Светска премиера: Дали овој автомобил вреди 5 милиони евра?(видео)

Играчка за богатите.

Bugatti Divo е нова играчка за најбогатите чии волшепства ќе ги искусат само најхрабрите љубители на трки.

Злобниците ќе кажат дека се работи за „туниран“ Chiron, па дури и уште еден помалку маркетиншки трик на кој Bugatti сакал да добие на ексклузивност и дополнителна заработка. Оние другите може да слават, затоа што по се изгледа дека Бугати успал да направи мало чудо, а тоа е да брутално силен автомобил со не мала маса го направи брз на пистите.

Притоа во Бугати нагласуваат дека со Chiron малку нешта се заеднички. Тешко, затоа што веќе силуетата на автомобилот го открива познатото потекло, сега со ново лице. Велат и дека новиот дизајн на автомобилот е со добра причина, а тоа е за да се подобри стабилноста на возилото. И Диво се држи до асфалтот со дополнителни 90 кг потисна сила. Друг драстичен напредок е направен во подрачјето на ладење на сопирачките со воздух.

Bugatti Divo има почетна цена од пет милиони евра и сите 40 примероци се однапред продени, на невидено. А на тестирањето бил побрз од Chiron за само 8 секунди.

Спасовски: Исправивме многу неправди за три години

Прва работа по формирањето на Владата ќе биде расчистување со груевизмот во праводуството што ги бранел криминалците, да излеземе на гласање и да заокружиме 3, за сигурна правда. 

Покажавме дека знаеме да се бориме за правдата и сруживме режим. Исправивме многу неправди, овозможивме луѓето слободно да се изразуваат, вработуваат, да ги остваруваат своите права што им следуват по закон. Следува расчистување и во правосудството кое работи според нарачки од груевизмот, се некои од пораките на носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, на вечерашната централна граѓанска трибина на коалицијата Можеме, во Скопје.

„Денеска бев во моето родно Куманово, имав многу средби и со млади луѓе, ми остави впечаток еден говор на еден млад човек, кој рече -`се ова што го бараат моите врсници е базирано на слобода. И сега ми одѕвонува во мислите. Сработивме и на полето на правдата и полето на правичноста.

Денес нема одлука некој како Томче Кежаровски, да го ставите во затввор за напишан текст – тоа никогаш повеќе нема да го дозволиме.

Правда е да го решите прашањето на 12.000 стечајни работници да земат по 8.000 денари за егзистенција.

Правда е текстилните работнички наместо 6.000 илјади плата, да земаат 14.500 денари.

Правда е и да не ви се закануваат и уценуваат - да добиете работно место какво што заслужувате, а не преку партиска книшка.

Правда е и да не ве апсат со пиштол во уста како Љубе - и тоа никогаш повеќе нема да се случи" посочи Спасовски.

Тој рече дека денес е правда и да не се носат одлкуки по принципот „Ало судија" и неправедно да се разрешуваат судии како што се случи со Виолета Дума.

„Но ќе се случи разрешување на сите судии кои работат со нарачки од остатоците од груевизмот. Ред дицсиплина и правда е еден од нашите столбови на којшто се обврзуваме.

Мора да има ред во институциите, во администрацијата, мора да има и дисциплина, да се почитуваат законите" рече Спасовски кој додаде дека правдата се зацврстува со донесениот Закон за јавно обвинителство што стапи на сила, а за којшто режимот претставен преку Мицкоски правеше `се што е можно за да не се донесе.

„Сите криминалци да одговараат беше нашата цел и со овој закон успеавме во тоа. Првата работа што ќе ја направиме - ќе ја испитаме имотната состојба на секој судија и јавен обвинител, колку имале и колку имаат. Правда е и да бидат разрешени судии по автоматизам кои намерно застаруваат предмети. Ќе има и ревизија во работењето на 5 проценти од судиите, по случаен избор – како и на кој начин пресудиле, дали правдата била пресудна или се јавиле Михајло, Филимена, Груевски или некој друг од режимот", најави Спасовски.

Тој повика да излеземе на изборите на 15 јули затоа што се носи важна одлука.

„Изборите се безбедни. Секој знае дека оваа коалиција Можеме, предводена од СДСМ, е сигурниот иден победник на 15 јули, но работата не е завршена сега, ќе биде завршена на во 21 часот во среда, да излеземе сите заедно и да гласаме за Можеме и број 3, за победа" порача Спасовски од граѓанската трибина вечерва во Скопје.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Јанушев од Берово: Заев и СДСМ жестоко ќе паднат

Народот е цврсто решен да победи и да се ослободи од тригодишната  тортура

Три ипол години живееме во време на криминал, корупција, уцени, закани, тортура од страна на Заев и СДСМ кон сопствениот народ. Но, доста е! Сите заедно сплотени почнувајќи од овде од Берово ќе издвојуваме голема победа за Македонија. Победа за почеток на обновата на нашата држава, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3 Игор Јанушев на вечерашната средба со беровчани.

Ги слушам овие од СДСМ како продолжуваат бесрамно да лажат. Љупчо Николовски бега од мене и не сака да се соочиме на дуел. Па ја праќа Шехпаска и ја слушам како лаже. Нели ве убедуваше ви ветуваше дека ќе го отвори граничниот премин. Па пред некој ден се обидуваше да ја излаже целата македонска јавност дека таму се работело, или готово било и не знам што. Но, вие сите видовте дека тоа се само манипулации. Па како они вложиле во здравството. Не знам со кое лице не знам како можат да продолжат тоа да го зборуваат. Се фали како тие вработувале. Да. Ама кого? Само нивните золви, снаи и луѓе од нивните семејства. Сите ќе одговарате за криминалот кој го правевте. Или неуспехот на Николовски со зелената нафта. Преѓеска еден човек, земјоделец ми вели ми дадоа 971 денар за зелена нафта. Не ја зел, ми вели. Немам потреба тоа е потценување. Не можам да орам ни половина ден со таа нафта, вели земјоделецот. Затоа драги беровци тие ќе паднат. И тоа нивното можеме ќе биде минато свршено време и никогаш повеќе нема да го слушате, порача Јанушев.

Тој пред беровчани вети дека токму Христијан Мицкоски кој ќе биде премиер ќе ја сече црвената лента кога владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го направи граничниот премин Клепово.

-Се обврзуваме дека од првиот ден ќе започнеме да ја работиме документацијата за Коридорот 8а. На секој млад што ќе сака да се занимава со земјоделие, ќе му овозможиме 20 илјади евра неповратни средства за опрема и механизација. Затоа заедно сплотени, да излеземе на 15-ти јули, масовно референдумски и да си го вратиме достоинството , да бидеме горди македонци, заврши Јанушев.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ѓоргевски: Одлуката Аја Софија да стане џамија е шокантна

Какви ефекти може да предизвика одлуката во Турција и кое е значењето на Аја Софија?

Андријана Лазова одговори побара од верскиот аналитичар, Бранко Ѓоргевски.

притисни ентер