Опасна замка: Паркирање во сува трева може да ви го уништи автомобилот!

Одредени делови од моторот и издувниот систем може да станат доволно загреани за да предизвикаат огин под возилото.

Површини со трева често служат како паркинг простор во близина на плажите или на концертите и други масовни собирања на отворено може да се претворат во опасни замки за време на топлите летни денови, предизвикуваат експертите за безбедност.

Во тест кој го спровела германската организација Декра, загреаниот катализатор предизвикал огин за само неколку секунди, а потоа набрзо се проширил на целиот автомобил.

Проблемот може да се јави кога паркирате на полиња со сува трева, но и покрај патот,а постои висока трева, во комбинација со високите температури на воздухот.

Малото растојание помеѓу долниот дел од возилото и земјата или нерамната подлога дополнително го зголемува ризикот од настанување на пожар. Затоа на возачите им се препорачува да избегнуваат паркирање ви висока и сува трева во текот на летниот период.

Северина со заводлива фотографија ја најавува новата турнеја

Северина со полна пареа се подготвува за нова турнеја.

Таа турнејата ја најави со заводлива фотографија на која позира во црн корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

„Подготвена за шоу“, најави пеачката со фотографијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ready for show🖤 #magictour #bajkazacijeluobitelj #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Во само половина час таа заработи преку 6.000 лајкови, а фановите во коментарите и не штедеа комплименти.

„Северина- најубава од Бомбај до Берлин“, „Преубава“, „Тооп“, се само дел од коментарите.

Славниот актер не сака да ја запознае својата ќерка

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој е познат по улогите во некои од најпознатите комедии има три деца со три различни жени.

Неговите фанови ги шокираше веста дека тој никогаш не ја запознал својата најмлада ќерка. Тоа го открила неговата поранешна девојка Варуние Вонгсвиратес за „Дејли Меил“.

 -Никогаш не ја запозна Лила. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не беше потребно. На Лила и треба татко. Иронично е што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја запознал, рекла таа.

Варуние на актерот му порачала дека треба да издвои време за својата ќерка.

-Треба да ја видиш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа баш како тебе, истакнала таа.

Славниот актер во почетокот не ни верувал дека Лила е негова ќерка, па побарал да направи тест. Но откако е докажано дека тој е навистина татко, пред судот изјавил дека не сака старателство над детето. Славниот актер редовно одржува контакт со синовите од претходните две врски.

Хали Бери и стана опасна конкуренција на Џеј Ло

Таа напорно тренира за нова улога.

Хали Бери на Инстаграм често ја покажува својата фигура, а овој пат ги покажа и стомачните мускули, со какви малкумина можат да се пофалат.

Таа напорно тренира за нова улога. Пред нејзе е снимање на ММА драмата „Bruised“, во која не само што глуми туку и режира. Иако редовно вежба и пази на исхраната, во последно време таа ги интензивирала тренинзите, а резултатите се и тоа како видливи.

-Една од моите цели за филмот „Bruised“. Дефинирани стомачни мускули. Денес конечно ги имама, а чувството е неверојатно, напиша Бери во описот на една од фотографиите и ги поттикна фановите да постават своите фитнес цели.

Резултатот се исплател, а очигледно е и дека Џенифер Лопез добива конкуренција, барем кога се стомачните мускули во прашање.

притисни ентер