Враќање во иднината – новиот FIAT 500X

Италијанскиот Фијат го унапреди својот кросовер 500X со нов изглед и технологија за да ги задоволи потрошувачите на ваков вид возила.

Фијат 500X е најопродаваниот модел во Европа во 2016 во својата класа и затоа производителот се потруди да го унапреди неговиот изглед со нови ЛЕД светла , ентериер и современа техничка опрема.

Не се заборавени ниту перформансите па новиот 500X доаѓа со трицилиндричен и четирицилиндричен турбо бензиски мотори на новата генерација , кои се за 20м проценти поекономични од досегашните и за исто толку потивки.

Новите турбо бензин мотори произведуваат 120 КС и имаат 190 Нм момент на вртење во комбинација со шестостепен менувач и погон на предните тркала. Четирицилндричниот мотор , пак , има 150КС и 270 Нм момент на вртење со шестобрзински ДЦТ менувач со двојно квачило и погон на предните тркала.

Новите мотори ја поминуваат и најстрогата контрола Еуро 6 Д за загадување на воздухот. Во автомобилот е вграден и систем за препознавање на сообраќајните знаци , како и предложена брзина.

Има и вградена помош при напуштање на лентата на патот.  Во 500X е вградена и најновата технологија со тач екран , Uconnect 7" HD LIVE. Фијат ги промовира новите 500X во две каросерии со три пакети опрема и тоа FIAT Urban, City Cross и Cross.

Северина со заводлива фотографија ја најавува новата турнеја

Северина со полна пареа се подготвува за нова турнеја.

Таа турнејата ја најави со заводлива фотографија на која позира во црн корсет, мрежести чорапи и високи потпетици.

„Подготвена за шоу“, најави пеачката со фотографијата.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Ready for show🖤 #magictour #bajkazacijeluobitelj #volimstosevolimo #ljubavseljubavljuvraca #severina

A post shared by Severina Kojic (@severina) on

Во само половина час таа заработи преку 6.000 лајкови, а фановите во коментарите и не штедеа комплименти.

„Северина- најубава од Бомбај до Берлин“, „Преубава“, „Тооп“, се само дел од коментарите.

Славниот актер не сака да ја запознае својата ќерка

Познатиот холивудски актер Овен Вилсон, кој е познат по улогите во некои од најпознатите комедии има три деца со три различни жени.

Неговите фанови ги шокираше веста дека тој никогаш не ја запознал својата најмлада ќерка. Тоа го открила неговата поранешна девојка Варуние Вонгсвиратес за „Дејли Меил“.

 -Никогаш не ја запозна Лила. Тој помага само финансиски, но тоа никогаш не беше потребно. На Лила и треба татко. Иронично е што Овен постојано во филмовите глуми татко, а сопствената ќерка никогаш не ја запознал, рекла таа.

Варуние на актерот му порачала дека треба да издвои време за својата ќерка.

-Треба да ја видиш својата ќерка. Неверојатна е, многу пропушташ. Изгледа баш како тебе, истакнала таа.

Славниот актер во почетокот не ни верувал дека Лила е негова ќерка, па побарал да направи тест. Но откако е докажано дека тој е навистина татко, пред судот изјавил дека не сака старателство над детето. Славниот актер редовно одржува контакт со синовите од претходните две врски.

Хали Бери и стана опасна конкуренција на Џеј Ло

Таа напорно тренира за нова улога.

Хали Бери на Инстаграм често ја покажува својата фигура, а овој пат ги покажа и стомачните мускули, со какви малкумина можат да се пофалат.

Таа напорно тренира за нова улога. Пред нејзе е снимање на ММА драмата „Bruised“, во која не само што глуми туку и режира. Иако редовно вежба и пази на исхраната, во последно време таа ги интензивирала тренинзите, а резултатите се и тоа како видливи.

-Една од моите цели за филмот „Bruised“. Дефинирани стомачни мускули. Денес конечно ги имама, а чувството е неверојатно, напиша Бери во описот на една од фотографиите и ги поттикна фановите да постават своите фитнес цели.

Резултатот се исплател, а очигледно е и дека Џенифер Лопез добива конкуренција, барем кога се стомачните мускули во прашање.

притисни ентер