Снимка на месецот: Land Rover Discovery влече камион со дури седум приколки!(видео)

Во ова видео Land Rover Discoveryја покажува силата која ја добива од дизел агрегатот кој има шест цилиндри и волумен  од три литри, кој произведува 600Нм обртен момент.

Land Rover ја демонстрирал способноста на нивните возила за влечење на други уште од 1989 година кога првиот Discovery влечел неколку вагони. Потоа минатата година модел Discovery повлекол три луксузни вагони кои биле тешки околу 100 тони. Меѓутоа, годинава Land Rover одлучил моделот Discovery да повлече дури 110 тони.

Автомобилот кој бил избран за овој несекојдневен подвиг бил од новата генерација на моделот Discovery опремен со агрегат со волумен од три литри кој има шест цилиндри и кој произведува 254 коњски сили и 600 Нм обртен момент.

Тој е избран да влече камион со седум приколки кој е долг дури 100 метри и тежок неверојатни 110 тони.

Градоначалникот на Загреб ја стави маската – на очи (ФОТО)

Градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ се најде на удар на критиките, откако неправилно ј носеше заштитната маска на прес-конференцијата на Кризниот штаб во Загреб.

Според загрепскиот портал „Днавник.хр“, Бандиќ покажал како маската не треба да се користи.

Порталот означува дека кога пристигнал на конференцијата, тој ја носел маската над устата, но не и над носот.

Потоа застанал зад подиумот и ја извади маската и повеќепати ја допираше однадвор со рацете.

После одговорот, ја врати на лицето, но над очите.

На крајот на текстот, Дневник потсетува дека обврската да носат маски е проширена во цела Хрватска, но ги повикува читателите да не го прават тоа како Бандиќ.

Ова не е прв сличен инцидент со маската на загрепскиот градоначалник.

Косово воведе задолжителен ПСР тест за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Владата на Косово денеска одлучи да воведе обврска за задолжително приложување на негативен тест РТ-ПЦР при влез во земјата за граѓаните од Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

На денешната видео-конференциска седница на Владата на Авдулах Хоти е одлучено дека тестовите со кои се докажува дека лицето кое влегува во Косово од трите земји не е заболено од Ковид-19 не треба да биде постар од 72 часа од времето на пријавување на граница.

Од оваа одлука се исклучени граѓаните од тие земји доколку влезат преку меѓународниот аеродром „Адем Јашари" во Приштина. Тие не треба да приложат негативен тест за новиот коронавирус, но се обврзани да потпишат изјава дека во рок од три часа ќе го напуштат Косово. Исто така и патниците кои го користат аеродромот за патување во трети земји немаат потреба од тест.

Превозниците кои влегуваат во Косово од споменатите земји немаат потреба од тестот РТ-ПЦР, но треба да ги почитуваат протоколите за меѓународен превоз. И организираните превозници на патници со автобуски или меѓународни транзитни линии од тие земји не треба да приложуваат уверение за негативен тест, но треба да потпишат изјава дека се обврзуваат да ја напуштат територијата на Косово во рок од 5 часа.

Ослободени од обврската за тестирање се и странските дипломати и нивните семејства, како и државјаните на Македонија, БиХ и Црна Гора кои имаат и косовско државјанство и живеалиште во Косово./МИА

Јужна Америка стана втор најпогоден регион во светот од коронавирусот

Јужна Америка и Карибите денеска станаа вториот најпогоден регион во светот во однос на смртните случаи од коронавирус, зад Европа, со повеќе од 144.000 официјално починати, објави АФП.

Со 144.758 смртни случаи од „ковид-19“ до денеска наутро, регионот ги надмина САД и Канада и е зад Европа, која има 202.505 смртни случаи.

Бразил е земја со најголем број со 72.100 смртни случаи, или скоро половина од сите во Јужна Америка.

По Бразил е Мексико (35.006), кој ја надмина Италија по број на жртви, а следат Перу (11.870) и Чиле (6979).

Во Јужна Америка се регистрирани повеќе од 3.370.000 случаи на инфекција, што ја става на второто место во однос на бројот на заразени, веднаш зад САД и Канада.

Според некои експерти, официјалниот број на жртви од „ковид-19“ во Јужна Америка е помал од реалниот.

притисни ентер