Нема веќе бензински пумпи , се градат електрични патишта од иднината

Шведска го претстави првиот пат од иднината , без бензински пумпи ,  а наместо тоа со систем за полнење електрични автомобили.

Патот , долг два километра ги поврзува аеродромот Арланда во главниот град Стокхолм со приградска населба. Додека вози автомобил по него ,му се полнат електричните батерии. Патот користи технологија на проводен полнач , така што енергијата се префрла од електричните шини инсталирани на патот во возилото со помош на рачка што се активира во него.

Тестовите на патот , полиен со солена вода покажаа дека по патот може да се оди пеш без опасност од струен удар. Полнењето се прекинува кога возилото застанува , а системот самиот ја пресметува потрошувачката на енергија на секое возило , па според тоа и цената што секој треба да ја плати за полнење.

Проектот е дел од програмата за намалување на користењето на фосилни горива , така што до 2030 би се намалила нивната потрошувачка и нивото на издувни гасови за 70 проценти.

Километар на ваков пат чини милион долари , а за само три години државата планира да изгради 20 000 километри вакви патишта низ целата Шведска.

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски, кој не се извини за говорот на омраза кон Силјановска.

Пендаровски не се извини за говорот на омраза кон професорката Силјановска, со тоа поттикнува таквото однесување да продолжи.

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а жените се рамноправни и не се предмет на исмевање како на митинзите на СДС.

Пендаровски е демократ само на хартија. Во реалноста е политичар кој за главна алатка го има говорот на омраза.

Пендаровски со самиот факт што не сакаше да се извини кон професорката Силјановска дава сигнал кон своите активисти да продолжат да ја навредуваат и омаловажуваат на полова и старосна основа.

Пендаровски со ова свое однесување само уште еднаш покажа зошто Македонија изминативе години со него и СДС стагнираше на секое поле од владеење на правото до економија.

Време е народот да си ја врати државата. Време е Македонија повторно да биде горда.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4.

Со денешниот извоз на последните три контејнери со околу 63 тони почва загадена со линдан од малата депонија во поранешната фабрика ОХИС во Скопје се финализира „ЛОТ“ 3 (Дел 3). Како што информираат за МИА од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), крајната дестинација на трите контејнери е во фирмата Indaver HIM Gmbh во Германија.

Воедно, денеска ќе бидат извезени и првите шест контејнери со отпад од линдан во вкупна количина од околу 120 тони од „ЛОТ“ 4. Крајната дестинација на овие контејнери е во фирмата Tredi Sv. Vulbas во Франција.

- За „ЛОТ“ 4 се обезбедени средства и се очекува во наредните два до три месеци тој целосно да биде реализиран. Останува уште да се обезбедат средства за „ЛОТ“ 5 со што целосно ќе биде расчистена малата депонија со линдан во кругот на ОХИС. Поголем проблем ќе претставува расчистувањето на големата депонија со линдан која опфаќа и делови од Пеленица за што ќе бидат потребни многу повеќе средства кои допрва треба да се обезбедат, велат од Државниот инспекторат за животна средина за МИА.

Нагласуваат дека во текот на денот главниот инспектор за животна средина Хусни Тачи ќе направи инспекциски надзор на малата депонија во ОХИС.

СДСМ:Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, оттука се навредите кон Пендаровски,Ковачевски

Силјановска е продолжена рака на Мицкоски, па оттука се навредите, коишто не штеди да ги упати кон Пендаровски и Ковачевски.

Ниските напади за мизогинија, личните дискредитации, навредите за интелектуални капацитети, со кои не може да се гордее ниту еден политичар, само потврдуваат дека кај Силјановска, Мицоски и ДПМНЕ расте паниката од пораз на изборите, најавен уште кога не успеаја да соберат доволно потписи за поднесување на кандидатурата на Силјановска за претседател.

Силјановска и Мицкоски немаат што да кажат за програма, план и визија за иднината на државата и на граѓаните, па затоа упатуваат навреди кон Пендаровски и Ковачевски.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата режимска партија, која сее раздор, навреди, омаловажувања и закани, која на граѓаните може да им понуди враќање во минатото и изолација.

Граѓаните сакаат напред, сакаат да живеат во европска Македонија, затоа на изборите ќе го дадат својот глас за европска иднина со СДСМ и Стево Пендаровски.

СДСМ

притисни ентер