот Западен Балкан и тој интерес е пред се од безбедносен аспект, истакна Хелбах.

Затоа, додаде тој, среќни сме, можам да кажам и воодушевени, од тоа што на вашата Влада и успеа да го реши спорот со Грција. - Ова е најдобрата вест што ја добивме во последните години од Западен Балкан и за нас е многу значајно оваа спогодба, која беше постигната, да биде спроведена, рече Хелбах.

Апелираше до сите граѓани и до политичките партии да не застанат на патот на земјата и да ја поддржат шансата којашто им се нуди.

- Вие за нас ќе останете Македонци, ќе зборувате на македонски јазик и сето тоа е загарантирано во договорот што беше постигнат. Сакаме да ве видиме и вие сте дел од Европа, порача Хелбах.

Германецот потенцираше не постои план Б и оти мора да се искористи шансата што постои и да се донесе вистинската одлука, додавајќи дека ЕУ не чека со отворени врати.

Прашан за неизјаснувањето на најголемата опозициона партија за референдумот, Хелбах рече дека не сака да се меша во внатрешните работи на земјата, но оти е многу важно сите да се вклучат во референдумот. Најави дека во следниот период Македонија ќе ја посетат германската канцеларка Ангела Меркел, како и министерката за одбрана, министерот за надворешни работи и државниот министер за ЕУ.

Велигденска честитка на Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх

„Не е овде! Воскресна! Еве го местото каде што го положија“ (Марко 16,6)

Со овие едноставни зборови, евангелистот Марко опишува како жените, во раните утрински часови, на првиот ден од седмицата, го откриле празниот гроб. Жените со страв го напуштаат местото, иако требало да знаат дека одамна пророците го објавиле настанот на Исусовото воскресение.

Но, како се случи тоа? Само три дена пред Исусовото воскресение, Петар се одрекол од Него. Три пати рекол дека не го познава човекот кој тврди дека е Месија, Спасител. Петар уште немаше сила да посведочи за Христа. А учениците кои после Исусовата смрт на крстот отидоа од Ерусалим во Емаус, го препознале дури кога го прекршил лебот за да јаде заедно со нив.

Учениците кои речиси три години го следеле Исуса, го слушале и ги гледале чудата што ги правел, не можеле веднаш да поверуваат. Уште еднаш требало да поминат низ школата на верата за да ја примат на крајот силата на Светиот Дух, со што ќе се ослободат од својата плашливост и ќе излезат од своето скривалиште и јавно ќе зборуваат за големите Божји дела. На крајот, ги положија своите животи за верата, а во служба на Радосната вест. Силата што ја примија ги одржуваше и ги поддржуваше, да не се плашат повеќе, туку да можат смело да сведочат за Христос, Спасителот на луѓето, кој умре со страшна смрт на крстот и кој воскресна. По воскресението, прво им се јави на учениците свои, а по четириесет дена се вознесе на небото и седна оддесно на Отецот, од каде пак ќе дојде во слава и ќе им суди на живите и мртвите. Оваа велигденска порака ни е предадена во Евангелијата и оттогаш таа се објавува, пренесува, објаснува и постојано се толкува веќе две илјади години.

Денес веќе не гледаме празен гроб на чија порака би можеле да и веруваме. Разните привлечни туристички аранжмани за велигденските празници ја одредуваат сликата за Велигден. Затоа не е лесно да ги откриеме трагите на воскресението во секојдневниот живот. Но, да се потсетиме дека ни учениците од Емаус не можеа да го препознаат Исуса додека беа со него на пат, затоа што очите им беа замрежила и го сметаа за туѓинец, но нивните срца гореа додека тој им го толкуваше Писмото. Го препознале во кршењето на лебот. Господ нека го разгори и нашето срце кога го читаме и слушаме словото Божјо за да можеме да го препознаеме воскреснатиот Христос на секое евхаристиско славење кога молиме: „Господи, Твојата смрт ја навестуваме, Твоето воскресение го славиме, Твоето славно доаѓање го очекуваме!“

На сите Ви посакувам Честит празник Воскресение Христово - Велигден!

Христос воскресе! Навистина воскресе!

Рашфорд може да го пропушти ЕП 2024

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да го пропушти Европското првенство во 2024 година, пишува „Телеграф“.

Според изворот на изданието, на селекторот на Англија, Герет Саутгеј не му се допаднал настапот на играчот.

За да добие место во формацијата на „трите лава“, фудбалерот мора да покаже подогри игри на претстојните натпревари.

Оваа сезона 26-годишниот Рашфорд одигра 35 натпревари, постигна 8 голови и 6 асистенции.

Словенија, Данска и Србија ќе играат против Англија во групната фаза на ЕП 2024. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Кумановска салата

Во четврток (28.03.2024) во емисијата гостин ни беше Нино Величковски.

Состојки за денешниот рецепт:

3 црвени домати

1 свежа краставица

1 главица кромид

1 морков

2 лажици лупен сончоглед

100 гр. сирење

балсамико, масло за јадење, сол по вкус

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер