Ристовска: Овој процес ќе испише историја и ќе остави силна порака

Случајот кој треба да разјасни кој и зошто го спровел масовното прислушување во земјава конечо ја почна судската разврска. 

На обвинителна клупа седнаа десетина лица меѓу кои и екс шефот на УБК Сашо Мијалков. Обвинетите негираа вина.

Случајот за масовното нелегално прислушување ќе ја испише новата историја и ќе остави силна порака за идните генерации. Вака обвинителката од СЈО Ленче Ристоска го почна воведниот збор за овој случај под кодно име Тврдина – Таргет. Детално опиша улогите и задачите на обвинетите и како дошло до злоупотреба на системите за следење на комуникациите.

Ќе докажеме дека Сашо Мијалков, Горан Грујевски и Надица Николиќ, раководени од желбата за сеопфатна контрола на протекот на информациите, а како би оствариле предност во политичката и бизнис сферата, формирале злосторничко здружување кое преку континуирана злоупотреба на системите за следење на комуникациите со кои располага УБК вршеле масовно нелегално прислушување.

Сите обвинети негираа вина. Адвокатите велат дека ќе ги побијат наводите на СЈО за кое што тврдат дека не е надлежно да постапува по случајот.

Претходно Мијалков бараше прекинување на постапката против него повикувајќи се на аболицијата од претседатлот Ѓорѓе Иванов. Судијката Џенета Бектовиќ денеска го отфрли ова барање образложувајќи дека судот веќе се изјаснил во други постапки.

Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда преговори за примирје во Газа

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху даде зелено светло за нова рунда разговори во Катар и Египет, чија цел е да се постигне примирје во Газа, соопшти денеска израелската Влада.

„Бенјамин Нетанјаху се сретна со директорот на Мосад (надворешното разузнавање на Израел) и директорот на Шин Бет (внатрешно разузнавање) и одобри продолжување на новата рунда разговори во наредните денови во Доха и Каиро“, се вели во владиното соопштение.

Се зголемува „Европскиот фронт“ на ДУИ

Се зголемнува Европскиот фронт на Ахмети.  Денес интергративците портпишаа договор за заеднички настап на изборите и со Движење на Турците за правда и демократија. 

Уште една турска партија се приклучи на Европскиот фронт на Ахмети. Отако потпишаа договор за предизборно коалицирање со Демократска партија на Турците, денеска интегративците ја официјализираа и соработаката со Движењето на турците за правда и деморкатија, чиј лидер Сулејман Баки ќе ја предводи пратеничката листа на ДУИ во ИЕ3. Од ДУИ се надеват дека со неговото номинирање за првпат ќе добијат пратеник во оваа изборна едница.

Откако вчера кон фронтот на Ахмети се приклучи и крилото на Села од Алијанса за албанците, кој порача дека очекува најмалку пет пратенички места на листите, Ахемти денеска потврди и дека токму Села ќе биде носител на листата во ИЕ5, а соработката ќе ја официјализират утревечер во Гостивар.

Вчера кон Европскиот фронт се приклучи и Унијата на Ромите на Курто Дудуш, а досега кон европскиот фронт на Ахмети се приклучија и ДПА на Мендух Тачи, Европската демократска партија на Арјанит Хоџа и Народното движење на Скендер Реџепи Зејд.

Уапсен е полицаец кој споделувал информации од истрагата за исчезнатата Данка (2)

Полицаец од полициската управа во Бор е уапсен поради давање информации за исчезнатата Данка Илиќ (2), соопштија за „Телеграф.рс“.

Не се знае кому дал информации од истрагата.

Тој не го поминал полиграфот.

На осомничениот му е одреден притвор до 48 часа.

Данка Илиќ исчезнала на 26 март годинава, а нејзината мајка го пријавила исчезнувањето во 13 часот и 45 минути.

Данка се уште не е пронајдена, а МУП бара да не се шират лажни информации.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, се уште е во полиција во Бор, објави Телеграф.

притисни ентер