ПСЖ ќе се штити од Барселона со тужба во ФИФА

ПСЖ изрази незадоволство од однесувањето на Барселона, која ова лето беше заинтересирана за играчот на францускиот клуб Адријан Рабио.

Како што објавија шпанските медиуми, ПСЖ веќе испратил официјален допис до шпанскиот клуб во кое се наведува дека се подготвени да се жалат во ФИФА.

Францускиот клуб е незадоволен од фактот дека Барселона започнала да води директни преговори со нивниот играч, иако според правилата на ФИФА тоа е можно само во последните шест месеци од договорот.

Меѓутоа, во шпанскиот клуб биле збунети од дописот, бидејќи во почетокот на јули го известиле раководството на ПСЖ дека се заинтересирани за Рабио. Од друга страна во ПСЖ веруваат дека Рабио одбил да го продолжи договорот со нив по интервенција на Барселона.

Според шпанските медиуми Рабио, следната година по истекот на договорот со ПСЖ, како слободен играч ќе се пресели во Барселона. Во меѓувреме интерес за него пројавија и Јувентус и Милан.

Тренчевска: Европска иднина е иднината на нашата држава

Коносителката на листата за пратеници во изборна единица 4, Јованка Тренчевска на граѓанскиот митинг во Општина Гевгелија зборуваше за детската заштита и опфатот на децата во градинките.

„Во 2016 година затекнавме детска заштита со опфат на деца во градинките од само 25%, куп лажни ветувања и сон за брза изградба на 100 градинки од нашиот бегалец во Будимпешта. Од 2017 година до денес , владата предводена од Социјал-демократскиот сојуз отвори 84 нови градинки и опфатот на деца го зголеми на 48%! Вие сте сведоци сте нашето вложување во доградбата на детската градинка „Сончогледи“ во Општина Гевгелија со капацитет од 135 деца, но и на една од најубавите сензорни соби во нашата држава токму во оваа градинка, за обезбедување инклузивност и грижа за секое наше дете. Вложивме и во објектот „Развигорче“ во село Прдејци и овозможивме предучилишно образование за 20 деца. Тоа е нашата посветеност“ изјави Тренчевска.

Таа посочи дека СДСМ во наредниот мандат се обврзува опфатот на деца во градинките да го зголеми на 70%. И посочи дека чекор кон тоа ќе бидат 14 нови градинки кои ќе бидат отворени во 2024 година.

„Нема откажување од иднината, продолжуваме заедно и непоколебливо до членство во Европската Унија во 2030 година!“ истакна Тренчевска на крај од нејзиното обраќање, се наведува во партиското соопштение.

Др. Филипче од Гевгелија: Како пратеник ќе останам достапен за грижите и за идеите на граѓаните

Дочекан со аплаузи и овации, носителот на листа на Изборна единица 4, д-р Венко Филипче го отвори централниот караван за парламентарните избори на СДСМ и Коалицијата за европска иднина кој попладнево започна во Демир Капија и Гевгелија.

Во своето вечерно обраќање во Гевгелија д-р Филипче говореше за своите лични заложби како пратеник во Собранието и вети дека како претставник на граѓаните во идното Собрание ќе остане достапен за нив, за нивните грижи, маки, но и идеи и предлози.

„Јас како лекар и неврохируг знам колку е важно да им бидеш достапен на граѓаните кога им треба. А така треба да биде и во политиката. Контактот со граѓаните и грижата за нивните проблеми не смее да заврши на денот кога ќе завршат изборите“, рече Филипче.

Тој додаде и дека како лекар не прави разлика меѓу луѓето од различна етничка, религиозна или политичка припадност, а така ќе се однесува и во политиката. „Бидејќи пред сè сме луѓе, па потоа сè друго“, потенцираше д-р Филипче.

Тој пред присутните граѓани и симпатизери се осврна и на сработеното во последните 7 години и рече дека политиките кои ги водеше СДСМ се дефиниција за лидерство и патриотизам.

„Го вложивме секој денар за да ги поддржиме семејствата и компаниите во економската криза. Го вложивме секој атом енергија да ги лечиме и спасуваме луѓето во Ковид кризата. Ги донесовме сите мерки да ги намалиме трошоците на родителите да имаат повеќе за своите деца. Ние со дигната глава можеме да кажеме дека СДСМ водеше исправни политики во интерес на сите граѓани во услови на светска дестабилизација. Тоа е дефиниција за лидерство и патриотизам.“, порача Филипче.

На крајот од своето обраќање носителот на Изборна единица 4 Венко Филипче истакна и дека СДСМ има чесна понуда и нуди јасна визија за иднината во која Македонија економски расте во Европската унија и иднина во која оние кои заминаа ќе сакаат да се вратат во оваа држава која ќе нуди еднакви услови како развиените земји.

„На сите оние кои можеби решиле да се пасивизираат или се незадоволни. Сега е време за размислување со ладна глава, бидејќи одлуките денес имаат големи последици на иднината. СДСМ е партијата која секогаш е на вистинската страна на историјата, која и кога греши не скршнува од вистинскиот пат. Затоа повикувам на масовно обединување кое значи само подобра иднина и сигурен пат напред. А јас, Венко Филипче, лично ветувам дека во мене секогаш ќе имате партнер и другар а мојата врата ќе биде отворена за сите“, заклучи Филипче, се наведува во партиското соопштение.

Најмалку 14 загинати и 20 повредени во сообраќајка во Бангладеш- камион удри во рикши

Најмалку 14 лица загинаа, а 20 се повредени во сообраќајна несреќа кога камион удри во неколку рикши во јужниот бангладешки округ Џалакати.

Шест лица загинале на лице место во несреќата што се случила во 02:00 часот по локално време, а останатите осум починале во болница, извести полицијата, пишува бангладешската државна агенција БСС.

Во акцијата за спасување учествувале три единици на противпожарната служба, а во несреќата се повредени уште 20 лица.

притисни ентер